Метро што балансира
Објавено во Рецензии
on 20 - 04 - 2016 Автор: Љубомир Костовски
[Рецензија: Протести и контрапротести]
Оцената во јавноста дека во земјава третпат се одржуваат серија протести (првите беа зимата 2012/13 година, вторите пролетта 2015 година), кои се најмасовните досега и се одржуваат секој ден, очигледно, дел од медиумите сакаат да ја релативизираат. Имено, се оди на тоа дека се работи за собир на многу мал број лица. Во прилогот кој е предмет на оваа рецензија, таа квантификација е „половина-половина“ и наиде на бурни реакции меѓу антивладините демонстранти на скопските улици.
Линк до оригиналниот напис: Протести и контрапротести
Датум и време на објавување: 19.04. 2016 – 15:57
Датум на рецензирање: 19.04.2016
Рецензент: Љубомир Костовски
ВЕШТАЧКИ БАЛАНС
„Додека половина граѓани се спротиставуваат на политиките на власта, другата половина ги брани, политичарите потврдија дека ќе го фатат авионот за Виена каде ќе се разговара и ќе се преговара за решение за политичката криза.“
Прашањето на квантифицирањето на бројот на излезените демонстранти не е нова тема на спорења. Такви полемики, особено, се водеа во времето кога протестите кај опозицијата ги организирале Бранко Црвенковски, а кај власта тогаш актуелниот премиер, а сега само лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Па, се јавуваа математичари, кои врз основа на свои формули пресметуваа колку имало луѓе на плоштадите – местата каде што се одржуваа митинзите.
Се разбира, дека тоа не е секогаш ниту најважно, ниту најпресудно. Лошо е, секако, неаргументирано да се извлекува некаква пропорција. Но, лошо е и кога, како во овој прилог, се оди на некаков вештачки баланс, во смисла на изедначување на протестите и контрапротестите. Ако се сакало да се прави некаков коментаторски баланс – да не изгледа дека авторот „навива за некого“ – секако можеле да се користат други мерила (овие и оние, првите и другите…), кои би ја оцртале намерата за еквидистанца.
Ама „земањето метро“ во насока на барање симетричност, особено кога во илустрацијата на прилогот е видливо дека „кај едните и другите“, најнапред, има користење на различен број полицајци во заштита на одредени објекти. И кога самите опсервери на прилогот биле во можност да се уверат во бројноста на демонстрантите и на контрадемонстрантите, да се става квалификација „половина – половина“ не е добро и мириса на политикантство. А, во крајна линија, ја релативизира, па и девалвира масовноста на антивладиниот, пред сè, граѓански протест.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови