Рецензии

Веќе ви кажавме што рече премиерот вчера – ќе ви кажеме повторно

на 10. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Економскиот раст и добрата безебдносна ситуација ги оддалечуваат СДСМ од посакуваното враќање на власт]

  Да почнеме со ред: наслов надвор од стандардот, неиздржани тврдења, непрецизирани извори на информации, едностраност што конечно доведува до пристрасност Линк до оригиналниот напис: Економскиот раст и добрата бебзедносна ситуација ги оддалечуваат СДСМ од посакуваното враќање на власт Датум и време на објавување: 05.04.2015, 17:37 Датум на рецензирање: 07.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

БАЈАТ НАСТАН МАСКИРАН ВО ДНЕВНА ИНФОРМАЦИЈА

 Да видиме што од аспект на актуелност носи овој материјал. Се темели, генерално, на настапот на премиерот и лидер на владејачката партија од претходниот ден. Значи, станува збор за рециклирање на говор „бајат“ 24 часа што ѝ се пласира на публиката како некаква вест. А,

Измислени „Баба Роги“: Плашење со „Законот“ (кој закон?), Синдикатот и со ФООМ (Сорос)

на 8. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Нелегитимниот Средношколски пленум ги изложува учениците на ризик – законот пропишува глоба за родителите]

  Рецензираме текст кој не може да се нарече коректен новинарски производ. Не задоволува еден од основните критериуми на новинарската професија – не е јасен, не е содржаен, информациите во него не се точни. Не само што се обидува да манипулира со граѓаните, туку со погрешна интерпретација на закон, чиј целосен назив го крие, уште во насловот ги заплашува родителите, внесува во нив и во учениците немир и повикува на мобилизација против легална и со устав дозволена граѓанска активност – право на протест и јавно изразување на незадоволство. Линк до оригиналниот напис: Нелегитимниот Средношколски пленум ги изложува учениците на ризик-законот пропишува глоба за родителите

АЕК или ААВМУ?

на 8. 04. 2015 | |
  Фактите во новинарството се светост. Тие се основниот елемент кој читателот го врзува за новинарскиот производ, а на новинарот и на медиумот им дава кредибилитет. Затоа проверката по двапати најмалку, на веќе напишан текст, е нужност на која треба да биде подготвен секој новинар, уште пред да го предаде текстот на уредникот, кој потоа повторно треба да ги провери фактите, но и да направи други уреднички интервенции по потреба.

Наместо одговори, спинерски и политички пристрасен текст

на 8. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: „Курир“: Опозициски новинари ја потврдуваат аферата „Фабрика 2“]

  Кога ќе го прочита насловот на овој текст, логично е читателот да помисли дека ќе прочита и одговори на некои прашања поврзани со наводната афера „Фабрика 2“, која во јавноста, преку интервју за „Утрински весник“, ја пушти новинарот Васко Ефтов. Но, наместо одговори, она што го чека читателот е еден спинерски и политички пристрасен текст, кој изобилува со дискредитација

Фото излог на срамот – „вест“ со фотографија стара 10 години

на 8. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Излог на срамот – Верва должи 480 денари (фото)]

  Ова е текст кој покрај тоа што е невистинит, е и од настан кој се случил пред 10 години. Покрај тоа, во него ги нема основните елементи на новинарска информација. Нема ниту каде, ниту, кој, како, зошто… Ставена е само една фотографија со која треба да се изглуми фотовест, која на крајот излегла погрешна, неточна и срамна информација.

Напис што наликува на класично озборување

на 8. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ ги злоупотребува средношколците]

  Крајно едностран текст, новинарски неиздржан, со отсуство на факти и на аргументи, своевидна одбрана на Владата и истовремен напад на „Средношколски пленум“. Главен виновник за незадоволството на учениците, замислете само, пак се опозицијата и Сорос. Зошто? Зашто така некому му било ќеф!  Линк до оригиналниот напис: СДСМ ги злоупотребува средношколците Датум и време на објавување: 01.04.2015, 15:07 Датум на рецензирање: 05.04.2015 Рецензент: Владимир

Подметната наменска конструкција во стилот: Обвинителството ни е „топ“!

на 7. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Дерала призна: ЕК посочи дека државата и обвинителството имаат капацитет да се справат со случајот „Пуч“]

  Пред нас имаме куса информација, но исклучително манипулативна. Во неа со еден селективен пристап, извртување на тезите и со спинување на вистината, уште со насловот се ипраќа пораката дека Јавното обвинителство е независно, има интегритет и ужива доверба. За таа цел е искористен настапот на претседателот на невладината организација „Цивил“, Џабир

Школски пример на пропаганден памфлет маскиран во квазивест

на 7. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев сам се фати во лага и за аферата „Грчка хациенда“]

  Тргнувајќи од самиот наслов, па сè до последниот напишан ред, овој напис е школски пример за пропаганден памфлет маскиран во квазивест. Дека се работи за квазивест, ќе познае и лаик: таа не содржи никаква информација, нејзината содржина ја сочинуваат тврдења за кои не се понудени докази, но затоа има лични квалификации, а изјавата од засегнатата страна,

Со клеветнички, срамен текст, уште еден удар врз новинарската професија

на 6. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: По нарачаното срамно видео на „Ал Џезира“, уште еден удар на Заев врз македонската држава]

  Ова е уште еден текст со намера да го омаловажи претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Како и во слични вакви написи и во овој нема факти, ниту текстот се расфрла со аргументи, туку површно, без докази за вистинитоста се пласира теза со една цел – да се нападне лидерот на опозиција и

Манипулации, дискредитации, измислици и невистини

на 6. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Скандалозното барање на Ангелов за сојузништво со УЧК наиде на остра осуда од народот]

  За овој текст не е потребно големо познавање на новинарските стандарди за да се прочита спинот и манипулација со граѓаните. Медиумот се обидува да каже нешто во „име на народот“ иако народот воопшто не е прашан што мисли за темата која новинарот ја отвора. Во текстот се пласирани уште две многу опасни тези.