Призраци, сеништа и зомби-креатури како медиумски содржини
Објавено во Рецензии
on 12 - 02 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски(Рецензија: Тони Михајловски до Заев: Лутка са насловне стране!)
Три различни целини треба да се разликуваат кога треба да се проценат професионалните стандарди на медиумската содржина што е предмет на оваа рецензија.
Една е приватната содржина на профилот на една од социјалните мрежи на лидерот на најголемата македонска опозициска партија, вториот е, исто така, приватната содржина на една проминентна личност од нашата уметничка средина, и третиот елемент е медиумската содржина која ја пронашла врската меѓу првите две и од тоа прави медиумска содржина.
Во последните години на обесчестување на професионалните стандарди на македонското новинарство, се изнагледавме, изнаслушавме и се изначитавме бласфемии кои претендираат да се промовираат како новинарство. И оваа содржина е една од тие. Ама, додека трае тоа хулење на професијата и на јавниот дискурс, должност на стражите на добриот вкус и на професионалните етички стандарди е да бидат будни.
Линк до оригиналниот напис: Тони Михајловски до Заев: Лутка са насловне стране!
Датум и време на објавување: 08.02.2015
Датум на рецензирање: 11.02.201
Рецензент: Зоран Бојаровски
Првите два елементи не се проблем. Приватниот профил на некоја социјална мрежа е место за искажување на приватни ставови. Се разбира, не сакаме да игнорираме дека личностите од проминенција, познатите личности со авторитет или стручност, на своите профили можат да објавуваат информации, мислења, коментари од интерес за пошироката јавност. Тоа е доволно некој медиум, врз основа на една таква информација, да формира медиумска содржина. Но, она што треба да биде испочитувано е, прво, таа информација навистина да биде од интерес за јавноста, и, секако, не помалку важно, „пакувањето“ да се спроведе според професионалните медиумски принципи.
Ништо од овие препораки не се огледува во медиумската содржина што ја рецензираме, а која се прикажува како новинарство на интернет-портал, кој мора да има одговорност зашто е еден од најчитаните.
Наместо тоа, имаме афирмација на нетрпеливост на личносен план, сеирџиство и аматерско политичко алапачење.
Тоа не се информациски содржини од интерес за јавноста и, соодветно на тоа, не заслужуваат да бидат третирани медиумски.
Но, како што веќе рековме, со години наназад се соочуваме со призраци, сеништа, зомби-креатури кои се прикажуваат како медиумски содржини и, како такви, треба да бидат оценети и именувани.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
нема факти
може, ама зошто?
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
нема информации!
ПРИСТРАСНОСТ
да, ама е небитно!
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови