Рецензии

Рецензии: Груевски: Македонија била таргет на снимање разговори на странска разузнавачка служба

на 3. 03. 2015 | |
  На денот кога опозицијата преку настап на Зоран Заев ја објави т.н. „четврта бомба“, премиерот излезе со свој соло-настап пред новинарите и тоа само еден час по завршување на првоспоменатата прес-конференција. Тоа беше негово прво излегување пред јавноста по 31 јануари, кога објави дека некој сакал да направи „пуч“ во земјата и природно дека новинарите имаа многу прашања, по драматични повеќе од три недели, и за него, првиот човек на Владата, ама и за државата во која сите живееме. Сепак, иако за организаторот на прес-конференцијата во Владата имаше многу прашања, гледачот, оној кој ги следеше ТВ-вестите, требаше да врти доста канали и да изгледа доста информативни емисии за да дознае за само дел од нив. Изборот на прашањата кои

Рецензија: Зошто „македонските Анонимуси “ предизвикаа паника на Бихаќка ?

на 27. 02. 2015 | | sq
  Ова е еден крајно манипулативен и политички пристрасен текст, кој се базира само на шпекулации и на чаршиски муабети, без поткрепа со факти. Единствен факт употребен во овој текст е дека „Македонски анонимуси“ објавиле видеозапис на „Јутјуб“ со кој тврдат дека ги хакирале компјутерите на СДСМ и дека ќе ја објавеле „правата вистина“, спротивна на проектот „Вистината за Македонија“, кој го реализира опозицискиот СДСМ преку т.н. „бомби“. Насловот и текстот се тенденциозни со намера да предизвикаат паника во опозицијата и во јавноста, алудирајќи дека таа веќе почнала да се шири. Но, без никакви докази за тоа, тезата лесно паѓа во вода. Линкуван наслов на анализираниот напис: Зошто „македонските Анонимуси “ предизвикаа паника на Бихаќка ? Датум и време на

Рецензија: Фото: Младиот пленумец блесна во својата поза на млад Адам

на 27. 02. 2015 | |
  Фотографија на млад човек, без облека, но која не ги надминува границите на добриот вкус, дури ни за младата публика, се објавува на страниците на еден медиум, притоа проследена со груби и навредливи инсинуации, па и отворени дисквалификации, кои несомнено укажуваат на намерата таа личност да биде оцрнета и исмејана во очите на јавноста. Ова е, накусо, основното обележје на сочинението што е предмет на рецензијава. Нема дилема дека материјалот нема никаква врска со новинарство бидејќи ги занемарува, па и гази сите општи принципи на кои почива новинарската професија и етика – вест во написов не постои, материјалот е целосно нерелевантен за јавноста, приватноста на еден човек, инволвиран во протести на студентите на македонските универзитети, е грубо повредена, а

Рецензија: Заеднички договорено да се остави повеќе простор за подготовка на средбата Јункер – Груевски

на 27. 02. 2015 | | sq
  Основната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите. Токму овие главни принципи, утврдени во Преамбулата на новинарскиот Кодекс и на кои треба да се темели новинарската професија, целосно затаиле во веста што ја рецензираме. Овој материјал има цел да ја скрие „шлаканицата“ од Брисел. Па, тргнувајќи од таа идеја, наместо да ја пренесе информацијата дека „претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ја откажал средбата со

Рецензија: Сценариото на Заев полека, но сигурно се урива

на 27. 02. 2015 | |
    Кога вистината се спинува, кога фактите се мешаат со паушални тврдења, кога нема извори, кога отсуствуваат експерти, а се повикува на нивното „мислење“, кога наместо информативни се користат коментаторски елементи, кога пристрасноста е присутна до екстремен степен… тогаш зборуваме за ваков текст Линк до оригиналниот напис: Сценариото на Заев полека, но сигурно се урива Датум и време на објавување: 21.02.2015, 18:01 Датум на рецензирање: 25.02.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

„НОВИНАРСКИОТ“ БАРАБАН ТРОПА ВО ПАРТИСКИ РИТАМ

Од почеток да расчистиме – кога еден напис почнува со констатација, а не со информација, тогаш не зборуваме за кредибилен новинарски производ. Не може, недозволиво е, конечно, неприфатливо е, според ниту еден професионален критериум, главата на еден текст да содржи неаргументирано тврдење, обвинување,

Рецензија: Мијалков: Нема прошка за никого, законите се строги

на 26. 02. 2015 | |
  Во овој случај, целта е јасна – да се релативизира сè она што се случува во овој миг во државата и на конкретниот настан да му се даде сосема друга димензија. Линк до оригиналниот напис: Мијалков: Нема прошка за никого, законите се строги Датум и време на објавување: 20.02.2015, 17:48 Датум на рецензирање: 24.02.2015 Рецензент: Александар Писарев  

УА ШНАЈДЕРИ

Кога сме во кино и во моментот гледаме на филмското платно дека се исечени некои битни секвенци, публиката вика „уа шнајдери“. Во овој случај публиката молчи, а шнајдерите толку го прекроиле „филмот“ што ни оние кои веќе еднаш го виделе, не можат да го препознаат. Ако на „шнајдерите“ тоа им била целта, тогаш работата успешно си ја завршиле. „Филмот“

Истражувачка помија

на 26. 02. 2015 | |

(Рецензија: (Скандал) Откриваме: Американски новинар и воен офицер открива кој стои зад пучот во Македонија!)

Колку и да е атрактивна за медиумите, блиски до политиките на актуелната власт кај нас, оваа информација се појави само во два-три крајно нерелевантни интернет-портали. Тоа, од една страна, потврдува дека поголем број од медиумите препознале сомнителна содржина, автор и медиуми од каде што е преземена оваа приказна (за мали деца). Како и да е, за да не остане без проверка, следува оваа рецензија за која сметаме дека имаме доволно аргументи за да ги потврдиме нашите оцени. Линк до оригиналниот напис: (Скандал) Откриваме: Американски новинар и воен офицер открива кој стои позади пучот во Македонија! Датум и време на објавување: 18.02.2014 Датум на рецензирање: 24.02.2015

Рецензија: Хан: Опозицијата да се врати во парламентот и да се формира парламентарна група

на 25. 02. 2015 | |
    Селективност, селективност, селективност, селективност… Линк до оригиналниот напис: Хан: Опозицијата да се врати во парламентот и да се формира парламентарна група Датум и време на објавување: 18.02.2015, 18:30 Датум на рецензирање: 21.02.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ИЗЈАВА „ИЗРЕЖАНА“ СПОРЕД НЕЧИЈА МЕРКА Има една поговорка која ја користат соседите, за која баш и нема најсоодветен превод на македонски јазик, а оди вака: „Што се баби хтило, то јој се и снило“. Значи, тоа што некому му се сакало, така и излегло – субјективно, а не врз основа на објективните чинители. Материјалот в рака не е многу сложен, имаме изјава на еврокомесарот за проширување, која, всушност, е само еден дел од неговото целосно интервју дадено за „Радио Слободна

Рецензии: ВМРО ДПМНЕ прифаќа, СДСМ не знае дали е за парламентарна разврска

на 25. 02. 2015 | | sq
  Употребата на анонимни „дојави“ останува класика за тоа како овде се набљудуваат релациите меѓу двете најголеми партии. Дури и во атмосфера на максимална политичка борба, кога барем едната страна не е заинтересирана да остане анонимна. Проблемот на овој начин на приоѓање на анализите е што дури и кога некои навистина информирани извори даваат податоци за новинарот (новинарката), ние веќе стануваме скептични. Впрочем, таквото информирање може да е инцидентно, а не да станува атрибут на „брендот“ во новинарството.
Во текстот е проблематичен насловот кој не ја одразува суштината на одговорите, но затоа ја спинува јавноста. Линкуван наслов на анализираниот напис: ВМРО ДПМНЕ прифаќа, СДСМ не знае дали е за парламентарна разврска Датум и време на објавување: 19.02.2015, 17:26 Датум на

Рецензија: Исповед на една Србинка во автобус: Косоварите се среќни што си заминуваат од својата земја

на 21. 02. 2015 | | sq
  Секој новинар мора да знае дека основна функција на новинарството е да информира, точно и прецизно. Овој текст покажува дека е пропуштена шанса читателите да бидат информирани точно, навремено, што е можно подетално и квалитетно. Линк до оригиналниот напис: Исповед на една Србинка во автобус: Косоварите се среќни што си заминуваат од својата земја Датум и време на објавување: 18.02.2015, 10:03 Датум на рецензирање: 20.02.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПРОБЛЕМ СО ВИСТИНИТОСТА

Овој напис има проблеми и со вистинитоста затоа што се потпира на анонимен, неидентификуван извор. Текстов или приказната во него е „наводна“, затоа што тешко може да се докаже дека е вистинита, притоа е проблематично и времето кога е објавена – додека македонската политичка сцена се тресе