Рецензии: ВМРО ДПМНЕ прифаќа, СДСМ не знае дали е за парламентарна разврска
Објавено во Рецензии
on 25 - 02 - 2015 Автор: Љубомир Костовски
Употребата на анонимни „дојави“ останува класика за тоа како овде се набљудуваат релациите меѓу двете најголеми партии. Дури и во атмосфера на максимална политичка борба, кога барем едната страна не е заинтересирана да остане анонимна. Проблемот на овој начин на приоѓање на анализите е што дури и кога некои навистина информирани извори даваат податоци за новинарот (новинарката), ние веќе стануваме скептични. Впрочем, таквото информирање може да е инцидентно, а не да станува атрибут на „брендот“ во новинарството.
Во текстот е проблематичен насловот кој не ја одразува суштината на одговорите, но затоа ја спинува јавноста.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ВМРО ДПМНЕ прифаќа, СДСМ не знае дали е за парламентарна разврска
Датум и време на објавување: 19.02.2015, 17:26
Датум на рецензирање: 22.02.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
„Од партијата на Зоран Заев не дадоа мислење ниту за тоа дали предлогот, всушност, индиректно значи и можно враќање на опозицијата во парламентот и оттаму продолжувањето на дијалогот преку учеството во комисијата. Иако втор пат испративме имејл во кој инсистиравме на конкретен одговор за комисијата, до затворањето на весникот до СДСМ не добивме став за предлогот на еврокомесарот.“
Се прави обид да се прашаат двете најголеми партии дали би ја прифатиле идејата на еврокомесарот Хан за формирање анкетна комисија. Се вели дека во СДСМ не знаат дали се за тој предлог иако излегува дека оттаму е добиен одговор кој значи дека најпрвин треба да се исполнат барањата на ЕУ до земјава во областа на политиката, правосудството и слободата на медиумите, па потоа може да се разговара за сè. Инсистирањето на „дообјаснување“ е, се чини, излишно, па така и заклучиле во СДСМ.
Проблемот е што насловот сугерира дека владејачката партија е за овој предлог. Ама, ако внимателно го прочитате тој текст, па и неколкупати, никаде не стои дека тоа е став на ДПМНЕ! Имено, таму токму велат дека „немаат официјален став“. Како немањето став станува – позитивен, веројатно знае оној кој го потпишал текстот, ама тоа е по малку худиниевско искуство. Но, постоел и некој неофицијален одговор кој сугерирал дека оваа партија би го прифатила тој предлог! Ама неволјата е што ниту официјалниот одговор, ако е таков каков што се дава, нема никаков јасен и препознатлив потпис! Што е тука, всушност, неофицијално? Пракитчно сè. Значи, новинарката нема ништо во рацете со што би го одбранила насловот, освен потребата да постави на страницата спин кој ќе ја направи едната партија (СДСМ ) неконструктивна, а другата (ДПМНЕ) – конструктивна.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови