Рецензии

Рецензија: ВДИЕО: Ексклузивни детали за материјалите со кои се фалел Заев дека ќе ја сруши владата

на 6. 02. 2015 | | sq
  Во овој напис ексклузивен е само насловот. Иако со него се најавуваат детали од „материјалите со кои лидерот на опозицијата се фалел дека ќе ја сруши владата“, од тие детали нема ниту трага. Текстот се темели само на претпоставки и на теории на двајца новинари, кои своите излагања ги изнесоа во дебатна емисија на МРТ, како и на изјави од анонимни извори од СДСМ. Поради тоа, вистинитоста на наводите не може да се утврди. Линкуван наслов на анализираниот напис: ВДИЕО: Ексклузивни детали за материјалите со кои се фалел Заев дека ќе ја сруши владата Датум и време на објавување: 01.02.2015 Датум на рецензирање: 04.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Овој текст спаѓа во низата написи кои деновиве ѝ беа

Експертите претпоставуваат, граѓаните „сметаат“, ама нигде ги нема

на 5. 02. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Експертите и граѓаните сметаат: Грција стои зад искреираните материјали]

  Дилемата што се отвори со т.н. афера „Пуч“ и со барањето на МВР до Јавното обвинителство да се отвори постапка против четири лица за насилна промена на власта, за дел од медиумите веднаш стана поле каде прелесно „ќе гине“ и презумцијата на невиност и каде ќе се „насочува“ Обвинителството во своето составување на евентуалното обвинение. Ова е секако – првин – притисок од страна на медиум врз независноста на правосудството и тоа не со конкретни сознанија, туку со претпоставки кои без ниту еден доказ стануваат на крајот – вистина! Линк до оригиналниот напис: Експертите и граѓаните сметаат: Грција стои зад искреираните материјали Датум и време на објавување: 02.02.2015,

Бисери пред свињи

на 4. 02. 2015 | |

(Рецензија на „ФОТО: „Заев е предавник кој треба заврши во Идризово“)

Има една силна библиска алегорија која најдобро ја опишува намерата на оваа рецензија: „Бисери пред свињи“. Христос во Беседите на гората им го кажал тоа на своите ученици со намера да ги подучи да не им го откриваат знаењето и да не им даваат на оние што не знаат да ценат и да почитуваат, оние кои не се кадарни да примат. Тие не само што не се во состојба да почитуваат и да примат учење, туку тоа што им го давате, го злоупотребуваат против вас. Оваа рецензија се пишува со тоа чувство, кога знаете дека оној што ја предизвикал нема рецептори за да ги прими укажувањата на јавноста, на

Рецензија: Во Охрид штрајкува СДСМ

на 3. 02. 2015 | | sq
  Ова е едностран текст, во кој ја нема главната засегната страна. Пренесена е една информација која е делумно точна и која служи за манипулација. Сознанијата во текстот се еднострани и не може да се потврди нивната релевантност. Рецензија на објавата: Во Охрид штрајкува СДСМ Датум и време на објавување: 02.02.2015, 11:23 Датум на рецензирање: 03.02.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Уште од насловот, текстот не ја дава вистинската слика на случувањето. Насловот „Во Охрид штрајкува СДСМ“ дезинформира, иако неговата улога е да информира точно и вистинито. Со него се сака да се сугерира дека штрајкува СДСМ или членови на оваа партија, а написот се однесува за штрајкот на членовите на СОНК, што, пак, нема никаква врска со опозициската партија. Зошто

Рецензија: Експертите бараат Заев да биде суден за велепредавство

на 3. 02. 2015 | | sq
  Рецензираме текст во кој целосно затаиле стандардите на етички исправното новинарство. Во овој спинерски производ, мислата на еден аналитичар е издигната на ниво на гледиште на целата  експертската јавност, што е навистина претенциозно. Написот прозвучува како да навива за тоа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, што поскоро да биде осуден и тоа за велепредавство! Линк до оригиналниот напис: Експертите бараат Заев да биде суден за велепредавство Датум и време на објавување: 01.02.2015; 13:37 Датум на рецензирање: 02.02.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

КАКО ШТО ЌЕ КАЖЕ ПРЕМИЕРОТ!

Станува збор за исклучително тенденциозен и пристрасен текст, ставен во функција на политичка пресметка со лидерот на опозицијата. Паѓа в очи тоа што обраќањето на премиерот (31 јануари 2015 година), во кое тој соопшти

Рецензии: За порталите на СОРОС симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да бидат родители

на 3. 02. 2015 | | sq
  Речиси еднонеделното бомбарадирање на читателите и на гледачите со изјави на родители со кои тие бараат прекин на штрајкот на СОНК од голем дел медиуми во земјава, имаше и свое „крешчендо“ со атак врз медиумите кои оправдано реагираа во спротивна насока – како родителите, макар и со партиски книшки на „вистинската партија“, можат да оспоруваат легитимно право на прекин на работа. Впрочем, некои медиуми на овој настан му пријдоа со потребната широчина и со изобилство на информации на сите засегнати страни, што во случајот со овој напис е далеку од поставена цел. Линк до оригиналниот напис: За порталите на СОРОС симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да бидат родители Датум и време на објавување: 27.01.2015 Датум на рецензирање: 31.01.2015 Рецензент:

„Бог да чува“ новинарство

на 2. 02. 2015 | | sq
  Сензационализам базиран на урбана легенда. Непотребно потресување на гледачите со информативен наслов, кој создава впечаток дека дента се случило нешто потресно. Единствената „шокантна“ работа во ваквата објава е што се сметало за целсходно да се препише мит и истиот да се пласира како информација. Наслов на анализираниот напис: Приказна која ќе ве шокира: Момчиња загинале во сообраќајка, а во багажникот… Датум и време на објавување: 27.01.2015 Датум на рецензирање: 02.02.2015 Рецензент: Александар Пешев Несериозно и непотребно оптоварување на медиумскиот простор со урбана легенда која веќе подолго време кружи низ социјалните мрежи и преку електронска пошта. Содржина која не е соодветна за целата публика и не се знае зошто воопшто е битна ваквата информација. Ако функцијата на едно јавно гласило

Рецензија: СДСМ ќе одржи прес против Обама поради снегот?

на 2. 02. 2015 | | sq
    Ха, ха, ха… Тоа би било оцената за вистинитоста во овој материјал, секако, во наводници новинарски. Имаме пример на ептен намерно мешање „баби и жаби“, ама по најлош можен рецепт – без каква било поврзница, без никаква спојка, туку-така од небо во ист кош се ставени „невремето во САД, Македонија, односите меѓу власта и опозицијата и дилемата дали СДСМ ќе одржи прес-конференција против Обама“? Линк до оригиналниот напис: СДСМ ќе одржи прес против Обама поради снегот? Датум и време на објавување: 27.01.2015 13:57 Датум на рецензирање: 29.01.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

МЕШАЊЕ БАБИ И ЖАБИ ПО НАЈЛОШ РЕЦЕПТ

Навистина, треба „многу ум“ за да се разбере текстот за кој некому му требало малку расудување и новинарски сенс за

Добро… Зошто?

на 29. 01. 2015 | | sq
 

[Рецензија на објавата: ФОТО: Прочитајте како Александар од Крива Паланка и врати на неверната девојка]

  Несериозна копирана објава, полна со вулгарности на кои не им е место во новинарски текст, па макар и биле во форма на цитат или, во случајов, фотографија. Разговорот е препишан и преведен на македонски од странски блог, со што Александар од Крива Паланка веројатно не постои или воопшто не разговарал со овие зборови.  Објавата не го одговара клучното прашање кое треба да си го постави секој новинар пред да објави информација – па што? Во овој случај: па што ако двајца полемизирале или се расправале на социјалните мрежи? Со сигурност може да се каже дека не се ни први, ниту, пак, последни. Мора

Рецензија: Бедно: Опозицијата го направи Хашим Тачи демократ, а тој се сомничи за трговија со органи!

на 29. 01. 2015 | | sq
  Рецензираме текст кој без многу размислување на прво место ги ставил теснопартиските инетреси на владејачката партија во обид да ѝ наштети на опозицијата, не водејќи сметка дека притоа може да ѝ нанесе сериозна штета на државата и да ги наруши доборсоседските односи со Косово, кои, баш во време на објавување на текстот, од страна на вицепремиерот на Косово и министер за надворешни работи, Хашим Тачи, но и од премиерот на Македонија, Никола Груевски, се оценети како мошне добри и успешни. Линк до оригиналниот напис: Бедно: Опозицијата го направи Хашим Тачи демократ, а тој се сомничи за трговија со органи ! Датум и време на објавување: 25.01.2015, 12:46 Датум на рецензирање: 27.01.2015 Рецензент: Александар Писарев  

„БАБИ И ЖАБИ“

Преку