Крајно манипулативен наслов што не ја содржи главната информација
Објавено во Рецензии
on 27 - 04 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца]
Насловот на овој текст е крајно манипулативен и во себе не ја содржи главната информација, а тоа е за кои категории родилки ќе се зголеми породилното отсуство. Ваквиот наслов создава погрешен впечаток кај јавноста, а тоа очигледно е и главната цел на авторот, да ги изманипулира читателите.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца
Датум и време на објавување: 18.04.2015
Датум на рецензирање: 20.04.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
Насловот „Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца“ е толку бомбастичен што веднаш привлекува внимание кај оној што ќе го прочита. Но, подолу во текстот се открива дека веста во насловот нема никаква врска со она што навистина е најавено. Она што недостига во насловот е клучниот збор „одеднаш“.
„Еве на пример наскоро Владата планира за мајките: Зголемување на платеното породилно отсуство од работа од сегашните 12 на 15 месеци, значи дополнителни 3 месеци, за мајките кои ќе родат 2, 3 или повеќе деца одеднаш.“
Одеднаш, значи мајките кои ќе родат двојка, тројка или повеќе близнаци. И тука веста добива сосема поинаков контекст. Тоа не значи дека мајките кои имаат две, три или повеќе деца ќе добијат зголемено породилно боледување.
Освен што авторот на овој текст користи бесрамна манипулација, тој заборавил во написот да се осврне и на проблемите кои родилките ги имаат во Македонија, како, на пример, најкратко породилно боледување, споредено со земјите од регионот, доцнење на исплатата за породилното отсуство итн.
Анализата на порталот „Инбокс 7“ (Inbox7) од 13 ноември 2014 година, токму на оваа тема, покажува дека Македонија има најлоши услови за родилките во регионот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови