Рецензии

Рецензија: СДСМ самата си ја сруши веродостојноста – призна дека креираните разговори се сечени и полувистини

на 18. 03. 2015 | |
  Текстот е конструкција направена од сецкани новинарски написи. За да се скрие манипулацијата со читателите, дадени се и линкови на споменатите написи. Веројатно се претпоставувало дека никој нема да ги отвори и да направи споредба со она што е објавено. А, ако се направи таква споредба, тогаш паѓа во вода тезата која е пласирана и во предолгиот наслов, кој е, всушност, и главната и, за жал, неточна вест, дека „СДСМ самата ја срушила веродостојноста на приказната со објавување на снимените разговори“ Линк до оригиналниот напис: СДСМ си ја сруши веродостојноста – призна дека креираните разговори се сечени и полувистини Датум и време на објавување: 14.03.2015 14:15 Датум на рецензирање: 16.03.2015 Рецензент: Александар Писарев  

АМОРТИЗЕР ЗА КРИМИНАЛИТЕ НА ВЛАСТА

Рецензија: „Ќе биде најверојатно граѓанска војна“

на 16. 03. 2015 | | sq
  „Поттикнување страв и нетрпеливост“. Вака наш читател гледа на овој текст, особено на насловот. Но, она што, всушност, може да се заклучи од текстот е дека тој е политички манипулативен, со тенденција да се надоврзе на тезата на владејачката партија, дека опозицијата сака да предизвика граѓанска војна во Македонија. Она што е спорно, е дека ваквиот заклучок се вади од материјали од истрагата за случајот „Пуч“, за кои сè уште не е утврдено во судска постапка дали се веродостојни или не. Линкуван наслов на анализираниот напис: „Ќе биде најверојатно граѓанска војна“
Датум и време на објавување: 05.03.2015
Датум на рецензирање: 16.03.2015
Рецензент: Ана Анастасовска „Шест илјади пораки и материјал од над 300 страници е резултатот на пробиениот „Скајп“ на

Рецензија: Грците неуморно го бранат Заев: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ биле националисти, а ГДОМ анти-грчка организација

на 16. 03. 2015 | |
  Во односите со јавноста спинот претставува форма на пропаганда постигната преку овозможување интерпретација на настан или кампања за убeдување на јавноста во корист или против одредена организација или јавна личност. Ова е дефиницијата за тоа што претставува спинот во медиумите. Така тоа изгледа во теоријата, а овој текст тоа ни го покажува и во практика. Линк до оригиналниот напис: Грците неуморно го бранат Заев: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ биле националисти, а ГДОМ анти-грчка организација Датум и време на објавување: 10.03.2015 11:11 Датум на рецензирање: 15.03.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

КОРУМПИРАНО ЧЕТИВО ЗА ДОМАШНАТА ЈАВНОСТ

Како што веќе рековме, пример за класичен спин. Пишувања во грчки медиум, се согласувам, со силна националистичка реторика, се искористени и (зло)употребени со тоа што, во земјава

Рецензија: Дестабилизација за политичка реинкарнација – СДСМ игра на оваа карта за враќање по политичкиот пост од 9 години

на 16. 03. 2015 | |
  Овој текст e конструиран врз шпекулации. И новинарските написи пишувани врз база на шпекулации мора да имаат извори, кои ќе ги протолкуваат наодите изнесени во нив. Тоа е многу важно, особено кога се работи за шпекулации кои, како во случајов, имаат намера да дезинформираат и да дефокусираат. Линк до оригиналниот напис: Дестабилизација за политичка реинкарнација – СДСМ игра на оваа карта за враќање по политичкиот пост од 9 години Датум и време на објавување: 06.03.2015, 19:51 Датум на рецензирање: 09.03.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕСЕОПФАТНОСТ И ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

„Со објавените факти во јавноста, СДСМ, лидерот Зоран Заев и неговите соработници, сакаат да предизвикаат дестабилизација во Македонија, сметаат експертите. Ова според нив, досега се потврди неколку пати и на јавноста и

Рецензија: Еве до каде дотурка сценариото на Заев: Ермира Мехмети бара Албанец за премиер!

на 16. 03. 2015 | | sq
  Насловот на медиумската содржина што ја рецензираме објавува и најавува којзнае каква ерес, иако, дури и да го земеме како факт ставот на пратеничката Ермира Мехмети, изнесен на нејзиниот приватен профил на една социјална мрежа, новинарот и медиумот, нема никаква професионална основа да се осуди тој став на таков начин. Зашто, според врвниот принцип на етичност и на професионалност во своето работење, треба да се почитува ставот од преамбулата на Кодексот на новинарите кој нагласува дека: Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и

Рецензија: Шеќеринска и СДСМ немаат кредибилитет да говорат за слобода на новинарите

на 15. 03. 2015 | |
  Додека уште траела трибината на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во која тој на граѓаните присутни во „Универзална сала“ и на платото пред неа им ги презентирал најновите тонски снимки што укажуваат на изборните манипулации, медиумот во исто време побрзал да објави текст, со кој како во боксерски ринг, сакал директно да ја „нокаутира“ заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, да ѝ „затвори уста“, а на граѓаните, преку партиски мегафон, како со инка да им ја истури в уши својата вистина. Притоа, да го дисквалификува не само директниот политички противник, туку и плејада личности и свои колеги кои апсолутно немаат во тој момент никава врска со излагањето на Шекеринска и со настанот во „Универзална сала“. Линк до оригиналниот напис: Шекеринска

Рецензија: Сексуално пренослива болест сее страв во Македонија

на 15. 03. 2015 | |
  Застрашувачка болест сее страв низ Македонија небаре епидемијата само што не е прогласена, веќе со насловот нè заплашува написот што го рецензираме. На прв поглед, информацијата е добро структурирана – имаме тема, извор, податоци, појаснување, заклучок. Но, кога внимателно ќе се прочита, ќе стане јасно дека се работи за број на лица кои на годишно ниво се регистрираат како инфицирани од бактеријата кламидија, лесно излечлива сексуално пренослива инфекција, на подрачјето на само една општина во Македонија. Всушност, кламидијата е една од многуте инфекции што вообичаено се присутни кај македонската и кај светската популација, не е смртоносна, туку излечива и тоа со лекови достапни во секоја аптека. Ако се позанимаваме малку со бројки, оние дадените во текстот, како и бројките

Рецензија: Пустец со 3.200 гласачи виновен за поразот на опозицијата со 200.000 гласа разлика

на 15. 03. 2015 | | sq
  Ова е текст кој е целосно извртен. Се спинува огромниот криминал со изборите за да се минимизира со теза која воопшто не е битна. Во целата процедура со замајување, се употребуваат и математички и географски информации кои само го одвлекуваат вниманието од главната вест. Линк до оригиналниот напис: Пустец со 3.200 гласачи виновен за поразот на опозицијата со 200.000 гласа разлика Датум и време на објавување: 06.03.2015, 22:11 Датум на рецензирање: 12.03.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ДЕФОКУСИРАЊЕ

Текстот упорно се труди да дефокусира и да ја измести главната теза. Таков пристап е присутен од почетокот до крајот. Таква е, на пример, изјавата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој учествувал во прочистување на изборниот список. „Ние настојуваме на нашите

Овој напис покажува што е класично креирање

на 13. 03. 2015 | | sq

[Рецензија на написот „Нов скандал: Заев, Рилковски и Дума на тајна средба“]

Во рамките на актуелната и отворена пропагандна војна меѓу големите партии, која во најголем дел од медиумите наликува на „општа практика“, дури и нешто како утринска гимнастика или рутина, се издвојува и овој прилог каде се тврди дека опозиционерското водство имало тајна средба со членовите на ДИК. Не се кажува целата листа на учесници, местото на таа тајна

Рецензија: Нема Македонци во Европа! Вели мапата на Карл Билт

на 13. 03. 2015 | | sq
  Во право, сосема во право, е читателот на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ кога, предлагајќи ја оваа медиумска содржина за рецензија, вели: „…мапата не ја нацртал Карл Билт, туку некој друг …, само ја споделил. Сигурно не ја проверувал колку е точна.“ Тоа е сосема точно зашто мапата изворно е објавена на социјалната мрежа „Редит“ (Reddit), а потоа и на „Брилиант мапс“ (Brilliant Maps), од каде што пристигнала преку ретвит на твитер-профилот на Карл Билт. „Редит“ е социјална мрежа на која корисниците споделуваат содржини во различни категории, а потоа членовите на таа заедница гласаат и дебатираат за таа содржина. Веб-страницата нема никакви научни, ниту, пак, политички претензии за некаква точност и само така треба