Опасно, манипулативно и хушкачко четиво
Објавено во Рецензии
on 6 - 03 - 2017 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: ФОТО: Еве како ќе изгледаат двојазичните свидетелства и пасоши]
Кога наместо факти се користат шпекулации, кога наместо извори на информации се користат произволни рекла-кажала фрази, кога наместо фотографии се користат фотомонтажи, кога наместо вест имаме спин и хушкање, е тогаш значи дека читаме текст како овој.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Еве како ќе изгледаат двојазичните свидетелства и пасоши
Датум и време на објавување: 27.02.2017 14:29
Датум на рецензирање: 28.02.2017
Рецензент: Владимир Мирчески
НАПИС БЕЗ УМ!
Материјал – измислица, со извори и со факти „мерени на грамови“, со опасни спин-елементи кои одат во насока на дополнително електризирање на и онака напнатата ситуација во земјата. Ова е пример за неодговорен новинарски напис. Овој матетријал, фактички, е чиста пропаганда која опасно игра на картата на национални чувства во услови кога поларизираноста е екстремно висока.
Да одиме со ред. Дали точно се знае што ќе донесат разговорите меѓу СДСМ и ДУИ ако формираат влада? Одговорот е не. Поголемиот дел од т.н. информации се најчесто неофицијални, дел од нив се со дискутабилна вистинитост, а многу често станува збор за злоупотреби, како овој текст, кои намерно „водата ја тераат на своја воденица“. Во конкретниот случај, воденичарот е владејачката партија, која преку вакви написи успеа целосно да го промени јавниот дискурс – од обвиненија за сериозен криминал до патриотска борба за зачувување на унитарна Македонија.
Јасно и очекувано, имајќи го предвид досегашното функционирање на ВМРО-ДПМНЕ, е дека во медиумската битка ќе се користат сите средства – што дозволени, а најмногу недозволени. Така, тука имаме манипулација и коментар:
„Договорот за Влада кој лидерот на СДСМ го постигна со албанските партии преку целосно прифаќање на албанската платформа, всушност е договор за идентитетска промена на Македонија со кој се задираат основните постулати како јазикот, името, знамето, грбот и химната“.
Од каде ова тврдење, на што се темели, кои се изворите… Нула од веродостојност, а дополнително и невистина за плашење на јавноста – за промена на химна, грб потребно е двотретинско мнозинство во парламентот. СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците тоа го немаат и оттука се гледа спинот – како нешто ќе менуваш и ќе редефинираш, ако воопшто и сакаш, ако за тоа ја немаш политичката моќ во Собранието.
Но, ова не е најстрашното во текстот зашто врвната манипулација доаѓа со формулацијата: „ФОТО: Еве како ќе изгледаат двојазичните свидетелства и пасоши“, што е бесрамно одработување нечија агенда – преку фотомонтажа се прави обид за некаква мобилизација на јавноста, што силно потсетува на повиците од 30-тите години на минатиот век кои конечно резултираа со Европа во урнатини.
Со ова исклучително опасно четиво се прекршени повеќе одредби од Кодекс на новинарите, како, на пример:
Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот – (преамбулата).
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – (член 1).
Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…) – (член 10).
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
споредни
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
можеби
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови