Рецензии

Рецензија: Прочитајте и споделете: Ова се чудо-едноставни лекови за рак

на 6. 02. 2014 | | sq
Според психолозите, во природата на секој човек е да ги побара и алтернативните решенија за своите здравствени проблеми. Посебно кога официјалната медицина веќе ги исцрпела сите можни методи. Ваквиот начин на лекување, неговото пропагирање, подготовка и промет на помошни лековити средства, препаратите, билни и сите други смеси и мешавини се регулирани со строги законски прописи. Сѐ што е вон нив се смета за надрилекарство, може да му наштети на пациентот и се казнува според член 209 од Кривичниот законик на Република Mакедoнија: Член 209 од КЗ на РМ Тој, што без пропишана стручна подготовка се занимава со лекување или со давање медицинска помош и совети, ќе се казни со затвор до една година и со парична казна.
Рецензираме новински напис,

Рецензија: Бившиот на Весна Бејби доби ќерка

на 6. 02. 2014 | |
Текст кој имал намера да биде сензационален, со бомбастичен наслов што требало да ја „продаде“ информацијата, но вака како што е пласиран, дефинитивно е пример за лош текст, во кој новинарот покажал несериозност и непрофесионалност. Најголемиот проблем е што во текстот се изнесуваат лични и семејни прилики за кои нема,  ниту може да се оправда потребата од јавен интерес. Замислете каква информација ни нуди весникот – дека „бившиот маж на Весна Бејби добил ќерка“. За бившиот маж, благодарејќи на информациите во текстот, читателите  дознавааат дека се викал Јанко Тренковски, дека е директор на приватно пензиско друштво, а детето му е од друга жена. Да одиме по ред. Кој е јавниот интерес, во насловот да ни се пласира информација дека нечиј

Рецензија: Од снежното невреме, Вучиќ спасил Албанче од Призрен

на 5. 02. 2014 | | sq
И во насловот на новинарската вест што ја рецензираме, и во нејзината прва, значи најбитна реченица според новинарските правила, медиумот што ја пренесува оваа вест ја нагласува етничката припадност на детето што било спасено од високопозициониран српски политичар. Ако новинарските вести, освен информации, испраќаат пораки, се прашуваме зошто е толку битна пораката за етничката припадност на детето? Зошто? Обидете се да ја прочитате веста уште еднаш со тоа што ќе ја игнорирате етничката припадност на спасеното дете и на неговото семејство. Или зацрнете ги тие места со фломастер. Доколку го направите ова, ќе видите дека ништо не се менува: и понатаму имате вест за хумана постапка на еден човек, кој во овој случај е познат политичар. Но, тука, на границата

Рецензија: Хаос на Бихаќка – СДСМ „удри“ и по Жерновски

на 5. 02. 2014 | | sq
Текстот со спинерски наслов: „Хаос на Бихаќка – СДСМ „удри“ и по Жерновски“, прозвучува како да се случил некаков конфлит во редовите на опозицијата. Тоа е, всушност, и намерата на овој напис, кој се обидува да креира во јавноста сензација дека пукаат рабовите во опозициските редови. Материјалот што го рецензираме е преземен од  друг портал и во него се целосно изместени поентите од прес-конференцијата на СДСМ, при што се плете една теднедциозна приказна која се потпира на паушално нафрлани информации. Линк до оригиналниот напис: Хаос на Бихаќка – СДСМ „удри“ и по Жерновски Датум и време на објавување: 2.02.2014, 00:11 Датум на рецензирање: 4.04.2014 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Написот е мешавина од вистинити факти и податоци, чија вистиниотост

Рецензија: Кои индустрии во иднина ќе го движат економскиот раст?

на 4. 02. 2014 | |
Замислете ваква ситуација. Доаѓа зимата, но во првата календарска зимска недела времето е топло, нема потреба од шалови и капи, времето е убаво и доволно е да облечете само една есенска јакна. Почнувате да размислувате за времето и заклучувате дека со оглед на тоа што првата зимска недела е топла, тоа мора да е сигурен знак и дека целата зима ќе биде топла. До првиот зимски студ, кој неодложно мора да дојде, се разбира. Текстот што го рецензираме, иако не се однесува на времето, туку на економијата, некако на ист начин и по исти критериуми, тргнувајќи од конкретното или единечното, донесува заклучоци кои се генерализирани и сеопфатни. Линк до оригиналниот напис: Кои индустрии во иднина ќе го движат економскиот раст?

Рецензија: ФОТО: Шеќеринска се вози со луксузен џип

на 4. 02. 2014 | |
Пред нас се наоѓа едно, во најмала рака, чудно писание. Иако содржи само три реченици, овој производ не говори за намера професионално да се информира, туку да се пропагира и да се спинува. Не е задоволен јавниот интерес, односно, не се одговара на прашањето што е спорно во тоа потпретседателката на СДСМ и пратеничка во Собранието на РМ, Радмила Шеќеринска, да се вози во луксузен џип. Од новинарски аспект, пак,

Рецензија: Мрежата во медиумите на СДСМ – Безброј портали исти сопственици

на 4. 02. 2014 | |
„Новинарската војна“ во земјава дојде до, според речникот на меѓународната политика, ниво на хуманитарна катастрофа. Не се внимава на тоа што е „легитимна цел, а што е населено место“, се пука од сите, дури и забранети видови оружја – се користат касетни бомби, боеви отрови, не се води сметка за „цивилни жртви“ и по она народното „покрај сувото ќе гори и суровото“. Не знам кому, а сигурно има кому, ама тоа не е публиката, му одговара ваквата ситуација – медиумите наместо да „копаат“ по оние кои се во позиција да прават злоупотреби, тие повеќе се занимаваат со сопствениот „валкан“, но за жал и „чист“ веш. Не знам зошто некои медиуми се најдоа повикани да бранат одредени новинари за кои опозицијата,

Рецензија: Босански воен инвалид бара истрага

на 4. 02. 2014 | |
Вистинито информирање и точно наведување на факти со назначување на изворот се основните професионални барања што медиумот треба да ги почитува. Рецензираме напис кој се однесува на двајца високи државни функционери од соседна земја, против кои поранешен припадник на Армијата на БиХ поднел барање за покренување истрага поради воените злосторства. Објавување на ваква сериозна вест, без посочување на изворот, кај читателите може да предизвика сомнеж во вистинитоста, а на државата да ѝ наштети во меѓусебните односи со соседната држава.  Линк до оригиналниот напис: Босански воен инвалид бара истрага
Датум и време на објавување: 03.02.2014 Датум на рецензирање: 03.02.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Бидејќи не е посочен никаков извор на информацијата, како да веруваме дека е вистинита. Извори на информации: Нема

Рецензија: Паника и страв во СДСМ по анкетата на “Димитрија Чуповски“

на 4. 02. 2014 | | sq
Пречестата и со ништо оправдана флоскула околу анонимните извори не е дозволена во новинарството. Уште помалку е дозволено мешање на факти со ставови, односно со коментар, неизбалансирано известување и игнорирање на втора, односно засегната страна… Сето ова го имаме во текстот Паника и страв во СДСМ по анкетата на „Димитрија Чуповски“. Линк до оригиналниот напис: Паника и страв во СДСМ по анкетата на “Димитрија Чуповски“ Датум и време на

Рецензија: Што добил Героски за возврат од МВР кога работел во нивното гласило?

на 3. 02. 2014 | | sq
Уште еден медиумски обид за спинување на ситуацијата во која одредени новинари, како што објави опозицијата, се фатени како освен со „основната“, се занимаваат и со дополнителна бизнис-дејност и тоа добивајќи државни тендери. Значи, ни се нуди текст чија основна цел е очигледно на јавноста да и се „замачкаат очи“ со нешто што се случувало пред дваесетина години и да се дефокусира вниманието од актуелната афера за, според главната опозициска