Распуштете ја поротата!
Објавено во Рецензии
on 13 - 02 - 2015 Автор: Александар Пешев
[Рецензија: Аболицираниот Заев сега како морален судија]
Коментар? Новинарска белешка? Едиторијал? Пред нас имаме недефиниран ираз, кој, ако веќе мора да се нарече новинарски напис, би можеле да го класифицираме како нова формa.
Наслов на анализираниот напис: Аболицираниот Заев сега како морален судија
Датум и време на објавување: 11.02.2015, 23:47
Датум на рецензирање: 12.02.2015
Рецензент: Александар Пешев
Дами и господа на поротата – слободни сте. Конечната пресуда за случајот ќе ја донесе овој непотпишан текст. Вклучувањето на цитат од „една телевизија“ не прави многу за разбивање на првичниот впечаток дека објавата наликува на партиско соопштение.
Да почнеме со ред: најочигледно е дека имаме коментаторски елементи или тврдења неподдржани со извор или лице.
„Иако вели дека ќе биде објавено само тоа што е поврзано со криминалот на власта, сепак контрадикторностите немаат крај.“
Неуспешен е обидот за ублажување на коментарите со реторички прашања, кои имаат навивачка функција и недвосмислено можат да се интерпретираат како „Уа за лидерот на опозицијата!“.
„Во неговата конфузност, фатен во лага, Заев ли треба да биде човекот што би ценел што е криминал, а што не?“
Едностраноста е надградена со новинарски спин, со тоа што коментартите и саркастичните реторички прашања, без докази за потврда на информации, презентирани како факти, се врзуваат за изјавата на именуваниот.
Речникот звучи познато, посебно терминологијата во насловот… Како да сум видел вакви формулации и во друга пригода…
„Аболицираниот Заев е должник на Црвенковски и ги извршува неговите наредби“
Партиско соопштение на ВМРО – ДПМНЕ 9 – 6- 2014
И ова не е единствена пригода во која се користи идентичен термин. Во секој случај, ваквите описи, популарно наречени „брендирање“, не припаѓаат во новинарска објава. Функција на новинарството не е да жигосува ниту, пак, да пресудува кој е во право, а кој не.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови