Рецензија: Осогово крие минерал со огромна лековита моќ
Објавено во Рецензии
on 11 - 07 - 2014 Автор: Владо ЃорчевОва е текст за минерал и неговото лековито својство, кој последниве месеци постајно се врти во медиумите. Некаде поопширно, некаде во скратена верзија, но го имало речиси низ сите медиуми. Тука текстот е нафрлен, со поткрепа на „експерти“ без притоа да се наведат барем од која институција, со штури информации и бомбастичен наслов. Затоа е и тука на рецензија.
Линк до оригиналниот напис: Осогово крие минерал со огромна лековите моќ
Датум и време на објавување: 10.07.2014
Датум на рецензирање: 10.07.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
БЕЗ НАУЧЕН ДОКАЗ
Дека постои таков минерал, постои. Но, тоа е единственото што може низ интернетот како информација да се провери. Другите моменти се под знак прашалник. Не може со сигурност ниту да се провери дали има ваков минерал во Осоговијата. За неговата лековитост се пишувало и порано, но не може да се најдат релевантни научни докази за тоа. Само порталот Доктори.мк. (за кој не сме сигурни, но претпоставуваме дека е релевантен лекарски билтен) има напишано тема за лековитата моќ, но со многу огради за тоа како треба да се користи:
Посакуваниот ефект луѓето можат да го постигнат со внимателно земање на овој минерал заедно со многу вода (до 2 литри), при што зеолитот ќе го регулира нивото на Пх во крвта и ќе започне со детоксикација на организмот.
Нема извори на информации или барем не се назначени. Стои дека пишуваат повеќето македонски портали. Тоа дава за право да се сомневаме дека воопшто не е вложен труд да се дојде до изворот. Во вториот дел единствен извор се „експертите“, но создаваат чувство на сомневање кај читателот.
Веста е несеопфатна, не се објаснува ниту за што може да служи како лек овој минерал. На пример, во текстот од порталот Доктори.мк пишува дека:
Зеолитот е силикатен минерал, кој во последните години го привлекува вниманието на голем број научници. Во природата постојат повеќе од 200 типови на зеолит кои можат да бидат влакнести, кристалести и листести. Најчест и најдобар за луѓето е кристалниот – клиноптилолит. За луѓето не е токсичен, а тоа го докажале бројни лабораториски истражувања направени во многу познати светски универзитети.
Значи не секој зеолит е добар за употреба. Тоа може да создаде забуна кај читателот затоа што во текстот кој го рецензираме нема наведено типови на зеолит. Ако се прочита само овој текст читателот лесно може да биде доведен во заблуда и сакајќи да си помогне, всушност, да си наштети на своето здравје.
ЧИТАТЕЛИТЕ ВО ЗАБЛУДА
Се работи за недоработен текст кој ги доведува читателите во недоумица. Не може точно да се одреди кој дел е коментар, а кој е факт, затшто ниту еден дел не е поткрепен со задоволителен доказ. Тоа дека постои овој минерал и дека „наводно“ е лековит, пак, не може да се заклучи од ниту еден дел од текстот.
Не може да се одреди дали е оргинален напис или не затоа што одвреме-навреме се појавуваат вакви текстови низ медиумите.
Насловот е сензационален, но тенденциозен. Не смее на читателот да му се дава децидна порака безџ потврда, затшто не смее да се заборави дека меѓу читателите има и луѓе кои би пробале сѐ за да го спасат своето здравје.
Фотографијата е ставена само како илустрација.
Овој текст и не е така бенигнен како што на прв поглед се мисли. Треба да се внимава со вакви написи, посебно со оние кои обработуваат теми за здравје и лековити материи кои ги лекуваат дури и најопасните болести. Луѓето се склони да веруваат, посебно ако се наоѓаат во безизлезна состојба. Но давањето лажна надеж е недозволиво. Можело барем да се консултира еден експерт и поподробно да се објасни за што се користи овој минерал. И, секако дека за било какво користење неопходно е советување со доктор. Вака текстот е без докази, факти, што значи дека е нерелевантен.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови