Еклатантен пример за „патриотскиот“ говор на омраза
Објавено во Рецензии
on 27 - 04 - 2015 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Срамота на годините: Тито Петковски се заканува со насилство кон средината на следниот месец]
Написот е политички пристрасен, полн со коментари и со навредливи епитети, како „имбецил“, „предавник“ и слично, на сметка на лидерот на НСДП, Тито Петковски, кои имаат цел дискредитација на неговата личност и политичко дејствување.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Срамота на годините: Тито Петковски се заканува со насилство кон средината на следниот месец
Датум и време на објавување: 19.04.2015
Датум на рецензирање: 22.04.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Одметнатиот СДСМ-овец, член на комунистичката КПМ, доживотен шетач по фотељи, апсолутен предавник дури и на своите партиски колеги и пензиониран поддржувач на терористите од УЧК од тетово се закани со насилства и немири кон средината на следниот месец.“
Уште на самиот почеток на текстот, кој отскокнува од сите новинарски стандарди, авторот користи говор на омраза и на етикетирање, со што го прекршува 10. член од Кодексот на новинари, а таквиот тон се задржува до крајот на написот.
Во Кодексот, прецизно и јасно се наведува дека:
Новинарот нема свесно да создава, ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
Авторот не се потрудил на читателот да му понуди никаков факт и доказ, туку само негови мислења и квалификации за Петковски. Точно е дека новинарот има право да коментира и да зазема политичка страна, но не на ваков начин, особено ако не е јасно наведен, со име и со презиме, авторот на текстот. Во написот, лидерот на НСДП се прикажува како некој олош кој, наводно, прави кривично дело и повикува на насилство. Пренесена е изјава на Петковски дадена за агенцијата „Мета“, но во изјавата никаде не може да се препознаат такви повици.
„И во нашата земја, но и во регионот, познати се неколку методи за промена на владата. Првиот метод е во тек, а тоа се објавување на сите валкани работи кои власта ги правела, во изминатиов период. Ако со овие компромитирачки аудиоразговори не се повлече владата, тогаш најверојатно кон крајот на овој месец или почетокот на следниот месец, ќе следуваат масовни протести, со цел владата на Груевски да падне – изјави Петковски.“
Она што е факт во изјавата на Петковски е дека тој најавува масовни протести против Владата и тоа не е кривично дело, туку уставно загарантирано право на секој поединец. Добро е што во написот е пренесена изјавата на Петковски, така што читателот може да ја прочита и да добие јасна слика за неговите ставови, а не за ставовите на авторот, кој, очигледно, сака да манипулира со јавноста.
Во последно време како печурки по дожд никнуваат вакви и слични написи кои се промовираат како новинарски, а всушност, отскокнуваат од сите новинарски стандарди. Во нив често може да се препознае „патриотскиот“ говор на омраза, кој е опишан во анализата на магистерот по човекови права, Жарко Трајаноски, насловена „Патриотски“ говор на омраза: омраза кон внатрешните „непријатели“. Според Трајаноски, „патриотскиот“ говор на омраза честопати се користи како инструмент за психолошко насилство врз критичарите на актуелната власт, од провладини политичари, новинари или колумнисти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
невистинита
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови