Рецензии

Рецензија: Крстот се фаќаше и во детската градинка „Јасна Ристеска“

на 28. 01. 2014 | |
Текст кој навидум говори за „симпатична“ приредба во детска градинка во Охрид, каде што децата фрлале и фаќале крст за Водици, без притоа во ниту еден момент медиумот да се огради од фалбената нота која произлегува од текстот или да го критикува начинот на кој веронауката влегла на голема врата во образовна институција, нешто што не е законски дозволено. Понудиени се неколку фотографии на дечиња, облечени и во „свештеничка“ облека, а прикажан е и среќниот фаќач на крстот, три и пол годишно детенце. Независно како дошол до фотографиите, дали биле викнати да фотографираат или градинката ги направила достапни, медиумот бил должен да ги затскрие нивните ликови. Кодексот на новинарите јасно ги дефинира случаите кога се објавуваат фотографии на деца и

Рецензија: Ристе владее со Андора, Марко со Малта, а Мартин со Сан Марино

на 28. 01. 2014 | | sq
Во време кога реализацијата на проектот „Луково Поле“ излегува од рамките „само“ на изградба на хидроцентрали и станува еколошки и можен политички проблем со соседна Албанија поради промена на течението на реката Радика, новинарот и медиумот пренесуваат една разбирлива, читлива и актуелна тема, еден навидум мал, но сериозен сегмент од проблемот – за судбината на балканскиот рис. Преку пренесување на искуствата на истражувачите на балканскиот рис, се пренесува сторијата за животот и навиките на рисот, животно на кое му се заканува истребување и кое, според достапните податоци, во регионот на Маврово природно се размножува. Приказната е навистина содржајна, во неа се даваат голем број информации, кои имаат информативен и едукативен карактер, што ја прават лесно читлива и разбирлива. Единстваната забелешка

Рецензија: Шилегов ги заборавил другите новинари што имаат фирми

на 27. 01. 2014 | |
Весникот на својата насловна страница излегува со крајно тенденциозен текст во кој на еден дегутантен начин се валкаат имињата на повеќе македонски  новинари. Овој наменски скроен производ се обидува да стави знак на равенство со мегаскандалот што го обелодени СДСМ, поврзан со уредничкиот двоец во една телевизија со национална коцесија, а во кој е директно инволвирана „омилената  уредничка“ на премиерот. „Освен Талевска и Латас има уште десетина новинари во Македонија

Рецензија: Избегната тепачка меѓу раководството на СДСМ

на 27. 01. 2014 | | sq
Во основите на професионализмот во новинарството е начелото за проверка на информациите и консултација со сите инволвирани страни во приказната што новинарот ја работи. Минимумот што новинарот како обврска го има, за неговиот текст да биде професионален, е да се обиде да добие реакција, во случајот изјава од оние за кои тврди дека биле учесници во инцидент или вербална расправија. На таков начин, приказната би станала веродостојна, а читателот би добил впечаток дека новинарот се обидел да ја провери информацијата и да дојде до потврда за правилно да информира. Во текстот што го рецензираме воопшто не е евидентно дека новинарот направил обид да ги контактира оние за кои тврди дека биле инволвирани во расправија. Линк до оригиналниот напис: Избегната тепачка

Рецензија: Жерновски продолжува со идејата за рушење на Скопје 2014

на 27. 01. 2014 | |
Кога новинарот или уредникот сакајќи или несакајќи спинуваат, тогаш „белото станува црно“, а „магарето може и да лета“. Токму таков пример имаме во текстот што е предмет на оваа рецензија, каде што речиси сѐ што е стандард и етика во новинарството било подзаборавено на штета на вистинита, објективна, избалансирана информација што треба да ја добие јавноста. Линк до оригиналниот напис: Жерновски продолжува со идејата за рушење на Скопје 2014
Датум и време на објавување: 24.01.2014 Датум на рецензирање: 26.01.2014 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: „Веста“ во своето главно тврдење, изнесено во насловот и главата е невистинита. Текстот е мешавина на неточни и точни факти, при што точните факти се ставени на крај од „пирамидата“, што може да се утврди ако се

Рецензија: Кој е Петре Шилегов?

на 27. 01. 2014 | |
Со наслов кој навестува „откривање на Америка“ и тајминг без повод и причина, овој текст не нуди ниту една нова информација.  Би било логично да се објави текст со слична тема во периодот кога партијата го промовира новиот портпарол, но од стапувањето на Петре Шилегов на портпаролското место во СДСМ поминати се повеќе од шест месеци. Основното пребарување води до текст на друг портал од каде што е преземен написот што го рецензираме и тоа со минимална адаптација и преработка, но со основниот корпус на изнесени податоци. Првичниот текст е објавен непосредно откако Шилегов е промовиран за портпарол. Половина година подоцна, логично се наметнуваат прашањата зошто токму во овој тајминг се објавува бајат текст и уште поважно, кој е јавниот

Рецензија: Шилегов го вклучил во партиска кампања и својот малолетен син

на 27. 01. 2014 | | sq
Овој текст заслужува да биде рецензиран, барем поради три и тоа, да ги наречеме, формални причини – јасно прекршување на токму три члена на Кодексот на новинарите на Македонија: Член 11 Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија;   Член 13 Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот;   Член 16 Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.   Но, неследењето на овие водилки наведени во Кодексот се само почетокот на

Рецензија: На бебиња ќе им се вградуваат ГПС-чипови

на 26. 01. 2014 | | sq, en
Има некоја чудна потреба кај некои новинари и уредници постојано да бидат во некaков грч дека од секоја информација треба да направат читана, гледана, слушана вест, иако честопати тие информации немаат таков потенцијал. Многу од нив имаат лажлив, заводлив сјај и, најчесто, ако новинарот не им оддолее, а уредникот не го препознае тоа, се претвораат во сензационализам. Текстот што го рецензираме овде е таков: не е „препознат“ лажниот сјај на оваа вест како вреден за објавување и е направен текст со наслов и содржина која воопшто не одговара на реалноста. Да, треба да се каже дека на темата вградување микрочипови со лични податоци и ГПС карактеристики нашироко се дебатира во светот, но самата дебата е сѐ уште многу, многу далеку

Рецензија: Моторола ќе предизвика земјотрес-паметен телефон за само 50 долари

на 24. 01. 2014 | | sq
Одамна таква смеа не ме фатила, како по читањето на овој текст, ако тој така може да се оквалификува. Очигледно станува збор за т.н. „google translate“ новинарство, ама за жал во најлоша можна варијанта. Не само што некој добиеното од интернет-преводот не го прочитал, туку со цел памет и го објавил како „легитимен“ новинарски производ. Преведувачкиот сегмент на најголемиот интернет пребарувач секако е моќна алатка, ама не и семоќна. Има некои работи, кои барем засега, машината не може да ги направи како што е, на пример, конечното новинарско филтрирање на написот. Но, во овој случај не зборуваме за ситни грешки, туку за цели пасуси полни со нелогичности и глупости. Значи, уште на почетокот може да ја дадеме конечната оценка, а

Рецензија: Скандалозно: СДСМ излажа за членство на претседателство на Шеќеринска во ПЕС

на 24. 01. 2014 | | sq
Медиумот се обидува, преку замена на тезите, да ги изманипулира читателите и да ги убеди дека СДСМ лаже oti Радмила Шеќеринска е член на претседателство на Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Бегајќи од централната тема, дали Шеќеринска навистина е, или не е во претседателство, медиумот ја објаснува структурата на ПЕС, се повикува на нивниот статут, за да на крај низ еден конфузен и не многу јасен приод кон целата тема, сепак, да го констатира она што го тврди и СДСМ: дека Радмила Шеќеринска е член на Управниот одбор на ПЕС, но со напомена дека нема право на глас. Тоа во целата приказна е потполно неважно, бидејќи СДСМ никаде и не тврди дека Радмила Шеќеринска има право на глас во ПЕС.