Рецензии

Рецензија: Маркарт ќе вработи 600 лица – Саем за вработување на 4-ти октомври

на 25. 09. 2014 | |
Пред нас е текст кој  само половично ја информира јавноста за прес-конференцијата на германската компанија „Маркарт“,  на која официјално беше најавен стартот на оваа нова инвестиција во Велес. Во извештајот од пресот  недостига информацијата дека сопругата на министерот за странски инвестиции, Веле Самак  (кој инаку ја донесе оваа инвестиција во државата), веќе е вработена во фирмата.   Линк до оригиналниот напис: Маркарт ќе вработи 600 лица – Саем за вработување на 4 – ти октомври Датум и време на објавување: 23.09.2014, 13:25 Датум на рецензирање: 24.09.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРИКРИЕНА ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Написот нема проблеми со вистинитоста, ниту со изворите. Текстот се повикува на официјален настан и изјавите во него се точно пренесени. Основниот проблем  е во селективниот пристап

Рецензија: Дали Урко „паднал“ оти премиерот мислел дека почнал да го шпионира?!

на 25. 09. 2014 | |
Текстот не го почитува членот 1 од Кодексот на новинарите, кој во еден свој став дозволува новинарскиот текст да содржи шпекулативни информации, но само и само доколку новинарот наваде и понуди доволно уверливи докази дека биле направени сите постапки и контактирани сите релевантни извори озборувањата од кои е направена оваа медиумска содржина да се претворат во факти. Еве што препорачува и што сугерира членот 1 од Кодексот на новинарите: „Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа

Рецензија: Илјадници лица учествуваа во Маршот на мирот во Москва против војната во Украина

на 25. 09. 2014 | | sq
  Прецизноста е исклучително значајна работа, а во новинарството е нераздвојна со категоријата точност. Илјада, неколку илјади, илјадници – несоодветната употреба на која било од овие проценки за бројност носи сериозна опасност за промашување на вистинитоста на информацијата. Но, ако во еден ист материјал се употребат сите овие бројки, тогаш добиваме новинарска турлитава. Линк до оригиналниот напис: Илјадници лица учествуваа во Маршот на мирот во Москва против војната во Украина Датум и време на објавување: 21.09.2014 Датум на рецензирање: 22.09.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

НОВИНАРСКА НЕПРЕЦИЗНОСТ ЗА „ШАШМОСУВАЊЕ“ НА ЈАВНОСТА

Во насловот има употребено „илјадници“, во поднасловот „повеќе од илјада лица“, подолу во текстот се вели дека „според светските агенции во протестот учествувале 20 илјади лица“, за конечно

Рецензија: ФОТО: Духот на оваа невеста ги вознемири битолчани!

на 24. 09. 2014 | | sq
Се чини дека кога нема нешто интересно да се објави, порталите во Македонија слободно си рециклираат текстови, но притоа се внимава тие да бидат навистина читани. Таков е и овој текст, кој веќе четири години се преобјавува во земјава. Последниот „бран“ со кој овој текст го зафати ова подрачје беше во август/септември и сѐ уште се шири. И поради тоа што навистина вакви текстови предизвикуваат масовно читање, овој напис се рашири речиси на сите медиуми и од македонско и од албанско говорно подрачје. Текстот се презема со copy/paste без редакциска подготовка, исто како и фотографијата. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Духот на оваа невеста ги вознемири битолчани! Датум и време на објавување: 08.09.2014, 08:08 Датум на рецензирање: 22.09.2014 Рецензент: Владо

Рецензија: Се кастрат платите во регионот, во Македонија се покачуваат!

на 23. 09. 2014 | |
Непосредно после објавувањето на премиерот Груевски дека платите на јавната администрација ќе имаат предвиден пораст од октомври, поголем дел од медиумите, како под некаква диригентска палка објавија споредба со земјите во регионот и не без гордост забележаа дека ние „грабиме напред“ додека целиот Балкан стагнира и тоа, нели, треба да се види и низ скокот на платите. Основна мана на овој приод е содржан во фактот дека платите се зголемуваат само кај јавната администрација, а дека кај другите вработени (особено во приватниот сектор) платите стагнираат или одат надолу. Потоа, не се прави споредба со скокот на цените на производите во земјата и, конечно, не се кажува на каква тоа реална основа имаме зголемување на платите во тој сектор? Линк до

Рецензија: „До балчак“ доби 3 милиони евра, а должен е 800.000 евра

на 23. 09. 2014 | |
Расправата околу долговите што ги остави зад себе најскапиот досега снимен македонски игран филм „До балчак“, заедно со аферите на црвениот тепих на Фестивалот Манаки, веројатно наскоро ќе бидат заменети со она што е посуштинско: оценка на уметничките вредности на делото. Сепак, овој прилог привлекува внимание врз основа на обидот на авторките со „проста математика“ да ја испробаат исплатливоста на проектот, макар и хипотетички. На прв поглед ништо посебно, ама што би се рекло – некому би требало да му текне! Линк до оригиналниот напис: „До балчак“ доби 3 милиони евра, а должен е 800.000 евра Датум и време на објавување: 16.09.2014, 17:50 Датум на рецензирање: 21.09.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Задолжената продуцентска куќа „Триангл филм“, која стои зад филмот „До

Рецензија: Македонските средношколки за во школо се облекуваат како за во диско (фото +16)

на 22. 09. 2014 | | sq
Неприфатлив е обидот преку фотографии преземени од интернет, со речиси никаква новинарска работа да се прави обид да се уверат читателите дека македонските средношколки неприкладно се облекуваат за на училиште. Линк до оригиналниот напис: Македонските средношколки за во школо се облекуваат како за во диско  (фото +16) Датум и време на објавување: 16.09. 2014 Датум на рецензирање: 18.09.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Основниот проблем е што текстот содржи фотографии кои го поттикнуваат читателот погрешно да претпостави дека тие се однесуваат на Македонија. Всушност, станува збор за отворено ширење невистини до читателите дека македонските средношколки се облекуваат провокативно, со цел преку експлицитни фотографии да се привлечат кликови. Фотографиите се од непознат извор за кој сигурно може да се тврди само дека не

Апсурдна потреба од медиумска некрофилија

на 22. 09. 2014 | | sq
[Рецензија на написот: „ЗАГОВОР ЗА ВОЈНА: Веќе распаднати човечки тела во малезискиот авион!“] Медиумската содржина од аспект на професионалните стандарди е многу проблематична. Уште во главата на текстот се изведува заклучок со неосновани коментари за кои нема наведено ништо како посериозна поткрепа – дека оваа несреќа била фингирана катастрофа за да се предизвика војна. Се развива една крајно „заговорничка“ тема дека некој некаде натоварил трупови во авионот на малезиската авио

Рецензија: (ФОТО) Вака би изгледала Европа кога сите сепаратисти би добиле независност!

на 22. 09. 2014 | |
Ова е текст кој обработува теза – што би било кога би било. Значи, потегот на Шкотска за референдум за отцепување „повлече нога“  и за вакви текстови. Иако е познат веќе ставот на граѓаните на Шкотска, кој се изјаснија против независноста, сепак, нема нов текст за тоа дали сега сите овие сепаратисти, кои се набројани и се нашле на картата, ќе се изјаснат против независност. Текстот тргнува од тезата дека независноста на Шкотска  ќе предизвика реакции и кај други делови во Европа, кои сакаат отцепување од државата во којa се наоѓаат. Притоа, на картата се гледаат и малку познати групи, но целиот текст е на база на шпекулација, без ниту еден видлив аргумент зошто тоа би било така: На мапата

Рецензија: Голем оглас: Владата вработува 180 работници – плата до 20.000 денари

на 19. 09. 2014 | | sq
Кој е ќарот за публиката во едноставното „копи-песјтирање“ на огласите на разните државни институции по медиумите и потоа, без срам и перде, нивно претставување како некаква си новинарска информација? Одговорот е: речиси никаков. Недозволиво е комерцијалните огласи, па макар и за вработување во државната администрација – актуелната „работа од сништата“ во земјава, да се наоѓаат во деловите каде (треба да) има вистински новинарски производи со сите нивни карактеристики кои ги одвојуваат од останатите четива и платени реклами.  Линк до оригиналниот напис: Голем оглас: Владата вработува 180 работници – плата до 20.000 денари Датум и време на објавување: 16.09.2014, 10:40 Датум на рецензирање: 18.09.2014 Рецензент: Владимир Мирчески   МЕДИУМСКО СЛУГУВАЊЕ ЗА ЧИСТО ВЛАДИНИ ИНТЕРЕСИ Изненадува целосното отсуство на какво било новинарско