Рецензија: Македонија во топ 8 светски туристички дестинации
Објавено во Рецензии
on 7 - 07 - 2014 Автор: Зоран БојаровскиСосема е во право нашиот читател кога побара „третман“ од Сервисот за проверка на факти во медиумите за медиумската содржина што е предмет на оваа рецензија.
„Нема линк од оригиналната вест ниту информација за тоа кој портал го направил рангирањето и врз основа на кои критериуми. Како читател се чувствувам измамено бидејќи потрошив 5 минути од своето време мислејќи дека ќе прочитам атрактивна и релевантна информација.“
Освен што веќе стануваат сѐ почести реакциите на корисниците кога станува збор за вакви непрофесионално срочени текстови, што зборува за една медиумски еманципирана публика, нашиот читател е во право за сите точки во неговиот приговор на овој текст.
Линк до оригиналниот напис: Македонија во топ 8 светски туристички дестинации
Датум и време на објавување: 28.06.2014, 11:32
Датум на рецензирање: 03.07.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
Секој може да се посомнева во вистинитоста на оваа информација зашто таа ги нема елементарните референци што треба да ја потврдат: линк до изворникот, односно креаторот на оваа листа на наводни светски дестинации.
За волја на вистината, медиумот што ја објавил веста ја презел веста од друг портал, кој, пак, истата вест ја презел од некој српски интернет медиум. Тоа, сѐ уште не ја прави оваа информација веродостојна, бидејќи сѐ уште го немаме изворникот.
Овој суштествен елемент ја прави информацијата пристрасна што не е одлика на еден одмерен, објективен пристап, соодветен на професионален журналистички став.
Уште во првиот член на Кодексот на новинарите се нагласува:
„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.“
Ова не е информација која не може да се провери, ниту, пак, има причина да не се објави изворот. Напротив, тоа ќе му дадеше тежина и веродостојност на овој текст. Вака, сенешто може да си помисли човек.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
Не може да се утврди
некреативен
несензационален
соодветен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови