„Трансцендентален“ напис без извори
Објавено во Рецензии
on 8 - 06 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Научниците тврдат – мозкот кај луѓето што се на дроги е сличен како кај свештениците и верниците кои се на молитва]
Написот кој е предмет на оваа рецензија има проблем со вистинитоста. Имено, во него се говори за некакви си научни докази, а од нив нема ниту трага, ниту глас.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Научниците тврдат – мозкот кај луѓето што се на дроги е сличен како кај свештениците и верниците кои се на молитва
Датум и време на објавување: 02.06.2015
Датум на рецензирање: 05.06.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
„Мозокот кај луѓето кои се на халуциногени дроги многу е сличен на мозокот на свештеник или верник за времен на молитва – тврдат научниците.“
Ова е тезата која е застапена во текстот, односно дека зависниците од наркотици, во моментот кога ги консумираат, и луѓето кои во моментот се на молитва, имаат ист мозок.
И тоа би било во ред доколку анонимниот автор на овој текст се потрудил да ни ги презентира овие научни докази или, можеби, да ги напише имињата на научниците кои дошле до таквиот заклучок или, пак, од каде се тие научници. Или доколку сето ова му било тешко на новинарот, можел само да стави линк од каде го презел текстот.
„Еден број на научници наведуваат дека чувството на поврзаност постигнат на дроги е вештачки а оној кај верниците според истинкт, односно трансцендеален.“
Што сакал да каже авторот? Еден број на научници може да се кој било број. И повторно се наметнува прашањето кои се тие луѓе што го тврдат ова.
Очигледно е дека вистинитоста на тезата пренесена во текстот не може да се докаже на ниту еден начин. Авторот, можеби, сакал само да привлече читаност и ништо повеќе. Воопшто не се потрудил на читателот да му сервира повеќе информации за да може читателот да се заинтересира за темата и да дознае нешто повеќе. Ова четиво слободно може да се смести во рубриката „смешно и невистинито“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
квалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови