verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: (ФОТО) Ова е сопругата на ХХХХХ која вчера се самоуби

on 30 - 10 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

 

sopruga-na-panki-0987-098-crop-resize-002

Познато е дека известувањето за самоубиство е неетичко, а тоа го знаат (барем би требало) сите новинари. Иако сето тоа е добро познато и има правила дали смее и кога се смее, како и што да се објави во текстови за самоубиство, тоа не се почитува. За наводното самоубиство на сопругата на еден македонски познат пејач во јавноста за само еден ден се пласираа информации за тоа која била жената, каде работела, чија жена била, каде била родена, каде завршила училиште и, капак на сето тоа, дрско се објавија фотографии од личниот фејсбук-профил на сега веќе починатата. Затоа, овој текст (кој не е исклучок, туку е еден од многуте на различни портали) заслужува да се најде на рецензија и да биде оценет негативно.

sopruga-na-panki-0987-098-final-covered-002Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Ова е сопругата на ХХХХХ која вчера се самоуби (Напомена: насловот е делумно сменет во обид да се заштити идентитетот на починатото лице, иако СПФМ е свесен дека по толку написи тоа е јалов обид)

Датум и време на објавување: 28.10.2014, 10:36

Датум на рецензирање: 28.10.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

Како ретко кога, при самоубиство, толку врева од написи, полни со шпекулации се пласираа околу овој настан. И додека ниту МВР сè уште (барем до затворањето на оваа рецензија) немаше објавено ништо официјално, овој текст се занимава со цела историја и со причината за самоубиството. Згора на тоа, објавува информации од типот чија сопруга била, каде работела, каде била родена… а, врв е објавувањето фотографии. Тие, пак, се одбрани од фесјбук-профилот на починатата. Текстот без ниту една официјална информација носи заклучоци, а информира дури и за тоа каква мајка била несреќната жена и, наводно, како извор користи блиски пријатели. Сервисот за проверка на факти во медиумите (СПФМ) повеќепати досега има пишувано за тоа како (не) треба да се известува за самоубиства. Во тие анализи Жарко Трајановски објаснува дека:

„Во многу земји постојат конкретни стандарди (упатства, насоки или препораки) во врска со медиумско известување за самоубиства.“

Овој текст крши многу правила и стандарди во новинарството. Ги крши членовите 7 и 8 од Кодексот на новинари според кои:

7. Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост;

8. Начинот на информирање, во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Во Прирачникот за етиката во новинарството постојат „Упатства за известување за самоубиство“. Во упатствата е јасно нагласено дека:

– Согласно членовите 7 и 8 од етичкиот Кодекс, новинарите се должни да ја зачуваат приватноста на личноста и да не известуваат со сензационализам во случаи на самоубиство, бидејќи станува збор за семејна трагедија.

– Фотографии или снимки на починатиот треба да бидат избегнати, како и евентуално оставени писма и пораки.

– Наведување на социјалните причини, како што е невработеноста, проблеми со училиштето или крај на романтична врска, може да биде разбрано како порака до сите кои имаат слични проблеми дека самоубиството е едно од можните решенија.

– Колоритни фрази, позитивен став кон чинот или сензационалистички пристап, особено доколку станува збор за популарна личност која е идол на младите, може да поттикнат на самоубиство.

 

НЕПРОВЕРЕНИ ИНФОРМАЦИИ – ШПЕКУЛАЦИИ

Притоа, во текстот се објавуваат и непроверени информации, кои се само шпекулации, но не се така наивни:

„Таа претходно се заклучила во просторија каде насилно ја извадила мрежата од прозорците на шестиот спрат и извршила самоубиство. Ова е потврдено и со снимка од камерите од болницата.“

Ова е целосна шпекулација затоа што тоа не е потврдено ниту од МВР. Сето ова може да има и сериозни импликации во попречување на истрагата. Во своите анализи, Трајановски наведува дека:

„Новинар(к)ите треба да се воздржуваат од детални описи на жртвата (особено ако не станува збор за јавна личност) и на методот на самоубиство, затоа што деталното известување може да претставува поттик и други луѓе да го копираат опишаниот метод. Ако се известува за случај на предозирање на некоја јавна личност, се препорачува да не се известува детално за природата, квантитетот, комбинацијата на земени дроги или начинот на кој се набавени.“

Овде, во овој текст, е направено токму спротивното. Со цели пасуси е објаснет животот на жената, без притоа да се внимава на чувствата на семејството и на најблиските:

 „Т.К. е родена во Мартин, Словачка, а работела како медицинска сестра во приватната болница Систина во Скопје. Според нејзините пријатели, таа била грижлива мајка и добра личност.“

Притоа, се користат извори како „според најблиските“, иако е познато дека еден новинарски производ не треба да се занимава со шпекулации и со чаршиски муабети. Дека објавувањето на фотографија од жената е крајно несовесно, покажува и делот од прирачникот на СЗО (Светска здравствена организација) во кој се вели:

Не треба да се користат слики од лицето кое извршило самоубиство. За користење визуелни слики мора да добиете експлицитно одобрение од членовите на семејството.

Ова е крајно неетички текст, школски пример како не треба да изгледа новинарски производ кој известува за самоубиство. Покрај тоа што ги крши новинарските етички норми, тој воопшто не ја почитува приватноста на семејството, кое, пак, деновиве е во болка.

SOS_linija_3136-400


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

несоодветни

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови