Рецензии

Рецензија: Бугарските медиуми критикуваат а Софија одбила помош за поплавите

на 8. 07. 2014 | |
Поплавите во Бугарија беа повод одново да видиме каков неред се создава кога место комплетна информација на некоја тема, во случајот со хипотетичката помош на земјава на постраданите подрачја на Бугарија, медиумите плетат цела „опашка“ од полуточни вести, преземјаќи ги потоа едни од други, од кои во крајна линија ништо не може да се разбере, а уште помалку да се цитира како извор на сознанија. Линк до оригиналниот напис: Бугарските медиуми критикуваат а Софија одбила помош за поплавите Датум и време на објавување: 24.06.2014, 18:05 Датум на рецензирање:07.07.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Дел од бугарските медиуми пишуваа дека веста за природната катастрофа во Бугарија не била соодветно третирана од нивниот западен сосед. Воедно, се наведува и дека очекувале од граѓаните на

Рецензија: Порталите финансирани од Сорос ширеа параноја по протестите за „Монструм“

на 8. 07. 2014 | |
Во вакво време-невреме да се пласира теза дека: Во голема мера полугата на Сорос (портали и интелектуалци кои се финансирани од нив) потпомага во ширењето тензија поврзано со протестите околу случајот „Монструм“. … е крајно, во најмала рака да речеме, несериозно. Во моментов кога причините за протестите (кои ниту малку не се безопасни) се сосема од друга природа, а вината да се бара во медиуми, невладини организации и интелектуалци е лошо и штетно и за државата и за граѓаните. Овој текст го прави токму тоа. Спинува. Не знам само дали постои свест што се прави со ова? Или, пак, немоќта на институциите да се справат со новонастанатата ситуација сега се покрива со дефокусирање од вистинската тема. Линк до оригиналниот напис:

Рецензија: Милчин и соросоидите го поддржуваат палењето во Чаир

на 8. 07. 2014 | |
Веста за чинот на палењето на постерот со фотографија на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, секој го „лајкува“ на друг начин и тоа е индивидуално право на поединецот кога реакцијата е на социјалните мрежи. Ако медиумот таквата реакција ја извади од контекст и со измислени конструкции ја стигматизира, сатанизира јавната личност, во овој случај првиот човек на Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ), Владимир Милчин, тогаш тоа не е ништо друго туку злонамерен напад со политичка заднина и е спротивно на сите етички норми, стандарди и Кодекси на однесување на новинарите. До моментот на објавување на написот и 17 други граѓани реагирале на настанот на сличен начин и го „лајкувале“. Тие ни криви, ни должни се сатанизирани како поддржувачи на

Рецензија: Другарот Заев не сакал власт, сакал слободен избор?!

на 7. 07. 2014 | | sq
Како да се упропасти новинарски извештај во три чекори? Прв чекор: ставаш во наднасловот прашање како теза. Втор чекор: ставаш наслов кој иронизира и дополнително прашува. Трет чекор: Го отвораш текстот со коментари и пристрасни констатации со кои се нафрлаш врз носителот на темата на новинарскиот извештај и – си завршил работа. Сѐ што потоа следува е врамено во овие први три чекори. Тоа во пропагандата се нарекува фрејмување – кога авторот ја определува рамката на текстот во која „влегува“ содржина која е определена од таа рамка. Тоа, накусо е случајот со текстот што го рецензираме. Линк до оригиналниот напис: Другарот Заев не сакал власт, сакал слободен избор?! Датум и време на објавување: 04.07.2014 Датум на рецензирање: 07.07.2014 Рецензент: Зоран

Рецензија: Смртоносниот азиски стршлен стигна во Македонија-виден во Кавадарци

на 7. 07. 2014 | |
Оваа рецензија, меѓу другото, може да биде поткрепа за дополнување и допрецизирање на некои одредби на Кодексот на новинарите на Македонија, кои би се однесувале на свесно создавање паника, страв и вознемирување на граѓаните. Како под диригентска палица некои медиуми со серија од 32 написи Како да се препознае азиски стршлен беспотребно создадоа паника, плашејќи ги граѓаните со „Смртоносниот азиски стршлен кој пристигна во Македонија-виден е во Кавадрци“.
Рецензираме еден од нив, кој во ширењето страв и паника, отишол најдалеку.

Линк до оригиналниот напис: Смртоносниот азиски стршлен стигна во македонија-виден во Кавадарци Датум и време на објавување: 02.07.2014, 14:46 Датум на рецензирање: 04.07.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ВО СТРАВОТ СЕ ГОЛЕМИ ОЧИ

Застрашувачката вест за неколку дена се прошири со

Рецензија: Македонија во топ 8 светски туристички дестинации

на 7. 07. 2014 | | sq
Сосема е во право нашиот читател кога побара „третман“ од Сервисот за проверка на факти во медиумите за медиумската содржина што е предмет на оваа рецензија. „Нема линк од оригиналната вест ниту информација за тоа кој портал го направил рангирањето и врз основа на кои критериуми. Како читател се чувствувам измамено бидејќи потрошив 5 минути од своето време мислејќи дека ќе прочитам атрактивна и релевантна информација.“ Освен што веќе стануваат сѐ почести реакциите на корисниците кога станува збор за вакви непрофесионално срочени текстови, што зборува за една медиумски еманципирана публика, нашиот читател е во право за сите точки во неговиот приговор на овој текст. Линк до оригиналниот напис: Македонија во топ 8 светски туристички дестинации Датум и време на објавување:

Рецензија: Пендаровски повторно со навреди за граѓаните – за него тие се корумпирани

на 7. 07. 2014 | | sq
Пред нас е еден тенденциозен, манипулативен и спинерски текст. Со овој наменски скроен производ на јавноста ѝ се подметнува конструкција дека  претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, ги навредил македонските граѓани, наводно, нарекувајќи ги корумпирани. Всушност, искористен е фрагмент од дваесетина секунди од неговиот настап на трибината  насловена: „Што да се прави за повторно освојување на слободата“ и притоа уште во првата реченица  се пласира невистинита информација дека Пендаровски рекол: „Македонецот е корумпиран, смета претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.“ Со што, фактички е  направена суштинска повреда на новинарскиот Кодекс , односно прекршена е преамбулата каде е  наведено дека „основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината “.
Линк до оригиналниот напис: Пендаровски повторно со навреди за граѓаните –

Рецензија: Кочанка се отру со етиол – Ја избркале од бурекџилницата во која работела

на 7. 07. 2014 | |
  Пред нас имаме текст кој се занимава со исклучително комплексна тема. Известувањата за самоубиство во новинарството отсекогаш биле предизвик за тоа како и до колку треба да се известува за еден ваков настан. Таа проблематика најдобро ја има разработено м-р Жарко Трајаноски во анализата: Како (не) треба да се известува за самоубиство: Препораки и примери. Во овој текст само ќе посочиме каде се направени грешките и зошто написот е се нашол на рецензија. Линк до оригиналниот напис: Кочанка се отру со етиол – Ја избркале од бурекџилницата во која работела Датум и време на објавување: 03.07.2014, 08:06 Датум на рецензирање: 03.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПРЕДОЗИРАЊЕ

Најверојатно настанот и се случил тоа така како што е напишано. Но, дилемата

Рецензија: Сорос го руши и корумпира цивилниот сектор во државата

на 4. 07. 2014 | | sq
  Да не беше трагично ќе беше смешно, а можеби да не беше смешно ќе беше трагично. Тоа би бил кусиот опис на конкретниот „медиумски производ“, се разбира, со негативен предзнак. Во само 22 редови се успеало да се прекршат безмалку повеќето членови на Кодексот на новинарите. Манипулација, извртување на фактите, дезинформација, заблудување на јавноста се само некои од елементите присутни во овој текст. Линк до оригиналниот напис: Сорос го руши и корумпира цивилниот сектор во државата Датум и време на објавување: 01.07.2014, 13:36 Датум на рецензирање: 02.07.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

СПИН И МАНИПУЛАЦИЈА СО БРОЈКИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ

Овде станува збор за случај на намерна злоупотреба на резултатите од една анкета за своевидна медиумска пресметка со невладина организација која

Рецензија: Венизелос одлучен – Грција останува главна пречка за евроатлантските интеграции на Македонија

на 4. 07. 2014 | |
Ставање сопствени мисли или зборови во туѓа уста – можеби тоа би било најсоодветното објаснување за овој текст. Тоа, пред сѐ, доаѓа до израз во насловот за кој, откако ќе се прочита целиот напис, лесно се увидува дека е, во најмала рака, несоодветен и некоректен. Дополнително, „тежината“ на непрофесионалниот пристап се зголемува со фактот што тема на текстот е проблемот за името – прашање за кое домашната јавност е исклучително чувствителна и на кое, барем според мене, новинарски треба да му се пристапува, колку и да е тешко, внимателно и аргументирано, а не хушкачки. Линк до оригиналниот напис: Венизелос одлучен – Грција останува главна пречка за евроатлантските интеграции на Македонија Датум и време на објавување: 30.06.2014, 14:48 Датум на рецензирање: