Еден Грк и „магија се стори“
Објавено во Рецензии
on 20 - 04 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: ФОТО: Грци во поддршка на насилните протести во Битола]
Како „еден Грк“ да стане „Грци во подршка на насилните протести во Битола“? Едноставно: Земаш „еден Грк“, го мултиплицираш во „Грци“ и го ставаш во новинарска приказна во која ги додаваш сите други „мирудии“ за да ги увериш читателите дека Грција и нејзините граѓани се скриената сила зад протестите во Битола!
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Грци во поддршка на насилните протести во Битола
Датум и време на објавување: 18.04.2016
Датум на рецензирање: 20.04.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
МУЛТИПЛИЦИРАЊЕ
„Грци во поддршка на насилните протести во Битола. Марвакис Атанасиос 54 годишен жител на Солун е најредовен на насилните протести кои ги организира лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Битола.“
Претходниот цитат (поднасловот на текстот) го илустрира волшебниот потег со кој „еден Грк“ станува „Грци“. Сега, за другите „мирудии“, само колку да докажеме дека тоа не е професионално и високостандардно новинарство.
Сосема е јасна, дури и провидна мотивацијата и намерата за оваа приказна. Толку е провидна што е апсолутно неуверлива. Смешно е.
Освен овој „грев“ на посочениот граѓанин на нашата соседна земја, собрале сè што можеле да соберат за него: и дека е социјалист, и дека е поддржувач на поранешниот министер за финансии на Грција, Варуфакис, и, на крајот, дека е симпатизер на ЛГБТ-заедницата.
Кога веќе му посветиле внимание на човекот, го следеле, знаеле што јаде и пие, тогаш можеле и да му се обратат и да го прашаат за неговите мотиви да биде тука и во поворката со битолчани кои деновиве излегоа на протест.
Не само што ќе ја имаа втората страна, туку ќе имаа и шанса да извлечат уште повеќе информации за, наводната, улога на Грците и на Грција во актуелните настани во земјата.
Само што сето тоа не е новинарство.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни,
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
национална дискриминација, дискриминација според сексуална ориентација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови