Рецензии

Рецензија: Откако малата Тамара почина, социјалните мрежи бараат оставка од Тодоров

на 13. 02. 2015 | | sq
  Ако се изземе прес-конференцијата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, вест на денот во понеделникот, на 9 февруари, секако, беше смртта на Тамара Димовска од Велес, девојчето што боледуваше од сколиоза и кое почина, чекајќи ја седмата операција. Тешко е да се рече кој ја даде првата вест откако девојчето имало контактот со првото медицинско лице (а тоа било во 6 часот наутро), но реакцијата на јавноста беше брза и жестока, пред сѐ, во насока на барање одговорност – таа мала насмеана и секогаш ведра појава практично умираше пред очите на сите нас, нејзината смрт беше најавена, ама имаме катастрофално потфрлање на институции и на поединци на функција. Порталот држeше добар контакт токму со социјалните мрежи и, секако, придонесе

Кога Ајнштајн рекол „Сѐ е релативно“, мислел на нешто друго

на 13. 02. 2015 | |

(Рецензија: Терор и сеење страв: Сите ве имам на снимка)

Релативизирање на еден сериозен скандал, како што е обвинувањето на опозицијата дека илјадници граѓани на државата неовластено биле прислушувани, е единствената цел на оваа медиумска содржина. Кога непотпишаниот автор смета дека го постигнал ова новинарско салто мортале, влегува во афирмација на друга теза која почнува во насловот „Терор и страв: Сите ве имам на снимка“ за да потврди дека тој што ја открил аферата, сее терор и страв, а не тие за кои се најавува дека биле нарачатели на неовластеното снимање на телефонските разговори. Линк до оригиналниот напис: Терор и сеење страв: Сите ве имам на снимка Датум и време на објавување: 11.02.2015, 09:28 Датум на рецензирање: 11.02.2015

Распуштете ја поротата!

на 13. 02. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Аболицираниот Заев сега како морален судија]

Коментар? Новинарска белешка? Едиторијал? Пред нас имаме недефиниран ираз, кој, ако веќе мора да се нарече новинарски напис, би можеле да го класифицираме како нова формa. Наслов на анализираниот напис: Аболицираниот Заев сега како морален судија Датум и време на објавување: 11.02.2015, 23:47 Датум на рецензирање: 12.02.2015  Рецензент: Александар Пешев Дами и господа на поротата – слободни сте. Конечната пресуда за случајот ќе ја донесе овој непотпишан текст. Вклучувањето на цитат од „една телевизија“ не прави многу за разбивање на првичниот впечаток дека објавата наликува на партиско соопштение. Да почнеме со ред: најочигледно е дека имаме коментаторски елементи или тврдења неподдржани со извор или лице. „Иако вели дека ќе биде објавено само

Призраци, сеништа и зомби-креатури како медиумски содржини

на 12. 02. 2015 | | sq

(Рецензија: Тони Михајловски до Заев: Лутка са насловне стране!)

Три различни целини треба да се разликуваат кога треба да се проценат професионалните стандарди на медиумската содржина што е предмет на оваа рецензија. Една е приватната содржина на профилот на една од социјалните мрежи на лидерот на најголемата македонска опозициска партија, вториот е, исто така, приватната содржина на една проминентна личност од нашата уметничка средина, и третиот елемент е медиумската содржина која ја пронашла врската меѓу првите две и од тоа прави медиумска содржина. Во последните години на обесчестување на професионалните стандарди на македонското новинарство, се изнагледавме, изнаслушавме и се изначитавме бласфемии кои претендираат да се промовираат како новинарство. И оваа содржина е една од тие. Ама, додека трае тоа хулење

Рецензија: Македонците од Флорида: Како Заев спие мирно кога знае дека ја кодошел македонштината за ситни политички поени?

на 12. 02. 2015 | | sq
  Она што е спорно во овој текст е кое е, всушност, ова Здружение и кои се тие Македонци што членуваат во него. Написот е политички пристрасен и има цел да го нападне и да го оцрни опозицискиот СДСМ и особено лидерот на партијата, Зоран Заев. Линкуван наслов на анализираниот напис: Македонците од Флорида: Како Заев спие мирно кога знае дека ја кодошел македонштината за ситни политички поени? Датум и време на објавување: 07.02.2015 Датум на рецензирање: 11.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Здружението на граѓани „Македонско сонце“ од Тампа, Флорида изразува загриженост поради случувањата во Македонија и дава поддршка на премиерот во, како што наведуваат во писмото,  борбата против кодошите, предавниците и оние кои сакаат Македонија да ја видат распарчена.“ Доколку

Рецензија: Заев објави материјали за прислушувани разговори што ги поседува

на 12. 02. 2015 | |
  Прилогот што го резенцираме само површно ја информира јавноста за прес-конференцијата (9 февруари 2015 година) на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која тој обелодени скандал со масовно прислушување на повеќе од 20.000 граѓани, за кој директно ги обвини премиерот Никола Груевски и директороот на УБК, Сашо Мијалков. Па, наместо да ги објави главните поенти од прес-конференцијата на опозицијата, овој материјал на гледачите им пренесува една штура, осактена информација која има цел да ја минимизира оваа мегаафера во која, според опозицијата, незаконски се прислушувани огромен број лица – политичари од власта и од опозицијата, бизнисмени, новинари,  првите луѓе на МПЦ, ИВЗ, МАНУ, како и други јавно експонирани личности. Линк до оригиналниот напис: Заев објави материјали за прислушувани разговори што

Рецензија: Заев ја објави бомбата

на 11. 02. 2015 | |
    Селективност, пристрасност, непрофесионалност, неизбалансираност и, згора на сè, коментаторски елементи подметнати во еден извештај. Пример, секако во негативна смисла, за тоа како не треба да се „покрие“ клучен политички настан. Линк до оригиналниот напис: Заев ја објави бомбата  Датум и време на објавување: 09.02.2015, 18:55 Датум на рецензирање: 10.02.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СЕЛЕКТИВНОСТ ВО НАЈДОБРО (НАЈЛОШО) СВЕТЛО

Кога еден извештај, во случајов телевизиски, ќе почне со квалификација во коментаторски стил, безмалку е јасно што понатаму може да се очекува во текстот. Медиумската сцена и бранот непрофесионализам што ја заплисна, за жал, на читателите многу им олесна во процените кои телевизии, весници, интернет-портали што и како ќе објават за активностите на опозицијата. Таков е и овој случај. Познавајќи

Рецензија: Заев на средбите барал ослбодување на лица осудени за криминал

на 11. 02. 2015 | |
  Пример за монтирано четиво, правено набрзина, во стилот „на врат, на нос“, со максимално прекршување на речиси сите стандарди на професијата, и тоа не за на јавноста да ѝ се претстави објективната слика за ситуацијата, туку за да се дополни и надгради мозаикот најверојатно искреиран од, според приложеното, еден единствен центар. Линк до оригиналниот напис: Заев на средбите барал ослбодување на лица осудени за криминал Датум и време на објавување: 06.02.2015, 17:43 Датум на рецензирање: 09.02.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

НЕМА НИТУ ’РКУЛЕЦ НА НОВИНАРСКИ СОМНЕЖ  

Како да зборуваме за некаква, барам во минимални дози, вистинитост кога во текстче од само 11 редови истопорени се толку обвинувања непоткрепени апсолутно со ниту еден кредибилен извор. Се зборува дека лидерот на

Рецензија: Нов шок за ЕУ: Франција се приклучува кон грчкото бунтување кон германската политика

на 11. 02. 2015 | |
  Кусо и јасно: Франција не се приклучува кон грчкото бунтување кон германската политика. Ова би било, резимирано, она што е најпроблематично во информацијата што ја рецензираме – насловот е неточен исказ бидејќи исход на првата официјална посета на новиот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, на Франција, по инаугурацијата на новата грчка влада на премиерот Ципрас и неговите разговори со францускиот колега Мишел Сапин, не беше договорен „бунт“ на Грција и на Франција против цврстите финансиски „узди“ на Германија во рамките на ЕУ, туку токму спротивното – Варуфакис доби јасна порака од Сапин дека Грција не може да очекува Франција да се скара со Германија поради грчкиот долг. Точно е дека претседателот на Франција, Мануел Валс, даде малку „помека“

Рецензија: Детали од Централниот одбор на Бихаќка: Заев бегал од одговори зошто му се заканувал на Груевски

на 11. 02. 2015 | | sq
  Ова е текст кој се темели на шпекулации. Во него има само претпоставки и теории. Написот нуди само анонимен извор, со што се доведува во прашање вистинитоста на исказите. Линк до оригиналниот напис: Детали од Централниот одбор на Бихаќка: Заев бегал од одговори зошто му се заканувал на Груевски Датум и време на објавување: 06.02.2015, 21:13 Датум на рецензирање: 09.02.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ

Целиот текст стои на стаклени нозе. Изјавата, а и шпекулациите во текстот, кои повеќе личат на коментар, лесно можат да се оценат како лажни и невистинити бидејќи зад нив не стои конкретно име и презиме, ниту за нив има потврда од СДСМ. Напротив, уште истиот ден кога е објавен и текстот, од