verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот на колена пред партиските интереси

on 7 - 03 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 298 - Ali Ahmeti dhe Musa Xhaferi gjunjëzoj_ - http___pika.mk_lajme_ali-ahmeti-dh

 

Напис: Али Ахмети и Муса Џафери го клекнаа на колена Зоран Заев

Вечерва на средбата одржана во седиштето на ДУИ во Мала Речица меѓу лидерите на ДУИ и на СДСМ бил присутен и Муса Џафери, кој во текот на средбата неколкупати се замешал остро давајќи му до знаење на Зоран Заев дека потписите на пратениците на ДУИ не се само имиња, туку дека тие се клучот за формирање на идното мнозинство.

Исто така, извори блиски до порталот „Пика“ ни даваат до знаење дека токму Муса Џафери на директен начин му дал до знаење на Зоран Заев дека ДУИ нема да измени ниту една запирка од нејзините услови како што се јазикот, правната држава, пропорционалната поделба на буџетот.

Зоран Заев изненаден од одлучноста на двојката Ахмети и Џафери, прифатил истите да ги дискутира со раководството на неговата партија и потоа да ја информира ДУИ.

Вреди да се напомене дека во изјавата дадена за новинарите, кај Зоран Заев се забележа слика на еден очаен човек.

 

[Рецензија: Али Ахмети и Муса Џафери го клекнаа на колена Зоран Заев]

Може да изгледа смешно кога сакаш да објасниш со зборови еден вид доживување на моментот кога се соочуваш со ваков текст. Затоа, често ги слушаме луѓето кога велат „немам коментар“ или „не можам да го опишам со зборови“. Ова се случува кога чувствуваш нешто што не знаеш како да го преточиш во зборови, речникот ти е ограничен од впечатокот што го остава настанот.

[Recension: Ali Ahmeti dhe Musa Xhaferi gjunjëzojnë Zoran Zaevin]Линк до оригиналниот напис: Али Ахмети и Муса Џафери го клекнаа  на колена Зоран Заев

Датум и време на објавување: 21.02.2017

Датум на рецензирање: 27.02.2017

Рецензент: Агрон Врангала

Ако досега не си прочитал ниедна вест освен оваа, тогаш таа изгледа како да е еден обичен тест. И во моментот кога ја читаш, можеби те тера да мислиш колку храбар бил Муса Џафери. Но, не се виновни ни Муса Џафери, а ни Али Ахмети. Вината е кај тој што ги употребил овие имиња за да ја покаже својата неспособност да создаде една нормална вест.

Прочитајте го текстот на погорниот линк и гледајте каква неверојатна фантазија е употребена таму. Сè што е кажано изгледа како да извира од некој што е целосно неинформиран за правилата на правење вести. Идејата не е да се навреди некој, но навистина сме уморени гледајќи и слушајќи такви вести што во себе не содржат ниту еден единствен извор на информацијата и што едноставно се производ на некоја дефектна култура, која зборува за изразен комплекс на професионална инфериорност.

Никој нема да земе текстови од оваа природа и со задоволство да ги евидентира професионалните гафови. Не е воопшто пријатно да се занимаваш со написи кои од почеток до крај се наопаку. Но, бидејќи на некој начин ова е нашата работа, ќе наведеме неколку моменти, кои покажуваат дека подобро ќе беше овој текст воопшто да не постоел.

Таму се вели дека за време на средбата на двата лидери, од ДУИ и од СДСМ, Муса Џафери се вмешал на остар начин, давајќи му до знаење на Заев каква вредност имаат потписите на ДУИ. Исто така, на Заев му е кажано дека ДУИ нема да измени ниту една запирка од барањата што ги има. Па, на овој начин, Заев бил надвладеан од еден неверојатен страв од неповратната решителност на челниците на ДУИ и прифатил да ги анализира овие барања со неговите сопартијци.

Се извинувам, но овие шпекулации или, да ги наречеме, несолени клевети, навистина се очајни. Замислете, пред седиштето на ДУИ стоеја стотици професионални новинари, кои секогаш успеваат да ја обезбедат последната вест, а ниеден од нив не успеа да дознае за ова „машкост“ на Муса Џафери, туку само порталот „Пика“ успеал да добие вакви ексклузивни информации од  преговорите! Треба да си многу неук за да поверуваш. Треба да си двојно понеук за да го напишеш истото. Но, неконтролираната фантазија  во овој напис не завршува со толку. Врвот го достигнува кога кажува дека по средбата, за време на изјаснувањето за медиумите, на лицето на Заев бил забележан голем очај, бидејќи внатре во седиштето му било кажано дека „еден плус еден се еднакво на два“!

Дали успеале овие луѓе некогаш да слушнат нешто за новинарството? И дали знаат дека постои една професија што ги учи луѓето да пишуваат вести. Овие прашања не се за смеење, ни за потсмевање, туку доаѓаат природно, веднаш откако ќе го прочиташ текстот на овој портал. Текст без никаква врска! Безброј коментари од почеток до крај. Ниту една референтна точка, ниту еден искористен извор. Ајде тоа со изворите, но барем веста, иако лажна, да имаше некоја врска со реалноста. Нема. Фантомска е, сенка, една сенка што влева страв и тера на размислување колку далеку стигнало измислувањето на имагинарните вести.

Уште пострашно е, бидејќи живееме во ерата на масовната експанзија на информациите преку интернет, каде што и најнеукиот или најнеинформираниот, со еден клик на вебот, може да се снабди со неверојатни податоци за сè што го интересира да знае. Досега сме пробале сé, сме стапнале на Месечината, планетата Марс ни е следната цел. Само нешто никако не успеавме да сфатиме, како да напишеме парче вест.

Еве уште една информација, на 5 септември од 1977 година еден вселенски брод со име „Војаџер 1“ бил пуштен во вселената и успеал да патува до 18,8 милијарди километри далеку од Земјата, излегувајќи на овој начин надвор од нашиот Сончев систем. Инаку, оваа информација ја научив една минута пред да го завршам текстот. „Гугл“ ми ја кажа!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

употребува етноцентрички поттикнувачки говор

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови