verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Читателот треба да верува на „жими мајка“

on 11 - 05 - 2015       

Neskovski-sdsm-0987-098-crop-resize

[Рецензија: Убиецот на Мартин Нешковски e осуден на 14 години затвор. СДСМ го убива по втор пат!]

 

Примитивизмот во новинарството секогаш има почетни траги во жанровското талкање на медиумите. Појавата на категоријата вест-коментар секако е еден од тие феномени и речиси е наша особеност. Последната (29.) „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во медиумот на кој се однесува текстот што го рецензираме, не сака да објави речиси ништо за содржината на таа прес-конференција. Но, затоа уште во наднасловот имаме серија недолични „крстења“ – примитивизам, некрофилија и други дијагнози за отворањето на случајот за покојниот Мартин Нешковски! Потоа следува насловот (СДСМ убива по втор пат), кој е комплетно нејасен и граматички и како најава на содржината. И, конечно, имаме производ кој де факто е коментар: се оцрнува политичкиот противник без да се објасни што тоа тој направил! А коментарите, да не забораваме и на тоа правило, барем се потпишуваат!

Neskovski-sdsm-0987-098Линк до оригиналниот напис: Убиецот на Мартин Нешковски e осуден на 14 години затвор. СДСМ го убива по втор пат!

Време на објавување: 05.05,2015, 16: 14

Датум на рецензирање: 06.05.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Денес можевме да видиме до кое дно е подготвен СДСМ да оди за своите политички и партиски профити. Објавија телефонски разговори на полициското раководство и премиерот по загинувањето на Мартин Нешковски со коментар дека Владата сакала да го сокрие виновникот за смртта на Нешковски, иако во телефонските разговори кои се објавени нема ниту еден доказ за тоа.“

Ако во редакцијата „можеле да видат дека нема ниту еден доказ“, не можеле тоа да видат ни читателите на весникот, бидејќи не им се дава ниту еден ред можност да ѕирнат во содржината на разговорите. Да замислиме дека читателот нема никаков друг извор за информации и тоа значи дека треба да верува на „жими мајка“.

Текстот е толку злобен што низ наднасловот користи недозволив вокабулар, а со насловот, како што споменавме, дава алузија дека СДСМ двапати го убил Нешковски. Или тоа го сторил симболички само вториот пат? Ама, пишувачот тоа, секако, требалo да го разглоби (не навлегуваме секако во суштината, туку во самата форма). Граматиката е слаба страна на медиумот, бидејќи вака долг наслов за дневен весник е само резултат дека не можел да се најде вистинскиот. А, згора, наслов со две реченици секако е посебна приказна. Да се обидеме да дешифрираме – тоа е наслов кој продолжува во поднаслов?

Овој текст е дел од комплетната замена на теза која ја прави власта – убиецот е казнет од судот, ама судот заклучил дека не било битно дали на местото на злосторот актуелниот затвореник бил службено или приватно. Е, тука лежи зајакот, се разбира, бидејќи судот го затворил својот дел од работата така што ја отсекол можноста да постои командна одговорност, која сега со право се бара. Ова стои во документите од прес-конференцијата, изјавените и поделените и ним. Дури и кога се прави,  условно, коментар, мора на тоа да се внимава. Бидејќи , без мотив или повод, на хартијата остануваат само голи, „празни епитети“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

Го нема - „повикувањето на“, па не може да се одредат и изворите

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови