Анонимна „ѕвезда“ употребена за новинарско-политичко гранатирање
Објавено во Рецензии
on 15 - 08 - 2016 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: ФОТО: Наместо да се солидаризираат, бистрат политика- ова е Јапонија после поплава]
Текст темелен на „анонимка“. Некој нешто напишал за поплавите на социјалните мрежи и од тоа е креиран напис. Неразбирливо е како некому му се дава врвен легитимитет пред публиката, а притоа не се соопштува кој е тој т.н. авторитет.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Наместо да се солидаризираат, бистрат политика- ова е Јапонија после поплава
Датум и време на објавување: 09.08.2016 10:59
Датум на рецензирање: 11.08.2106
Рецензент: Владимир Мирчески
МЕДИУМСКА РЕЛАТИВИЗАЦИЈА
Ова е производ со неколку „вродени мани“.
Прва на листата е фактот дека станува збор за нечиј коментар на социјалните мрежи во врска со дебатата дали и како можела да се избегне катастрофалната поплава во Скопско. Чиј? Не знаеме, тоа не е наведено. Оттука, нејасно е како некому кој е анонимен му се дава ем легитимитет ем простор како на врвен експерт. Можеби и е, ама ние едноставно не знаеме, зашто тој што го пишувал написот решил да го „испушти“ тој момент. Во овој случај тоа е недозволиво зашто не станува збор за пример на заштита на изворот, туку за потреба од негово именување, зашто е јавно изнесен став кој потоа се цитира во еден медиум.
Вториот и третиот проблем се тесно поврзани. Имено, суштината на коментарот е дека „против природата не се може“ или, со други зборови кажано, така требало да биде, не можело ништо да се преземе. Како аргументи, ако може да се наречат така, понудени се фотогографии од поплави во Јапонија со објаснување дека тоа се случува во една од најнапредните држави. Значи, пораката на непознатиот мислител е дека штом тоа се случува таму, очекувано е дека против таков тип катастрофи спас нема ниту овде, во Македонија. Класичен обид за релативизација на ситуацијата и на одговорноста на надлежните, кој не само што не е новинарски обработен во написот што го рецензираме, туку дури е и засилен што најдобро се гледа низ насловната конструкција:
„ФОТО: Наместо да се солидаризираат, бистрат политика- ова е Јапонија после поплава“
Само во земјава се јавија низа експерти кои нудејќи ги своите знаења анализираа дека трагедијата можела да се ублажи ако институциите си ја вршеле својата работа.
НОВИНАРСКО-ПОЛИТИЧКО ГРАНАТИРАЊЕ
Тука доаѓаме и до третата „мана“, а тоа е мотивот зошто токму овој коментар е избран од „морето“ лични мислења и ставови на социјалните мрежи за да му се даде простор на еден информативен портал. Тоа не се крие:
„Сите вие “експерти” што пишувате како патиштата не се соодветно направени и слични констатаци, ова е Јапонија една од најразвиените технолошки земји во светот, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи, откако дел од опозициските новинари и активисти ја залопутребуваат големата природна катастрофа за политички цели“.
Јасен показател за политичка пристрасност.
Ако се сакало, се можело да се најде пример за тоа како, доколку навреме се преземат мерки, може да се превенираат големи трагедии и штети при поплави.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови