Напад сведен на нивото на нападнатиот
Објавено во Рецензии
on 12 - 08 - 2016 Автор: Димитар Тануров
[Рецензија: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ КАДЕ ОДИ ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ПЉАЧКА НА БУЏЕТОТ ОД СТРАНА НА ГРУЈО И САШО МИЈАЛКОВ, МИЛЕНКО ГО ШИРИ СВОЕТО ЛЕГЛО НА ШАРПЛАНИНЦИ, СЕГА ОСТАНУВА УШТЕ ДА ПРОВЕРИМЕ КОЛКАВО ЛИ Е ЛЕГЛОТО СО КОЗИТЕ ПА ДАЛИ И ТОА СЕ ПРОШИРИЛО ЗА НЕКОЈА КОЗА ПЛУС И МЕТАР КВАДРАТЕН ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ]
Објавава не заслужува да се нарече напис, а уште помалку новинарски. Во неа се изнесени бројни навреди, податоци без поткрепа, а единствената цел е да го нападне Миленко Неделковски.
Линк до оригиналниот напис: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЕВЕ КАДЕ ОДИ ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ПЉАЧКА НА БУЏЕТОТ ОД СТРАНА НА ГРУЈО И САШО МИЈАЛКОВ, МИЛЕНКО ГО ШИРИ СВОЕТО ЛЕГЛО НА ШАРПЛАНИНЦИ, СЕГА ОСТАНУВА УШТЕ ДА ПРОВЕРИМЕ КОЛКАВО ЛИ Е ЛЕГЛОТО СО КОЗИТЕ ПА ДАЛИ И ТОА СЕ ПРОШИРИЛО ЗА НЕКОЈА КОЗА ПЛУС И МЕТАР КВАДРАТЕН ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ
Датум и време на објавување: 19.07. 2016
Датум на рецензирање: 12. 08. 2016
Рецензент: Димитар Тануров
НАСЛОВ ШТО НАЈАВУВА – НИШТО!
Насловот е предолг и во него се изнесуваат податоци, кои никаде во текстот не се поткрепуваат со докази.
„Еве како изгледа класично скопско педерче кое плаќа аргати за 500 денари да рмбаат по тоа ранчот негов и за да може да го шета тоа мевот по ридовите со приколица на 4 тркала кој со помош на државните субвенции од страна на владата ги размножува шарпланинците во своето легло накај Градско. Миленко поседува огромен број на метри квадратни државно земјиште, за кое еден ден има да го исплука од тоа газот брадест негов режимски“.
Целосно погледнат, текстот повеќе наликува на чаршиски муабет отколку на издржан текст, кој се темели на факти и на докази. Никаде не се наведуваат изворот на информациите ниту, пак, се прави обид тие да бидат потврдени или негирани од лицето за кое се однесува објавата. Според формата, објавата не може да се класифицира во ниту една категорија. Иако има фотографии, не претставува фото-вест, а не е ниту колумна, ниту коментар.
Што се однесува на јазикот што се користи во самиот текст, тој е ист како тој што го користи и самиот Миленко Неделковски во своите емисии и објави на социјалните медиуми и на својот блог: навреди, пцости, вулгарности и говор на омраза. Иако, народски кажано, Неделковски е „удрен со свој камен по глава“, сепак ваков речник не е соодветен за новинарски текст и се коси со Кодексот на новинари.
Новинарите, пред сè, треба да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат, но притоа не смеат да го употребуваат говорот на омразата, да навредуваат и да дискриминираат, особено не колеги новинари, без разлика дали тие не ги почитувале новинарските стандарди.
Написот се коси со повеќе членови од Кодексот на новинари:
Член 1
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Член 2
Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација, има право за тоа да ја информира јавноста.
Член 4
Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.
Член 10
Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа.
Член 13
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Член 15
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
Член 16
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови