verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога се зголемува дефицитот на наша штета, трговската размена не е „стабилна“

on 12 - 08 - 2015       

Македонската размена со Русија е стабилна-crop-resize

 

[Рецензија: Македонската размена со Русија е стабилна]

 

Како да се извлече поволна слика за нешто што континуирано, со децении е лошо за нас како земја? Таков е случајот и со нашиот извоз во Русија, земјата која поради санкциите на ЕУ можеше, наводно, да биде македонска шанса. Аме не стана, но од тоа, сепак, треба да се направи позитивна приказна. За тавко нешто останува една шанса – да нè фати во миг на невнимание и да смета воопшто дека летните жештини нè прават расеани читатели, па таму каде работите стојат катастрофално, да мислиме дека кај нас сè „цвета“.

Македонската размена со Русија е стабилнаЛинк до оригиналниот напис: Утрински весник: Македонската размена со Русија е стабилна

Датум на објавување: 09.08.2015 16:33

Датум на рецензирање: 10..08.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Нема криза во размената меѓу Македонија и Русија, и покрај трговските санкции на земјата од страна на ЕУ, САД и другите западни држави. И додека економијата на соседна Србија, како што посочуваат тамошните медиуми, трпи штети и веќе се регистрира голем пад на вкупната размена и на обемот на извезени стоки во Русија, во Македонија трговските релации се стабилни.“

Најнапред читаме во насловот дека со Русија имаме стабилни економски односи, но нема да кажеме дека се тие континуирано катастрофални за нас! Потоа ќе речеме дека Србија, од соседството, има голем пад на извозот, ама нема да ги кажеме бројките за кои ние можеме да сонуваме и ако правиме споредби и да се онесвестиме.

Фактите во текстот постојат, ама се спакувани така што треба да остават добар впечаток за нашите експортери, а индиректно и за нашата економија, па дури и да бидат спин дека кај нас сè е во ред… Се вели дека „вкупната надворешно-трговска размена на Македонија со Русија достигна 114 милиони долари“. Да, ама тоа воопшто за нас не е битно, бидејќи имаме извоз од само 13,9 милиони, додека увозното салдо изнесува 100,1 милиони долари. Или да преведеме имаме салдо 13:100! Во однос на лани се зголемил обемот на размена за 52,6 отсто (тука не може веќе да се користи изразот стабилност, како и да е!), ама така што размената се зголемила на наша сметка, односно дебалансот се зголемил. Значи, нема ни збор за стабилност. (Или да појасниме – извозот е поголем за 204.000 долари или за 1,5 отсто, додека увозот е зголемен за 39,1 милиони долари или за 64,1 процент).

Споредено со истиот период во 2014 година, обемот на вкупната размена е зголемен за 39,3 милиони долари, што претставува пораст од 52,6 отсто. Притоа, извозот е поголем за 204.000 долари или за 1,5 отсто, додека увозот е зголемен за 39,1 милиони долари или за 64,1 процент!).
А како стои Србија? Таа во истиот период имала извоз на стоки од 1,1 милијарда долари и тој навистина ѝ паднал на 866 милиони долари, ама е за 62 пати поголем од нас (види овде), а Србија е по број на жители, сепак, само четири-пет пати поголема од нас! Тоа е споредба на џуџе и на џин и секако не држи да правиме релации од кои „ќе се ситиме“ или ќе кажуваме дека работите кај нас стојат добро, а таму тргнала колата надолу. Ние бевме и остануваме „грбави“ во економские односи со Москва.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

селективни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови