Рецензии

Рецензија: Причина повеќе зошто не треба да го ставате телефонот под перница

на 30. 01. 2014 | | sq
Во 21 век, човекот со големи чекори напредува во освојување на новите технологии, а животот стана незамислив без Wi-Fi уредите и мобилната телефонија. Безжичниот интернет и рутери кои емитуваат сигнали се секаде околу нас, а нивното влијание на човековиот и на другите живи организми сѐ уште не е поптполно истражено и јасно. Затоа, оваа област буди голем интерес и кај медиумите. Меѓутоа, при обработка на вакви теми потребна е голема претпазливост и знаење. Во спротивно, може да се згреши, публиката да се доведе во заблуда,  да се вознемири и исплаши од содржината која не е реално пренесена. Рецензираме новинарски производ кој треба да ја покаже штетноста на зрачењето на рутерите и мобилните телефони, а видеото, всушност, го докажува спротивното што

Рецензија: Новинарите на СДСМ биле овоштари?

на 29. 01. 2014 | | sq
Не така ретко во домашниот медиумски простор во последно време ќе прочитате нешто што треба да биде некој вид новинарски производ, но за жал, тоа не е. Таков е примерот со текстот што носи наслов „Новинарите на СДСМ биле овоштари?“. Иако по формата личи на вест, ова писание нема врска со новинарството, зашто не е направено според низа професионални, уште помалку етички стандарди, а нема врска ниту со некои основни логички премиси. Станува збор за спин, преку кој се дискредитирани личности од јавниот живот. Линк до оригиналниот напис: Новинарите на СДСМ биле овоштари?
Датум и време на објавување: 28.01.2014/ 15:35 h Датум на рецензирање: 29.01.2014 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Вистинитоста на наводите во текстот е прашање на кое

Рецензија: Скопјани одат во Солун само на кафе!

на 29. 01. 2014 | | sq
Види ја Венеција и умри“, или тоа беше за некој друг преубав европски град?! Како и да е, оваа изрека употребена за многу места, досега, барем јас, немам слушнато да биде искористена за Солун. Сме чуле за: „Во Солуна грош сомуна, до Солуна сто сомуна“, ама не и за тоа дека на, на пример, „Солун е како Венеција“. Прашувате што има врска Венеција со Солун во конкретниот текст. Е, тоа и јас се чудам. Зошто? Затоа што во написот се зборува за Солун, а на фотографијата ни се појавува Венеција. Линк до оригиналниот напис: Скопјани одат во Солун само на кафе! Датум и време на објавување: 27.01.2014, 9:05 Датум на рецензирање: 28.01.2014 Рецензент: Владимир

Рецензија: Венизелос за еден месец во Скопје: сака да покаже успех како министер

на 29. 01. 2014 | | sq
„Се уште не е утврден датумот кога министерот за надворешни работи Никола Поповски ќе му биде домаќин на грчкиот колега кон крајот на февруари. Од МНР за „Телеграф“ велат дека најверојатно министерот за надворешни работи Никола Поповски ќе му биде домаќин на грчкиот колега кон крајот на февруари.“ Со спокоен вовед порталот донесува вест за едно од најголемите изненадувања во надворешно- политичката сцена на регионот: посетата н висок грчки политичар на Македонија. Веста е релативно прецизна во однос на она што го имаат другите редакции, значи постои нешто „од прва рака“, а воедно постои видлив напор истата да се збогати со одглас од соседството, од земјата од каде доаѓа Венизелос. Овој текст е пример како треба да се работат надворешно-политички

Рецензија: Во Македонија невработеноста наскоро вртоглаво ќе почне да опаѓа

на 29. 01. 2014 | | sq
Веста насловена: „Во Македонија невработеноста наскоро вртоглаво ќе почне да опаѓа“, прозвучува прилично оптимистички. На читателите им се сугерира едно цврсто уверување дека  претстои период  во кој драстично ќе се намали бројот на невработените. И таквиот бум ќе се случи многу брзо! Гледано во поширок контекст тоа имплицира дека државата направила значаен економски и стопански исчекор, па со сигурност може да се очекува отворање на  нови работни места кои значително ќе ја сменат сликата за невработеноста. Но, во веста нема елементи што ќе го поткрепат ваквиот оптимизам. Линк до оригиналниот напис: Во Македонија невработеноста наскоро вртоглаво ќе почне да опаѓа Датум и време на објавување: 27.01.2014, 21:03 Датум на рецензирање: 28.01.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Веста се

Рецензија: Македонска новинарска геј афера: Ударните тупаници со спуштени гаќи до коленици!

на 29. 01. 2014 | |
Уште тоа ни недостасуваше – стихоклепци во нашево новинарство. И насловот и поднасловот на оваа медиумска конструкција се изделкани во стихови. Штета што авторот на ова „новинарско“ делкање на стихови не додржал докрај. Штета, навистина. Така ќе беше запаметен како прв „новинарски“ текст во стихови. Авторот и уредникот на медиумот ќе беа запаметени како основачи на еден нов жанр – „шпекулација во стихови“. Но, настрана шегата. Веднаш да кажеме дека боли до коска кога мора да рецензираме вакви содржини. Боли зашто посветуваме време на нешто што со ништо не заслужува внимание, а мора да се биде професионален и доследен на методологијата за објективно вреднување на еден новинарски труд. Текстот што го рецензираме прекршува повеќе членови од Кодексот на новинарите. Во

Рецензија: Зошто „Фокус“ не се противеше кога му плати на Црвенковски 30.000 евра за клевета?

на 29. 01. 2014 | | sq
Станува збор за политички пристрасен редакциски коментар, закамуфлиран како „информација“, според која неделникот „Фокус“ имал различни критериуми во однос на двете парични отштети на име на загубен судски процес по основ за тужби за клевета – за казната од 6.000 евра во случајот со директорот на УБК, Сашо Мијалков се бунел, а за многу повисоката отштета од 30.000 евра, исплатена на Бранко Црвенковски – не. Ова тврдење, врз кое се гради „информацијата“ е неточно. Само површно истражување во новинските архиви ќе покаже дека за случајот „швајцарски сметки“, сопственикот на „Фокус“ , покојниот Никола Младенов покренал против-тужба во која бараше 100.000 евра отштета од Црвенковски, а неговиот адвокат најавуваше дека ќе биде покренат случај пред Меѓународниот суд во Стразбур. Освен обидот

Рецензија: Интелектуалците реагираат на злоупотребата на ЕУ од страна на Венизелос

на 28. 01. 2014 | | sq
Рецензираме еден прилог од кој ништо не е јасно. Медиумот зборува дека: „здружените интелектуалци со отворено писмо до ЕУ и НАТО“…  …„бараат да ги спречат грчките власти од намерата да го искористат претседавањето со советот на ЕУ за свои државни цели“... Многу тешки зборови со ништо неаргументирани. Затоа и го рецензираме прилогот. Линк до оригиналниот напис: Интелектуалците реагираат на злоупотребата на ЕУ од страна на Венизелос
Датум и време на објавување: 26.01.2014,  16:43  Датум на рецензирање: 27.01.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Во написот ни со еден аргумент не се потврдува веродостојноста на она што е објавено: „Здружените интелектуалци со отворено писмо до ЕУ“. Ако писмото е отворено и ако интелектуалците се здружиле, тоа би требало на некој начин

Рецензија: Брука за новинарите на СДСМ

на 28. 01. 2014 | |
Новинарски „бисер“ наменет исклучиво за некаква си одбрана на друг новинарски „по-бисер“. Бравура на непрофесионализам, ода на политичко-медиумското апологетство, партиски памфлет за забава на елитата, анонимна минијатура од трагични размери која, за жал, е одраз во огледало за ниското ниво на медиумска одговорност кон јавноста. Тоа е описот и „пописот“ на овој т.н. текст. Линк до оригиналниот напис: Брука за новинарите на СДСМ  Датум и време на објавување: 26.01.2014,  9:20 Датум на рецензирање:  27.01.2014 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: Можеби и ќе имав разбирање ова „текстче“ да беше исчитано на партиска прес-конференција, но обидот да се „продаде“ како информација за јавноста е краен безобразлук и намерна навреда на интелегенцијата. На неполни 20-тина реда се успеало да се „натиснат“ толку омаловажувања, обвинувања,

Рецензија: Хаос во медиумите на СДСМ, газдите со бизниси новинарите за минималец

на 28. 01. 2014 | | sq
Читате, триете очи, пак читате и не ви се верува! Пред вас е уште еден „памфлет“ без потпишан автор, а со содржина која лее крокодилски солзи над нечија друга судбина. Текст, кој во старт ги дели медиумите како „медиуми на СДСМ“, кои се непрофесионални, од тие другите, во кои читателот автоматски добива слика дека другите се на ВМРО ДПМНЕ. И, што добиваме? Текст со наводни „извори“ како обид да се