Рецензии

Рецензија: СДСМ ја банкротира Македонија секој ден во последните 9 години

на 13. 03. 2015 | | sq
  Насловната конструкција: „СДСМ ја банкротира Македонија секој ден во последните 9 години “, на прв поглед изгледа збунувачки. Прозвучува како СДСМ да е на власт! Фактички, овој текст е озаглавен со целосно промашен наслов. Написот се однесува на прес-конференцијата на министерот за финансии (2 февруари 2015 година), за која директен повод беше шестата „бомба“ на прислушувани разговори што ги објави лидерот на СДСМ. Но, пораката од насловот воопшто ја нема во содржинскиот дел од текстот, па тој буквално „виси“. Линк до оригиналниот напис: СДСМ ја банкротира Македонија секој ден во последните 9 години Датум и време на објавување: 02.03.2014, 21:04 Датум на рецензирање: 08.03.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Текстот селективно информира за прес-конфдеренцијата на Ставрески.  Во него е

Рецензија: Дали Заев соработува со истите странски служби со кои го молеше Тачи?

на 11. 03. 2015 | | sq
  Медиумот категорички констатира дека Зоран Заев соработувал со странски служби, му лепи и хипотека дека тоа го правел и пред една година кога на Мендух Тачи му испратил една телефонска порака. Според медиумот, сега е дилемата само од кога соработува и дали се тоа исти странски служби „со кои го молеше Тачи да му помогне во рушењето на  демократски избраната власт во Македонија“. Линк до оригиналниот напис: Дали Заев соработува со истите странски служби со кои го молеше Тачи? Датум и време на објавување: 03.03.2015, 14:47 Датум на рецензирање: 05.03.2015 Рецензент: Александар Писарев  „Дали Заев соработува со истите странски служби со кои го молеше Тачи?

Од кога Зоран Заев соработувал со странски служби и чии се тие служби кои

Рецензија: Заев е прочитан, сценариото разобличено- кривичните пријави имаат политичка цел

на 10. 03. 2015 | | sq
  „Партиско соопштение“ – ете така, без каква било резерва, може да се нарече овој напис кој бесрамно, во стилот на кукавичко јајце, ни се подметнува како легитимен новинарски производ. Целиот текст, всушност, е само некаква си платформа за пласирање само една страна на приказната, нормално таа на власта. Линк до оригиналниот напис: Заев е прочитан, сценариото разобличено- кривичните пријави имаат политичка цел Датум и време на објавување: 05.03 2015,

Рецензија: Јанкулоска фрапирана како некој се вработил во суд без партиска книшка

на 10. 03. 2015 | | sq
    Објавувањето на записите за прислушувањата кои се вршени врз граѓаните на Македонија, во најголем број од медиумите предизвика дебата околу формалните аспекти, а многу малку се оние стории кои се врзуваат за содржината на тој материјал и за – пораките. Провладините медиуми, главно, инсистираа на моментот „кој снимал“, додека оние другите, главно, површно ги раскажуваа сознанијата од т.н. „бомби“, кои, секоја за себе, има внатре многу предизвици за

Рецензија: Заев лажно обвинува, СДСМ ги призна избирачкиот список и изборните резултати

на 10. 03. 2015 | |
Текстот што го рецензираме има проблем со вистинитоста и со хронологијата на настаните што ги опишува. Кулминација на непрофесионалниот пристап и на пристрасноста е видлива уште во насловната конструкција. Навистина, од каде толкава храброст на граѓаните да им се фрла прав в очи со констатaцијата дека „СДСМ ги призна изборните резултати“, кога од првиот ден на соопштување на резултатите од гласањето, опозицијата јасно им стави до знаење на граѓаните и на меѓународната заедница дека не ги признава изборните резултати поради низа неправилности и манипулации, дека поради тоа бара формирање техничка влада и нема да влезе во парламентот (СДСМ не ги признава изборите, ВМРО ДПМНЕ слави, СДСМ не ги признава изборите). Линк до оригиналниот напис: Заев лажно обвинува, СДСМ ги призна

Рецензија: Грчките медиуми ги земаат за пример нашите економски политики

на 9. 03. 2015 | | sq
  Напумпан наслов и текст кој нема никаков допир со реалноста. Се наведуваат замислени заклучоци, кои не се поткрепени со никакви факти и наводи. Со еден збор, авторот на овој текст од  „мравкка направил слон“. Линкуван наслов на анализираниот напис: Грчките медиуми ги земаат за пример нашите економски политики Датум и време на објавување: 03.03.2015 Датум на рецензирање: 06.03.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Додека Грција се бори да излезе на крај со празен буџет и најверојатно се подготвува за нов заем од меѓународните кредитори, Македонија го отплати својот долг, и тоа 13 месеци порано, пренесува МИА. Ова денеска го пишуваат грчките медиуми јавувајќи за предвремената отплата на долгот кон ММФ од страна на македонските власти  и во исто време ја пренесуваат

Рецензија: Тие ни ги ебаа фасадите, а ние држава ќе им даваме да водат

на 7. 03. 2015 | |
  Ако ова може да се нарече текст, тогаш тоа е многу лош новинарски производ. Целиот е коментаторски, а ставен е во рубрика „Македонија“ како ударна вест. Воопшто не се труди да докаже нешто, ниту да понуди извор, да биде содржан и објективен. Насловот е тенденциозен, невистинит и сосема непотребно безобразен, со оглед на тоа што содржи уличарски термин. Целиот напис, исто така, е напишан без почитување на ниту едно правило од важност за еден новинарски текст. Линк до оригиналниот напис: Тие ни ги ебаа фасадите, а ние држава ќе им даваме да водат Датум и време на објавување: 05.03.2015 Датум на рецензирање: 06.03.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Прво, мора да се каже дека насловот е вулгарен и недостоен за еден

Рецензија: И Германците потврдија: На Заев не може да му се верува

на 7. 03. 2015 | | sq
  Насловот, каков што е изведен на медиумската содржина што ја рецензираме, не само што не е точен и не само што нема ниту една причина да биде така формулиран, туку претставува сериозна измама на јавноста и грубо прекршување на Кодексот на новинарите и на сите можни професионални стандарди во новинарството. Тука може и да заврши оваа рецензија. Но, повторно, заради објавените принципи на темелност и на сеопфатност во анализите на новинарските текстови што си ги има зададено проектот „Сервис за проверка на фактите од медиумите“, ќе ја завршиме оваа оцена без да има какво било сомневање во неа. Линк до оригиналниот напис: И Германците потврдија: На Заев не може да му се верува Датум и време на

Рецензија: Каков бизнис имал Заев со синот на Верушевски? (видео)

на 7. 03. 2015 | | sq
  Ова е уште еден текст со кој се извртува вистината и се спинува за да се дискредитира лидерот на СДСМ. Целиот текст околку овие прашања е изваден од контекст, а на тоа му се налепуваат непотврдени аргументи или шпекулации, со што текстот звучи повеќе како обивинителен акт отколку како новинарски производ. Настрана што сето ова што е напишано за дешифрираните пораки е во доменот на шпекулација. За разлика од аудиоснимките со телефонски разговори, кои опозицијата ги објавува во целост и кои сите ги слушнавме, овие пораки, со оглед на нивната неаудиолошка и невизуелна природа, не можеме да ги видиме/слушнеме на начин кој ќе нè увери дека се вистинити и автентични. Линк до оригиналниот напис: Каков бизнис имал Заев со

Рецензија: Убиен опозиционер, застрелан на улица додека шетал со жената

на 7. 03. 2015 | | sq
  Насловот на овој текст, во кој се испуштени клучни податоци, како, на пример, земјата во која се случил настанот или името на опозиционерот, има цел да го наведе читателот на погрешен заклучок. Тој, исто така, содржи и погрешни информации, односно се вели дека опозицинерот бил со својата жена во моментот на убиството. Линкуван наслов на анализираниот напис: Убиен опозиционер, застрелан на улица додека шетал со жената Датум и време на објавување: 27.02.2015 Датум на рецензирање: 04.03.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Во услови на политичка криза во Македонија, кога опозицијата на чело со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги објавува т.н. „бомби“, а Владата на чело со премиерот Никола Груевски поднесува кривична пријава за организирање државен „Пуч“, во која е опфатен