Со клеветнички, срамен текст, уште еден удар врз новинарската професија
Објавено во Рецензии
on 6 - 04 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: По нарачаното срамно видео на „Ал Џезира“, уште еден удар на Заев врз македонската држава]
Ова е уште еден текст со намера да го омаловажи претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Како и во слични вакви написи и во овој нема факти, ниту текстот се расфрла со аргументи, туку површно, без докази за вистинитоста се пласира теза со една цел – да се нападне лидерот на опозиција и да се омаловажи во очите на читателите.
Линкуван наслов на анализираниот напис: По нарачаното срамно видео на „Ал Џезира“, уште еден удар на Заев врз македонската држава
Датум и време на објавување: 01.04.2015, 17:27
Датум на рецензирање: 03.04.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
КОНСПИРАЦИСКИ ПРИКАЗНИ
Текстот од почеток до крај се занимава со конспирациски приказни. Во „интерес“ на оваа теза се вадат валканите алишта од минати текстови, кои, исто така, плукачки „анализирале“ некој момент. Така, во овој напис имаме собрано три моменти за кои се закачува текстот, а ниту еден не е одржлив.
Најново во оваа серија напади е таа што Заев, наводно, ја загрозува државната безбедност со тоа што објавил прислушувани материјали за корупциски скандал помеѓу македонски функционер и фирма од Израел. И без да прикаже факти за тоа дека е нарушена безбедноста на земјава во написот се клевети човек, кој сака да ја разобличи криминалната структура на власта. Ако имало проблем со безбедноста, најверојатно би се свикал Советот за безбедност, би се подигнала воената готовност на безбедносните сили, би се алармирало по медиумите. Но, такво нешто нема. Сепак, текстот упорно ја турка тезата дека Заев ја загрозува безбедноста на Македонија, а притоа работата да биде дури и смешна, не се цитираат делови од прислушуваните муабети за да се дознае како и зошто се турка овој момент. Со тоа текстов изгледа како кавга на глувиот и на слепиот. Се кара со нешто, а не се гледа со што.
Втората теза која сака да ја наметне текстот е тоа што со гостувањето на одредени функционери на СДСМ и на новинари во емисија на телевизијата „Ал Џезира“, опозицијата сакала да инструира криза со која преку преодна влада би дошла на власт. И тука тешко е да се потврди вистинитоста затоа што е премногу филмски да се помисли дека со едно гостување во некоја емисија може да се направи тензија во Македонија. Притоа, емисијата беше дебатна, без никави јавно изнесени зброви со кои би се наштетило на државата и на нејзината безбедност.
ДА ОМАЛОВАЖИ
Третата теза, во врска со тоа дека СДСМ се залага за премиер Албанец и за новинар Албанец директор на МРТВ, пак, е целосно неразбирлива. Зошто, на пример, да не може тоа да се случи? Зошто не би можело Македонија, која е мултиетничка држава, да нема премиер Албанец или Србин, или Бошњак, Ром? Текстот со тоа ги омаловажува луѓето што живеат во Македонија. И иако сака да го обвини СДСМ за намера за предизвикување меѓуетнички тензии, написот го прави тоа токму. Тој ја разгорува меѓуетничката нетолеранција. Но, најверојатно тоа не можеле инспираторите на овој напис да го претпостават. И, сепак, колку за вистинитоста, мора да се напомене дека анкетата на новинарите за тоа кого гледаат како министер и премиер, беше на неделникот „Фокус“, а не на СДСМ.
Ова е уште еден текст кој има само една проста намена. Да се омаловажат и да се оцрнат опозициската партија и нејзиниот лидер. Затоа и на крајот имаме текст кој не почитува стандарди и професионалност, а на крајот на краиштата и нема никаква смисла.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
креативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови