Рецензии

Во здраво тело, нездраво величање

на 8. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: ВО ЗДРАВО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ: Премиерот на мала релаксација на партија фудбал по исцрпните разговори]

  Наместо обична фото-вест за спортските активности на дел од министерската постава, се разбира, со премиерот на чело, пласиран е материјал што ги преминува границите на „обично“ информирање и сериозно навлегува на територијата на политички маркетинг, би дополнил многу лош маркетинг. Изобилува со непотребни формулации и со „упадици“ чија цел не е

„Трансцендентален“ напис без извори

на 8. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Научниците тврдат – мозкот кај луѓето што се на дроги е сличен како кај свештениците и верниците кои се на молитва]

  Написот кој е предмет на оваа рецензија има проблем со вистинитоста. Имено, во него се говори за некакви си научни докази, а од нив нема ниту трага, ниту глас. Линкуван наслов на анализираниот напис: Научниците тврдат – мозкот кај луѓето што се на дроги е

Искривување на информации преку премолчување

на 8. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: На екстерното имало и непознати прашања велат учениците, тестирањето се спроведува втор ден]

  Станува збор за прилог кој површно ја информира јавноста како тече екстерното тестирање. Во него не се кажува дека во тестовите имало содржински грешки, нелогични, чудни  прашања и неточни одговори, туку само бегло се спомнува дека некои прашања биле непознати и дека се јавиле мали проблеми од техничка природа. Линк до оригиналниот напис:

Кило демократија е исто што и кило бекатон-плочки?

на 7. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Квази демократија и лажни вредности!]

  Имаме текст кој да не беше трагичен, ќе беше смешен. Тоа што зачудува во овој материјал е тезата дека нивото на демократските принципи како вредности на секое модерно општество, особено нашето, кое планира да биде дел од европското семејство, е обратнопропорционално со сметот што знае да се создаде во уличниот камп пред Владата. Значи, тврдењето е дека повеќе ѓубре, само по себе повлекува помалку демократија. Ха-ха-ха, пример за тоа како некој во државата ги разбира процесите – кило демократија е исто што и кило бекатон-плочки? Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Квази демократија и лажни вредности! Датум и време на објавување: 02.06.2015, 1:40 Датум на рецензирање: 03.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ВЕ

Фејсбук-пропаганда

на 7. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Албанците бараат од Заев да ги исполни ветувањата упатени до нив (ФОТО)]

  Ова е текст кој има малку зборови, а многу принтскринови од социјалните мрежи, најмногу од „Фејсбук“. Притоа, „Фејсбук“ се користи како извор, иако во новинарството тоа не би требало да биде така. Можно е социјална мрежа да биде некаков показател за некаво однесување, но во никој случај не смее да се користи како релевантен

Строго контролиран и дисциплиниран пристрасен новинарски производ

на 7. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Избори во април, техничка влада нема- постигнат е договор за излез од кризата]

  Текстот отвора дилема дали е ова извештај од истиот настан во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ на кој присуствувале и другите медиуми и дали и тие ја слушнале истата изјава на еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, по средбата со партиските лидери, или, непотпишаниот автор, кога требало да го напише текстот,

Неодговорно ширење паника

на 7. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Жителите на Карпош во страв – Манијак напаѓа девојки (ФОТО)]

  Манијак, качен на велосипед, напаѓа и силува жени низ скопската населба Карпош. Никој не знае кој е и каде е, веста е преземена од портал со забавни содржини, за неговото постоење зборува соговорник наведен со иницијали, без фотографија или друг облик на верификација на извор на информации, нема исказ од надлежните – полицијата и, згора на

Сорос не е ниту на „црната листа“ на Кремљ

на 6. 06. 2015 | | sq

[Рецензија: Путин нареди – меѓународна потерница за Џорџ Сорос!]

  Станува опасно. Станува општо присутно непроверени, непотврдени информации, дури и од еден официјален извор, да бидат објавени како вистини. Да не зборуваме за правилото да бидат потврдени од два независни извори. Тоа веќе одамна кај нас е незамислива новинарска практика. Изгледа дека има една иста таква ситуација и со медиумската содржина опфатена со оваа содржина. Линк до оригиналниот напис: Путин

Владата на РМ како „Застава филм ви прикажува…“

на 5. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Тепачка меѓу членовите на СДСМ пред Влада]

  Дел од медиумите во неделата објавија фоторепортажи од кампот пред Владата, каде, наводно, се случила тепачка меѓу камперите, при што речиси сите го имаат истиот наведен наслов. Секаде има и една видеосторија долга 19 секунди, која треба да биде додатен доказ дека тепачка имало. Фоторепортажата со кусиот видеозапис, за волја на вистината, би била неупотреблива ако некој во таа наводна

ТВ-прилог со свесно игнориран настап на ЕУ-дипломат

на 5. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Заврши проектот за подобрување на капацитетите на регулаторите на медиумите и електронските комуникации]

  Прилогот информира за завршната конференција на Проектот за зајакнување на административните капацитети на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Агенцијата за електронски комуникации (1 јуни 2015 година) и во него провејува фалбаџиски тон. Гледајќи го извештајот, се добива впечаток дека на овој настан биле искажани само пофални зборови за двете регулаторни