Рецензии

40 лица во 2 автомобила, нов рекорд во Гинисовата книга

на 27. 04. 2015 | | sq

[Рецензија: Напаѓачите на Гошинце дошле со автомобили од Косово и избегале таму]

  Дури трипати во текстот што го рецензираме, од страна на кососвките власти, не е потврдена веста, која на 21 април ги вознемири граѓаните на Република Македонија, дека околу 40 лица во униформи на УЧК ја нападнале граничната караула во близината на селото Гошинце, на граничната линија со Косово. Еднаш во првичното соопштение на косовската полиција, вторпат во изјавата на портпаролката на МВР на Косово и третпат, директно и на новинарот на медиумот и автор на оваа медиумска содржина што ја рецензираме. Зошто ја рецензираме? Зашто освен овие контрадикторности кои не се расчистени, во оваа информација има една прилично чудна новина – дека 40-тината лица во униформи на

Еклатантен пример за „патриотскиот“ говор на омраза

на 27. 04. 2015 | | sq

[Рецензија: Срамота на годините: Тито Петковски се заканува со насилство кон средината на следниот месец]

Написот е политички пристрасен, полн со коментари и со навредливи епитети, како „имбецил“, „предавник“ и слично, на сметка на лидерот на НСДП, Тито Петковски, кои имаат цел дискредитација на неговата личност и политичко дејствување. Линкуван наслов на анализираниот напис: Срамота на годините: Тито Петковски се заканува со насилство кон средината на следниот месец Датум и време на објавување: 19.04.2015 Датум на рецензирање: 22.04.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Одметнатиот СДСМ-овец, член на комунистичката КПМ, доживотен шетач по фотељи, апсолутен предавник дури и на своите партиски колеги и пензиониран поддржувач на терористите од УЧК од тетово се закани со насилства и немири кон средината на следниот месец.“ Уште

Крајно манипулативен наслов што не ја содржи главната информација

на 27. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца]

  Насловот на овој текст е крајно манипулативен и во себе не ја содржи главната информација, а тоа е за кои категории родилки ќе се зголеми породилното отсуство. Ваквиот наслов создава погрешен впечаток кај јавноста, а тоа очигледно е и главната цел на авторот, да ги изманипулира читателите. Линкуван наслов на анализираниот напис: Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца Датум и време на објавување: 18.04.2015 Датум на рецензирање: 20.04.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Насловот „Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца“ е толку бомбастичен што веднаш привлекува внимание

Позитивно светло врз проблематичен проект со прикривање информации

на 27. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Ќе се продаваат 18 хектари земјиште за комплексот „Љубаниште 1“]

  Веста дека Владата на РМ неодамна на редовна седница ја усвоила одлуката за основање посебна туристичка зона „Љубаништа 1“, на брегот на Охридско Езеро, онака како што е објавена и пласирана е навремена, точна во своите „параметри“ и има многу податоци за тоа што ќе добијат како поволност тие што таму ќе вложуваат во туристички атракции. Владата во својата одлука предвидува ослободувања од многу обврски што вообичаено ги имаат инвеститорите за оние кои ќе се одлучат да градат во близина на Свети Наум. И сето тоа, во основа, даденo низ долг текст, заради проценката дека задоволува поширок интерес, е за пофалба. Се покажува дека е полезно кога

Крв, крв, крв… зафатени сме од синдром на ширење паника

на 27. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Најавите за крв и насилство на Заев поддржани од Црвенковски кој е подготвен за првите редови]

  Овој текст треба да се набљудува во поширокиот контекст на информации кои овие денови ги лансираат медиумите блиски до власта: „Пукотници вo Кондово“, „Oпозицијата најавува крваво сценарио“, „Нападнати советници на ВМРО“, „Опозицијата бара крв на улици“, „Заев подготвува сценарио за насилие“… заплашување со терор и со крвави сценарија кои ги „подготвува опозицијата“. Затоа, овој текст, меѓу другото, треба да се чита како предупредување на она што може да предизвикаат медиумите, ширејќи невистини и извртувајќи ги фактите. Искривувањето на вистината, измислување факти и ширење страв и паника меѓу граѓаните почнува уште во насловот: „Најавите за крв и насилство на Заев поддржани од

Рецензија: Аналитичари: Груевски ги зацрвсти црвените линии

на 23. 04. 2015 | | sq
  Пред нас е тенденциозен, едностран прилог во кој опозицијата и нејзиниот лидер се претставени како креатори на црни сценарија и како дестабилизирачки фактор во државата. За таа цел се користи обраќањето на премиерот на собирот во Прилеп (18 април 2015 година), како и мислењето на само еден аналитичар, кое, пак, се издигнува на ниво на став на цела експретска јавност. Линк до оригиналниот напис: Аналитичари: Груевски ги зацрвсти црвените линии Датум и време на објавување: 19.04.2015, 18:23 Датум на рецензирање: 20.04.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

СПИНЕРСКО ВРАМУВАЊЕ

Прилогот е така скроен и палсиран што создава слика дека опозицијата со објавувањето на прислушуваните „креирани“ материјали прави штета на угледот на државата и подготвува терен за да ја наруши безбедноста на

Рецензија: Бранко стои зад Заев

на 23. 04. 2015 | | sq
  Иако овој текст е речиси во целост коректен, насловот ја покажува неговата намера. А, намерата му е да го оцрни лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кого намерно го спојува со Бранко Црвенковски, алудирајќи на неговата наводна негативна улога. Линк до оригиналниот напис: Бранко стои зад Заев Датум и време на објавување: 20.04.2015, 13:25 Датум на рецензирање: 21.04.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев   ЕДНА НАМЕРА – ДА ОМАЛОВАЖИ Текстот е, всушност, пренесен дел од писмото на Бранко Црвенковски. Сепак, целата забуна ја прави насловот, кој има цел да импутира нешто што не е точно. Така, насловот спинува дека зад целата операција на Заев стои, всушност, поранешниот лидер на СДСМ. Тоа, пак, се прави неумесно, непрофесионално и оддалку се гледа намерата. Написот

Тенденциозно заглавие кое не кореспондира со понудената содржина

на 22. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Пукање во Студеничани: Лица во маскирни униформи напаѓаат во околината на Скопје]

  Станува збор за обид од класичен полициски билтен да се направи сензационално четиво кое може, а можеби и се сакало, да предизвика вознемиреност, па дури и паника кај дел од јавноста. Главниот проблем е во насловот, кој е сè само не соодветен. Пример за тенденциозно заглавие кое не кореспондира со понудената содржина. Линк до оригиналниот напис: Пукање во Студеничани: Лица во маскирни униформи напаѓаат во околината на Скопје Датум и време на објавување: 17.04.2015, 07:12 Датум на рецензирање: 20.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ШТО ТРЕБА ДА ПРОДАДЕ РАЗБОЈНИШТВО ОД ПОЛИЦИСКИ БИЛТЕН

Сензационализам: (Особено во новинарството) е презентација на приказната, настанот на начин кој има

Новинарска мимикрија за пристрасност

на 22. 04. 2015 | | sq

[Рецензија: Одлична вест: Владата ќе им овозможи право на пензија на оние на кои има фали стаж]

  Уште во насловот на оваа вест е нарушен членот 13 од Кодексот на новинарите кој нагласува: Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Значи, мора да биде јасно дека „одлична вест“ во насловот е коментар. Може да има исклучок ако е тоа мислење на некој овластен или експерт кому публиката му верува. Но, тогаш, бездруго, дури и ако е во насловницата на медиумската содржина, мора да биде атрибуирано, односно на мислењето да му се придодаде авторот. Новинарот и медиумот треба да бидат објективни и да заземаат неутрална позиција. Кој било друг став определува пристрасност. Било кон

Злоупотребена слобода на говор

на 21. 04. 2015 | | sq

[Рецензија: Во судската постапка за „Пуч“ треба да се изречат најстроги казни]

  Најмалку четири члена од Кодексот на новинарите се прекршени во медиумската содржина што ја рецензираме. Најтешко е повреден вториот став од членот 8, кој прецизно нагласува: Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда. Во медиумската содржина која, во основа се пренесени акценти од учеството на „аналитичарот“ во некоја ТВ-емисија, за која не се наведува ниту нејзиниот наслов, ниту времето на емитување, како основни податоци за да има публиката oриентација за контекстот и за времето, се прекршени уште неколку суштински професионални стандарди на кои во последните извештаи на