Рецензии

Рецензија: Останува тајна каде Заев летувал во Грција

на 25. 08. 2014 | |
Пред нас имаме писание скарано со фактите, а добро спријателено со спинот. На прв поглед текстот го „красат“ неколку нелогични и контрадикторни реченици, испишани едно по друго, поради што уште повеќе се забележува нивната фактичка неконзистентност. Се забележуваат и неколку обиди пристрасно да се претстави одморот на Заев како лукзусирање, а тоа се прави не со факти, туку со спинување и со претпоставки на тој што го пишувал текстот: Инаку во јавноста е познато дека политичарите кои летуваат во Грција обично ги посетуваат монденските места како Санторини, Родос, Крф каде покрај песочните плажи има хотели со по 5 звезди, базени, аква паркови, сауни и додатни реквизити за забава кои што чинат многу пари. Хотели со пет ѕвезди има во секое

Рецензија: Голема ајкула уловена на Халкидики Грција

на 23. 08. 2014 | | sq
Случајно или намерно, во текстот кој го рецензираме е направена сериозна материјална грешка која му дава сосема друга – застрашувачка конотација и може да ги доведе во заблуда читателите. …„на само 26 метри од плажата Касандра уловена е ајкула“. Иако се работи за обична фото-вест, вака како што е пласирана личи на намерна конструкција луѓето да не одат на летување во Грција бидејќи на 26 метри од плажата има ајкули. Линк до оригиналниот напис: Голема ајкула уловена на халкидики Грција Датум на објавување: 19.08.2014 Датум на рецензирање: 20.08.2014 Рецензент: Александар Писарев  

КОГА ПРЕПИШУВАТЕ – ЧИТАЈТЕ ТРИПАТИ

Веста која ја рецензираме не е оригинална и преземена е од некој регионален портал без да се наведе изворот. Со сурфање

Рецензија: Децата на Амишите се поздрави оти јадат незагадена храна

на 21. 08. 2014 | |
Многу интересна е медиумската содржина за рецензија што ни пристигна како предлог од читателка на Сервисот за проверка на фактите од медиумите. Од два аспекта: прво заради тоа што се работи за рециклирање на вест и истражување старо две години и второ, што е уште поинтересно, што на оваа рециклирана содржина ѝ се додава нешто што не постои ниту во објавените вести во 2012 година, ниту, пак, во истражувањето врз основа на кое се генерирани вестите и тогаш и годинава. Се работи за вест која се повикува на една студија на швајцарски научници кои утврдиле дека децата на Амишите се многу поотпорни на алергиите од нивните врсници кои живеат во вообичаени заедници на европскиот континент. Линк до оригиналниот напис:

Рецензија: Истражување во Полска потврди: Вакцините немале никогаш никаква корист

на 21. 08. 2014 | | sq
  Целосно отсуство на почитување на професионалните стандарди и етичките правила обично доведува до ваков „новинарски“ продукт, каков што одвреме, навреме, може да се сретнете во излозите на македонските информативни портали.  Вест која не само фигуративно, нема ни почеток ни крај, а која поради влијанието што го имаат медиумите, може да има широки последици по здравјето на луѓето. Ова е еклатантен пример на неодговорно постапување во професијата. Кога останува неказнет (од уредник, сопственик, од еснафско или друго надлежно тело), служи како показен пример за мултипликација на неодговорноста и ја покажува сета леснотија на пишувањето, ширењето информации/дезинформации, на опстојувањето на глупоста во нашето современо новинарството… Линк до оригиналниот напис:Истражување во Полска потврди: Вакцините немале никогаш никаква корист Датум и време на

Рецензија: Плоштадот Македонија меѓу петте најдобри во светот

на 21. 08. 2014 | |
Постојаната потрага по текстови кои изнесуваат било какви позитивни впечатоци за земјава, ни донесоа и вест за еден прилог во странски он-лајн туристички магазин за Плоштадот Македонија. Таа вест доживеа објавувања и преобјавувања во речиси сите медиуми во земјата, но сите со наслови кои сугерираа сосема поинаков впечаток отколку што самиот прилог навистина им го нуди на читателите. Линк до оригиналниот напис: Плоштадот Македонија меѓу петте најдобри во светот Датум и време на објавување: 14.08.2014, 17:57 Датум на рецензирање: 19.08.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Плоштадот Македонија, еден од најатрактивните пет во светот. Во репортажата на американсиот интеренет сајт – Travel puls, со наслов ’Петте градски плоштади кои морате да ги видите, за да ги доживеетe’, страница на која може да се

Рецензија: Повисоки плати и пензии за подобар стандард

на 20. 08. 2014 | |
Повторно се сретнуваме со обид за анализа во чиј центар лежи споредба на економски показатели и повторно се сретнуваме со истиот проблем – несоодветни и нерелевантни, односно погрешни споредби од кои лесно можат да се извлечат, исто така, погрешни заклучоци. Покрај ова, се сретнуваме и со постапка на селективен избор на податоците: се избираат и дискутираат оние податоци кои покажуваат раст, односно позитивен развој, а се избегнуваат или прескокнуваат оние податоци кои имаат пад. Генерално, се избираат позитивните податоци, а се избегнуваат негативните. Ова во сериозна анализа не би смеело да се прави. Заклучоците што се извлекуваат после ваквиот пристап кон податоците ги симплифицираат и ги сведуваат работите на црно и бело, иако во многу ситуации тие се некаде измеѓу

Рецензија: СДСМ развива масовен туризам, цело раководство летува во Грција

на 19. 08. 2014 | |
Ова е текст кој сака да наметне тема и во еден кош да стави цело раководство на партија. Притоа со тезата:  „Најистакнатите лица на опозицијата немаат проблем летото да го минат кај јужниот сосед, главната пречка за приемот во НАТО и за почетокот на преговорите за полноправно членство во ЕУ“ имплицира дека да се оди на одмор во Грција е ерес. Исто така, со овие конструкции целото раководство на политичка опозициска партија се прогласува за предавничко и непатриотско, при што се измислуваат стратегии со наводни седенки и непостоечки грчки соседи. Сето тоа се прави без никакви индикации или потврда само за да се наметне мислење за некакво предавство. Линк до оригиналниот напис: СДСМ развива масовен туризам, цело раководство летува во

Рецензија: Ова се случува после смртта: Открива жената на која и се појавил нејзиниот починат брат

на 19. 08. 2014 | | sq
Тривијализацијата на медиумите го спушти до невидени граници квалитетот на понудата на медиумски содржини, а потребата да се биде прв и ексклузивен ги обезвреди професионалните стандарди со кои се обработува една информација со потенцијал да биде медиумска содржина. Овој сериозен проблем го има медиумска содржина што ја рецензираме, а на која не упати еден наш читател со предлог на веб страницата на Сервисот за проверка на фактите од медиумите (СПФМ). Нашиот читател вели дека авторите на оваа содржина „како самите да посведочиле, а не дека прераскажуваат некаков роман со приказни за духови.“ Проверката со методологијата на СПФМ не само што ја потврди констатацијата на нашиот читател, туку откри и неколку други недостатоци. Линк до оригиналниот напис: Ова

Рецензија: Финансискиот „гуру“ на СДСМ, на одмор во Грција?

на 19. 08. 2014 | |
Сѐ чини, сѐ потешко е да се биде конзумент на медиумски содржини на овие простори, бидејќи станува сѐ покомплицирано да се разграничи што од понуденото е вистинска новинарска информација, а што спин „спакуван“ во пропагандни кујни со строго определена намена, која нема врска со основната функција на медиумите – да информираат. Еден од серијалот текстови насочени кон дискредитирањето на личноста на директорот на Фондацијата отворено општество Македонија, Владимир Милчин, е и предметот на оваа рецензија. И, во склад со сезоната кога се појавува, актуелната епизода овојпат обработува „морска“, односно годишно-одморска тема, поточно се занимава со локацијата на која (можеби) летува Милчин. Освен тривијалноста и депласираноста на темата – Владимир Милчин не се вклопува во пошироката дефиниција на јавна личност, која

Рецензија: Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција?

на 19. 08. 2014 | |
Текстот озаглавен со спинерски наслов: „Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција?“, е еден од серијата написи на оваа тема кои ги објави порталот, а ги пренесоа повеќе медиуми. Материјалот е надвор од стандардите на добрата новинарска практика и наликува на наменски скроен производ за политичка дискредитација на лидерот на СДСМ. Написот  нема авторски потпис , нема кредибилни извори и со непоткрепепени обвинувања ја плете приказната за наводната куќа на Заев на грчкиот брег. Всушност, во форма на некакава квази фото-сторија ја дорасплетува првата (дез)информација за „луксузната куќа на Заев“,  што порталот ја објави истиот  ден (15.08.2014) во 10, 37 часот. Линк до оригиналниот напис: Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција? Датум и време