Рецензија: Грчките медиуми ги земаат за пример нашите економски политики
Објавено во Рецензии
on 9 - 03 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
Напумпан наслов и текст кој нема никаков допир со реалноста. Се наведуваат замислени заклучоци, кои не се поткрепени со никакви факти и наводи. Со еден збор, авторот на овој текст од „мравкка направил слон“.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Грчките медиуми ги земаат за пример нашите економски политики
Датум и време на објавување: 03.03.2015
Датум на рецензирање: 06.03.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Додека Грција се бори да излезе на крај со празен буџет и најверојатно се подготвува за нов заем од меѓународните кредитори, Македонија го отплати својот долг, и тоа 13 месеци порано, пренесува МИА.
Ова денеска го пишуваат грчките медиуми јавувајќи за предвремената отплата на долгот кон ММФ од страна на македонските власти и во исто време ја пренесуваат изјавата на директорката на Фондот Кристин Лагард.“
Грчките медиуми, наводно (велиме „наводно“, бидејќи тие не се цитирани, ниту линкувани, поради што лесно може да се заклучи и дека пренесената вест е измислица), ја пренеле информацијата дека Македонија предвреме го отплатила својот долг кон ММФ и изјавата на Лагард која го поздравила ваквиот потег. И тоа е сè. Од пренесување на една информација не може да се изведе заклучок дека грчките медиуми ги зеле за пример македонските економски политики. Ова оттаму што поимот „економски политики“, кој е употребен во насловот, е доста широк и не подразбира само враќање на еден долг.
Оваа вест ја пренесоа и некои босански медиуми, а, сепак, авторот не напишал дека тие ги земаат за пример нашите економски политики.
Факт е дека Македонија го отплати својот долг кон Фондот предвреме, но факт е и дека парите со кои Владата го врати овој кредит се, исто така, од странски кредитори – еврообврзницата. Имено, Владата одлучи да отплати евтина кредитна линија со пари од поскап извор на финанасирање.
„Сега ние имаме состојба во која поефтин кредит се враќа со задолжување што го направија со повисока камата, односно преку Еврообврзницата. Односно, кредитот што беше земен со ниска камата, Владата го врати со кредитно задолжување со повисока камата. Според пресметките што ги направив, ефективната каматна стапка на последната Еврообврзница изнесува 5,1%, и со вакво задолжување ние раздолживме кредит со камата нешто повисока од 1%, вели екс гувернерот Гошев во изјава за порталот Фактор.“
Оттука, нелогично е некој ваквиот потег да го зема за пример. Поради тоа, лесно може да се каже дека авторот на овој текст имал цел да го изманипулира читателот дека Владата направила одличен чекор, за што „капа ѝ симнала“ Грција, земјата со која сè уште не сме го решиле спорот за името на нашата земја, не пренесувајќи ги целосно сите факти поврзани со отплатата на долгот кон ММФ. Во тоа му помогнале и наводните грчки медиуми.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови