Рецензии

Рецензија: Бранко Геровски – полициски новинар во весникот на Фрчко!

на 3. 02. 2014 | | sq
Еден во низата текстови чија главна цел е дикредитација на новинарот Бранко Геровски е предмет на оваа рецензија. Написот донесува само еден точен факт, а тоа е дека Геровски бил член на Редакцискиот одбор на стручната публикација БЕЗБЕДНОСТ, која ја издаваше Министерството за внатрешни работи на РМ. Од овој факт, авторот, кој и овојпат е непознат, гради конструкција создадена од полувистини и тотални невистини, шпекулации и инсинуирања – со цел да ја наведе јавноста да поверува дека Геровски работел за полицијата, односно дека бил полициски доушник. Сепак, илустрациите – факсимилите од списанието, со кои се обидува да го докаже „случајот“, работат во полза на вистината, односно покажуваат дека во Редакцискиот одбор на оваа ценета публикација, која била дистрибуирана и надвор

Рецензија: Дајнерс затвора експозитури, Бобо и Раца ја цедат фирмата по пет илјади евра месечно за кирија

на 3. 02. 2014 | |
„Ако централата се обидува да намали трошоци, зошто директорот месечно добива нешто над 5.300 евра месечно за кирија, пари со кои во моментов во Скопје комотно може да функционираат и да работат барем пет салони. Според пазарните услови во моментов, сумата којашто се плаќа за кирија е барем десет пати повисока од реалните цени, а дали тоа отвора пат кон евентуален начин на којшто може да се корумпираат политичарите кои потоа може да влијаат на одлуките во корист на компанијата треба да утврдат надлежните државни институции.“ Tекстo се пресметува со опозициска политичарка преку друга личност (нејзиниот сопруг), се приход кој нема врска со државата (режиски трошоци на именуваниот од фирмата), а има врска со контролата на приходите (ама приходот е

Рецензија: Прва жена која починала од канабис

на 3. 02. 2014 | |

(Рецензијата е изработена по предлог на читател. Доколку и Вие сакате да предложите напис за рецензија од страна на нашиот новинарски тим, тоа можете да го сторите овде)

Кога е во прашање содржината на медиумите, граѓаните-читателите и гледачите се први и најповикани да оценат дали таа е во склад со јавниот интерес и на тоа да реагираат. Само така можеме да ја спречиме таблоидизација на јавниот простор и во медиумите да обезбедиме содржини кои се од јавен интерес. По предлог на читател, рецензираме новинарски производ кој жанровски може да се смести во категорија „кратка новинарска приказна од секојдневниот живот“, но, не ги задоволува основните стандарди на објективно новинарство. Еве зошто. Линк до оригиналниот напис: Прва жена која починала од канабис

Рецензија: Заев на инструкции кај Црвенковски

на 3. 02. 2014 | | sq
Заев на инструкции кај Црвенковски“ е тенденциозен  и пристрасен текст кој има  сериозни проблеми со релевантноста. Овој шпекулативен редакциски материјал  не посочува извори, нема факти и аргументација, туку врз основа на непотврдени информации наменски ја турка тезата дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев нема капацитет и дека конците во партијата и натаму ги влече екс-лидерот, Бранко Црвенковски. „Зоран Заев очигледно не може сам да ја води партијата на

Рецензија: Каков стан издава Шекеринска за 5.312 евра месечно?

на 31. 01. 2014 | |
Пред нас е еден пристрасен прилог со тендециозен со наслов: „Каков стан издава Шекеринска за 5.312 евра месечно?“, кој алудира на тоа дека постои  мистерија околу некаков луксузен стан на заменик претседателката на СДСМ. Иако, Шеќеринска на прес-конфернција објсани за каков стан се работи. Односно, јасно кажа дека: „Станува збор за надоместок од страна на фирмата во која работи нејзиниот сопруг за трошоци за станот во кој живее со семејството“ И наспроти  просторот што му е отстапен на директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски , кој ја прозва Шеќеринска за стан што таа го пријавила во анкетниот лист, нејзиниот одговор е сметен во само две-три реченици на крајот од текстот и е целосно маргинализиран.  Авторот

Рецензија: 35 македонци имаат богатство од 4 милијарди долари

на 31. 01. 2014 | |
Очигледно станува практика да се пласираат текстови кои се без елементарно објаснување, без какви било извори, со целосно отсуство на цитирани изјави или, пак, соговорници, со „нудење“ некакви податоци без тие соодветно да бидат аргументирани… Ова го велам, имајќи го на ум токму конкретново „новинарско парче“, ако така може да се нарече. Во структурата на написот имаме „кој“ и „каде“, иако и тоа е дискутабилно, но затоа пак, немаме „што, кога, како и зошто“. Овде ни се сервира крајно непроверена и непоткрепена информација која не ги задоволува најбазичните елементи кои треба да ги има една вест. Линк до оригиналниот напис: 35 македонци имаат богатство од 4 милијарди долари Датум и време на објавување: 28.01.2014, 02:30 Датум на рецензирање:  30.01.2014 Рецензент:

Рецензија: Љубовна афера ја „тресе“ владината коалиција!?

на 31. 01. 2014 | | sq
Жолт печат, морализирање и политичка пристрасност. Ова се главните карактеристики на текстот што го рецензираме. Првото прашање што ќе си го постави читателот, кој е медиумски претпазлив и скептичен, е зошто на напишаното треба да му верува и кои аргументи непотпишаниот автор му ги нуди за да го убеди во евентуалната вистинитост на изнесеното. Освен тоа, дури и кога би била вистинита приказната, каде е јавниот интерес од нејзиното објавување? Од текстот не е очигледна ниту една причина поради која две лица од различни партии не би смееле да бидат во врска. Линк до оригиналниот напис: Љубовна афера ја „тресе“ владината коалиција!? Датум и време на објавување: 25.01.2014, 16: 04 Датум на рецензирање: 27.01.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Текстот нема

Рецензија: Тања Милевска бара Македонија да го послуша ултиматумот од Грција

на 30. 01. 2014 | |
Во чиј интерес се тривијалните и безначајни информации, освен што стануваат еден од генераторите на тривијалните општества? Во таквите тривијални медиумски содржини спаѓаат и оние кои без аргументи, најчесто вперени против приватноста на одредени личности, се прикажуваат како суштински за да учествуваат во вреднувањето на општествените феномени. Во таа насока, кога е новинарството во прашање, членот 10 од Кодексот на новинарите е јасен: „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува

Рецензија: Момче тврди дека живеело на Марс: Знам што не очекува

на 30. 01. 2014 | |
„За необичното дете Бориска прв пат се слушна од приказната на еден очевидец на експедиција на северот на Волгоградската област. Тој постојано на возрасните им зборува дека на Марс имало цивилизација, за мегалитските градови и марсовските вселенски бродови, за летовите на другите планети и за државата Лемурија на Земјата, чиј што живот го познавал од сопствено искуство, бидејќи вели дека понекогаш доаѓал од Марс, на големиот континент, каде што имал и пријатели“. Во трката по сензации, која во нашиот мал простор со многу медиуми, наликува на гладијаторска борба за внимание, А1он објавува шокантна приказна за момчето Боришка кое наводно дошло од планетата Марс. Текстот е застарен, бидејќи првите написи за момчето во рускиот печат се појавија во 2005 година. Дел

Рецензија: Пратеник на СДСМ со пиштол

на 30. 01. 2014 | |
Веќе со сензационалистички интонираниот наслов овој напис прави обид да креира случај, сензација, во чие средиште ќе биде претставник на најголемата опозициона партија во државата. Но, како што ќе покаже содржината на текстот, насловот, всушност, го открива мотивот кој стои во позадина, а тоа е и по цена на евтина манипулација да се создаде негативен сентимент, вознемиреност или одбивност кон нешто што го носи предзнакот СДСМ. Иако непотполн, насловот „Пратеник