Рецензија: Другарот Заев не сакал власт, сакал слободен избор?!
Објавено во Рецензии
on 7 - 07 - 2014 Автор: Зоран БојаровскиКако да се упропасти новинарски извештај во три чекори? Прв чекор: ставаш во наднасловот прашање како теза. Втор чекор: ставаш наслов кој иронизира и дополнително прашува. Трет чекор: Го отвораш текстот со коментари и пристрасни констатации со кои се нафрлаш врз носителот на темата на новинарскиот извештај и – си завршил работа.
Сѐ што потоа следува е врамено во овие први три чекори. Тоа во пропагандата се нарекува фрејмување – кога авторот ја определува рамката на текстот во која „влегува“ содржина која е определена од таа рамка.
Тоа, накусо е случајот со текстот што го рецензираме.
Линк до оригиналниот напис: Другарот Заев не сакал власт, сакал слободен избор?!
Датум и време на објавување: 04.07.2014
Датум на рецензирање: 07.07.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
Инаку, потоа, телото на извештајот ги содржи сите потребни елементи: бекграунд, парафрази, атрибуција, односно припишување на делови на текст или цитати на соодветни актери во сторијата, описи… Но, сето тоа е веќе фрејмувано од насловницата и воведните елементи на сторијата и тој јазик и тон на коментирање и пристрасност превладува во целиот текст.
Згора на сѐ, односно, да бидеме попрецизни, најдолу на текстот е додадено парче од коминикето на ривалската и владејачка партија со која се затвора рамката со канонада, сосема прилежна на партиски говор и комуникација, но сосема несоодветна како професионална новинарска постапка која го крши правилото на дистанца од политичките субјекти, како што наведува членот 14 од Кодексот на новинарите.
„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“
Во овој случај, однапред поставената рамка на содржината на текстот ја укинала дистанцата и читаме пристрасен текст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови