Рецензија: (ФОТО) Вака би изгледала Европа кога сите сепаратисти би добиле независност!
Објавено во Рецензии
on 22 - 09 - 2014 Автор: Владо ЃорчевОва е текст кој обработува теза – што би било кога би било. Значи, потегот на Шкотска за референдум за отцепување „повлече нога“ и за вакви текстови. Иако е познат веќе ставот на граѓаните на Шкотска, кој се изјаснија против независноста, сепак, нема нов текст за тоа дали сега сите овие сепаратисти, кои се набројани и се нашле на картата, ќе се изјаснат против независност. Текстот тргнува од тезата дека независноста на Шкотска ќе предизвика реакции и кај други делови во Европа, кои сакаат отцепување од државата во којa се наоѓаат. Притоа, на картата се гледаат и малку познати групи, но целиот текст е на база на шпекулација, без ниту еден видлив аргумент зошто тоа би било така:
На мапата се исцртани само оние региони кои бараат независност, но не и границите на државата. Картата прикажува познати сепаратистички движења, како моќни национални движења во Баскија, на северот на Шпанија и југозападот на Франција, па се до помалку познати како Савојската Лига, кои бараат независност во Франција.
Иако текстот е некоја пуста желба на Партијата на eвропскиот слободен сојуз (European Free Alliance) медиумите кај нас со задоволство го пренеле и категорично тврдат: Вака би изгледала Европа кога сите сепаратисти би добиле независност!
И во текстот се тврди дека ова е само некоја теза на „националистичките“ партии во Европа:
Мапата е направена од партијата Европски слободен сојуз, а како што самите истакнуваат, таа ги претставува 40-те прогресивни националистички, регионалистички и автономни партии ширум Европа.
Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Вака би изгледала Европа кога сите сепаратисти би добиле независност!
Датум и време на објавување: 17.09.2014
Датум на рецензирање: 19.09.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
ПРИМЕР ЗА ШПЕКУЛАЦИЈА
Текстот е напишан на база на шпекулација. Во него нема ниту некоја изјава од сепаратистичките групи кои се на картата, дека имаат намера да се отцепат. Ниту, пак, има зошто така би изгледала Европа. За да биде појасно дека цела теза е на база на шпекулација ќе дадеме еден пример. На картата е ставена и организацијата на Македонците од Бугарија – Пирин. И обоен е делот од западна Бугарија кој наводно бара отцепување или има индикации за такво нешто. Сепак, тоа нема никаква врска со вистината затоа што ниту еднаш досега немало некој повик за отцепување, ниту, пак, Македонците од Бугарија сакаат или бараат независност од сега матичната држава. Таков е случајот и со другите организации и групи кои се набројани на картата. Друга работа е ако се сакало да се означат малцинствата од една држава кои се во друга. Но, тука не може да стане збор за неков сепаратизам, или, пак, барање на независниост, а уште помалку за отцепување. Згора на сѐ, за да биде работата чиста до крај не сите држави имаат и законски можности или, пак, дозволуваат референдум за вакво нешто.
И самиот текст на моменти кажува дека нешто не е во ред и дека се тврди нешто без да се каже зошто:
Што се однесува до земјите во регионот, на мапата која е направена, од Хрватска се одвојува Ријека, но авторите дополнително не објаснуваат ништо.
КОЈА Е ЦЕЛТА?
Ако се простудира картата, ќе се заклучи дека на неа се исполнети желбите на српските националисти. Но, истовремено Македонците ја изгубиле цела Вардарска, а добиле дел од Егејска Македонија? А за албанските, бошњачките и хрватските сепаратисти нема ништо?! Зошто, на пример, ако ова претходново се случи Хрватите во Босна не би побарале нешто? Значи, целата мапа е направена со премногу контрадикторности, а прашање е и кој е критериумот по кој е направен изборот на тоа некои да бидат сепаратисти?
Ова е текст кој, всушност, е пропаганда или некоја желба, можеби и цел на некого. Но, без факти и аргументи да се тврди дека Европа би се променила, ако Шкотска го направеше првиот чекор, во најмала рака е детски. И сега што правиме откако е познато дека Шкотска останува во рамките на Велика Британија? Дали ќе спласнат и „сепаратистичките“ идеи? Можеби и текстот (оргиналот, затоа што кај нас е само преземен и преведен од странски медиуми) имал намера да изврши некаков притисок, но тоа македонските медиуми не морале да го земат здраво за готово. Башка што тој не е содржаен и е на база на коментар за во рубрика што би било кога би било. Затоа и целиот текст мора да се земе со резерва и само како едно четиво кое малку ќе нѐ оттгрне од реалноста, но, сепак, нема премногу да ни влијае на она што навистина се случува.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови