Рецензии

Рецензија: Зошто поефтини лимонот за 40 отсто во однос на септември?!

на 5. 11. 2014 | |
  „Неверојатно е со која брзина се шират лудите работи, а колку вистината и здравиот разум секогаш делуваат неубедливо“. Ова го напишала истражувачката од порталот „Мушема“(Moosshema) по истрагата за приказната која со молневита брзина се шири на Балканот и гласи – не јадете лимони, отровни се! Гледате дека се евтини? Тоа е затоа што корката на цитрусот е намачкана со посебна хемикалија… Многу веб-страници ја презедоа по системот „копи-пејст“ оваа вест и никој не се обиде да ја провери. сите се повикуваат на еден извор (supermarket.info), кој, меѓу другото, не е српска, туку хрватска веб-страница и е информатор за синџир на супермаркети. Линк до оригиналниот напис: Зошто поефтини лимонот за 40 отсто во однос на септември?! Датум и

Рецензија: ВИДЕО: Обид за убиство во Куманово пред камерата на Сител

на 5. 11. 2014 | | sq
Ова е текст кој манипулира уште од насловот. За работата да биде уште пострашна, подолу во текстот е објаснето од каде е снимката, но насловот е тој што ја прави целата забуна. Инаку, се работи за извештај од билтен од МВР, а за овој настан подоцна, како што тврди медиумот, добиле и снимка и тоа од куќата која е во близина каде што се случило дејството. Но, тоа во ниту еден случај не е камерата на телевизијата, како што се тврди во написот. Линк: ВИДЕО: Обид за убиство во Куманово пред камерата на Сител Датум и време на објавување: 30.10.2014, 21:41 Датум на рецензирање: 03.10.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ОД КАДЕ Е СНИМКАТА?

Во насловот се тврди дека се работи

Рецензија: Владата не потклекна – Макстил затвори, Југохром го преполови производството

на 5. 11. 2014 | | sq
Прилогот со спинерски наслов „Владата не потклекна – Макстил затвори, Југохром го преполови производството“,  е типичен пример за манипулативна медиумска содржина, во која преку целосно извртување на тезите се воздигнува Владата. Начинот на кој е изработен и пласиран овој новинарски производ укажува на тоа дека немал намера да пренесе во јавноста објективна и точна информација. Линк до оригиналниот напис: Владата не потклекна – Макстил затвори, Југохром го преполови производството Датум и време на објавување: 01.11.2014, 18:08:17 Датум на рецензирање: 03.11.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ФРЧАТ ФАЛБИ

Материјалот се потпира на заедничката прес-конференција на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, и на министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, но поентите се претставени на манипулативен начин. Така, на 

Рецензија: Анализа на Телеграф: Најдобро се живее во Кавадарци и во Штип

на 4. 11. 2014 | |
Текстот што е пред нас, претендира на читателите да им понуди анализа за тоа каде најдобро се живее во Македонија. И, во таа смисла, на врвот на листата се посочуваат Кавадарци, Штип и Гевгелија, но, притоа, не се нудат издржани податоци и соодвтена експликација за направениот избор. Онака како што е пласиран текстот, во него не може да се прочитаат цврсти аргументи за да се убеди јавноста дека во овие три града навистина се живее најдобро. Написот повеќе изгледа како да е скроен за да им направи реклама на споменатите градови од внатрешноста, како убави места за живеење. Меѓутоа, дали е тоа навистина така? Линк до оригиналниот напис: Анализа на Телеграф: Најдобро се живее во Кавадарци и во Штип Датум

Рецензија: Сакаш да ја ебе*ш жена ми за 1000 денари а?

на 4. 11. 2014 | |
  Овој текст е сѐ друго, освен новинарски, и тоа според многу работи. Уште од насловот, па сѐ до крајот на текстот, тој се коси со новинарските стандарди, а притоа е вулгарен и непримерен. Згора на тоа, не е претставено сѐ како што треба, иако се работи за полициски извештај, кој би требало горе-долу да има некаква рамка. Можеби во порнографските филмови и би поминал ваков наслов, но во новинарски текст ниту пет ѕвездички нема да ја спасат работата. Затоа, а и за еден куп јазични и лекторски грешки, како и морални и етички дилеми, овој текст е денеска тука на рецензија. Линк до оригиналниот напис: Сакаш да ја ебе*ш жена ми за 1000 денари а? Датум и време на

Рецензија: Жерновски и Петковски го маргинализираат Заев

на 3. 11. 2014 | | sq
  Наместо новинарска, кај овој текст неизбежно се забележува јасна и очигледна политичка мотивираност. Имаме продолжение на некаква си „критичка опсервација“ на состојбата во опозицијата, при што средбата меѓу првите луѓе на двата помали партнери во блокот е искористена како основа за „налепување“ на тезата дека таа, всушност, претставува „маргинализирање на претседателот на главната сила во опозицискиот табор“. Силни зборови, кои, за жал, не се поткрепени со аргументи.   Линк до оригиналниот напис: Жерновски и Петковски го маргинализираат Заев Датум и време на објавување: 29.10.2014, 14:42 Датум на рецензирање: 01.11.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

НЕМА НОВИНАРСКИ АРГУМЕНТИ ЗА МАРГИНАЛИЗИРАЊЕ

Не велиме дека, можеби, помалите партнери не му „кројат“ нешто на поголемиот, ама, едноставно, нема никакви реални докази за тоа што е

Рецензија: Теренската кампања на СДСМ – параван за привлекување нови членови

на 3. 11. 2014 | |
Прилогот што го рецензираме нагласено се труди да ја девалвира најавената теренска кампања на социјалдемократите. Таква интенција има целиот материјал од почеток до крај, а се добива впечаток  дека намерно е направен и таков избор на експертот – познат во јавноста по критизерските настапи  кон опозицијата. Линк до оригиналниот напис: Теренската кампања на СДСМ – параван за привлекување нови членови Датум и време на објавување: 28.10.2014, 14:57 Датум на рецензирање: 29.10.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

„ТЕЖОК ГРЕВ“!

Текстот се повикува на фрагменти од прирачникот за теренска кампања на СДСМ и притоа  на јавноста ѝ нуди „спектакуларно откритие“ дека опозицијата направила „тежок грев!“: „…главната цел на кампањата е граѓаните да се убедат да станат членови или активисти на партијата…“ Истата поента

Рецензија: Јанез Копач ја уценува Македонија, а самиот се грее на гас од Путин?

на 3. 11. 2014 | |
Станува збор за одмазднички напис, за напис чија цел е да врати „мило за драго“, а фактите и аргументите – нека одат по ѓаволите. Јазикот на одмаздата почнува уште од наднасловот („Од топла канцеларија поубаво се гледа“) и не завршува до моментот додека не се заклучило дека е докажано оти шефот на Европската енергетска заедница (ЕЕЗ), Јанез Kопач, седел во канцеларија која е загревана од гас на рускиот извозен монопол „Газпром“. Копач, инаку, деновиве искажа критичка изјава до македонската влада поради нејзиниот договор со „Газпром“ за гасоводниот крак на Јужен тек, а кој би требало да поминува низ Македонија. Не дека начинот на кој се загрева неговата канцеларија има каква било врска со неговата изјава и со ставовите

Рецензија: (ФОТО) Ова е сопругата на ХХХХХ која вчера се самоуби

на 30. 10. 2014 | | sq
  Познато е дека известувањето за самоубиство е неетичко, а тоа го знаат (барем би требало) сите новинари. Иако сето тоа е добро познато и има правила дали смее и кога се смее, како и што да се објави во текстови за самоубиство, тоа не се почитува. За наводното самоубиство на сопругата на еден македонски познат пејач во јавноста за само еден ден се пласираа информации за тоа која била жената, каде работела, чија жена била, каде била родена, каде завршила училиште и, капак на сето тоа, дрско се објавија фотографии од личниот фејсбук-профил на сега веќе починатата. Затоа, овој текст (кој не е исклучок, туку е еден од многуте на различни портали) заслужува да се најде на рецензија и

Рецензија: Не може Жерновски да остане градоначалник, а ние да бидеме на улица

на 30. 10. 2014 | |
Како што се приближува 10 ноември, датум кога е закажана седница на Собранието која битно ќе се одрази врз политичката клима во земјата, се забележуваат сè позачестени обиди кај дел од медиумите да му ја олеснат работата на парламентарниот спикер. Имено, првиот меѓу пратениците треба одлучи до тој датум дали ќе покрене постапка за одземање на мандатите на пратениците на опозицијата што ја бојкотираат работата на Собранието, не признавајќи ја регуларноста на изборите. Има секако голема општествена тежина тој чин, кој хипотетички би бил олеснет ако опозицијата не ја совлада, евентуално, ерозијата на отпорот – една пратеничка од ЛДП и две од СДСМ си седнаа во пратеничките клупи, а кога нив би им се придружиле други нивни сопартијци, или барем