Хоророт можеби е од струшката болница, а можеби не е
Објавено во Рецензии
on 20 - 06 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Реценџија: (ФОТО) Погледнете каков хорор се случува во струшката болница]
Имаме куса, но исклучитечно тенденциозна фото-вест. Прикажани се две фотографии во комбинација со целосно непоткрепен коментар. Точно е дека една слика некогаш е вредна илјада зборови, меѓутоа во конкретниот пример двете фотографии не докажуваат ништо.
Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Погледнете каков хорор се случува во струшката болница
Датум и време на објавување: 16.06.2016
Датум на рецензирање: 16.06.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
А КАКО СЕ ЗНАЕ ДЕКА Е СТРУШКАТА БОЛНИЦА?
Веродостројноста на оваа фото-вест е под голем прашалник. Таа се обидува да информира за состојбите во струшката болница и тоа преку фотографија. Само, во овој случај, тоа не е доволно.
„Додека Никола Тодоров ужива на плажите во Грција, здравството тоне се повеќе и повеќе. Ова се условите во ЈЗУ Општа Болница – Струга. Ова ли се милонските инвестиции на Груевски и ДПМНЕ во здравството???“
Прво, за коментарот дека министерот за здравство уживал на грчките плажи не се понудени докази. Нема фотографии или, пак, изјави од лица што би потврдиле дека таму го виделе министерот. Вака како што е напишано, може да е во прашање и чиста измислица.
Понатаму, се тврди дека фотографиите го прикажуваат „хоророт во струшката болница“, за што, исто така, не се понудени докази. Имено, кога ќе се дојде до некаква информација, според новинарските правила и стандарди, таа треба да се провери од колку што е можно повеќе страни. Фотографиите на кои се гледаат скршени кревети, сами по себе не значат ништо. Тие можеби се од струшката болница, а може да се направени и каде било.
На читателот не му е понудена ниту информацијата како е добиена фотографијата, дали можеби ја направил некој пациент или роднини на лица што се лекуваат во болницата. А, исто така, нема став од болницата, да потврдат или да демантираат дали скршените кревети прикажани на фотографијата навистина се од таа здравставена установа.
Па, како тогаш публиката на која ѝ се обраќа оваа вест да верува дека „хоророт“ се случува баш во струшката болница? Никако!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови