Рецензии

Рецензија: Нервоза и паника во опозицијата: СДСМ преку Сорос создава алиби за пораз

на 17. 04. 2014 | |
Кога и самите граѓани реагираат,  забележуваат и укажуваат на сериозни нарушувања на стандардите на новинарската професија, значи дека со текстот кој го рецензираме навистина нешто не е во ред. Во овој случај и новинарските здруженија, но и државата би требало да реагираат, бидејќи ова не е првпат  истиот медиум да отвора хајка, неаргументирано да обвинува и да мобилизира против  плејада истакнати новинари и опозициски медиуми само затоа што нивните содржини несе по воља на авторот кој немал храброст да се потпише под  нешто што не може да се нарече новинарски производ него обичен пафлет. Линк до оригиналниот напис: Нервоза и паника во опозицијата: СДСМ преку Сорос создава алиби за пораз
Датум и време на објавување: 12.04.2014, 23:38 Датум на

Рецензија: Затворени избирачките места-изборите фер и демократски

на 17. 04. 2014 | |
Во овој текст се гледа како со малку може многу да се расипе. Нешто слично како во готвењето – кога ќе се земе готов, проверен рецепт и наместо да се оди само по него, со ставање на еден единствен дополнителен зачин целото јадење ќе излезе лошо. Така е и во конкретниот пример: сѐ било веќе направено и готово, но некој турил само една мирудија и сѐ се измешало. Линк до оригиналниот напис: Затворени избирачките места-изборите фер и демократски Датум и време на објавување: 13.04.2014, 19:05 Датум на рецензирање:  14.04.2014 Рецензент: Владимир Мирчески   ЧИЈА Е ОЦЕНКАТА ЗА ИЗБОРНИОТ ДЕН?!  Таа претходно спомената „мирудија“ овде многу повлијаела врз вистинтоста. Зошто? Затоа што се тврди нешто што со ништо не е аргументирано во

Рецензија: ВМРО ДПМНЕ убедливо гази СДСМ плаче кај судиите

на 17. 04. 2014 | |
Ова е текст кој не би можеле да го смислат ниту ПР стратезите од партијата за која е наменет. „На прва“ се чини дека оваа „анализа“ е платен политички маркетинг на една политичка партија. Но, барајќи ознака дека тоа е така, или барем дека стои логото на партијата, се заклучува дека, сепак, е новинарски производ. Текстот да беше означен како ЕПП ќе беше во ред. Вакви политички памфлети имало секогаш, посебно за време на избори. Но, ваков текст кој дури ниту раководството на партијата не може да го осмисли, досега немало. Ова е чудо од новинарски производ кој е новитет во Македонија, да не зборуваме, пак, за во светот. Вакво нешто досега не се случило во медиум за ниту едни

Рецензија: Дали Пендаровски бара да се свитка кичмата за името како неговиот партиски лидер Заев?

на 16. 04. 2014 | |
На самиот старт на овој исклучително пристрасен текст се тврди дека Пендаровски се залага за „личен консензус“ што е неточно пренесување на фактите. Од видео материјалот кој е составен дел од овој медиумски производ може да се слушне дека Пендаровски се залага за државен консензус. Покрај тоа, формулацијата „личен консензус“ е нелогична и не значи ништо. Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски не го открива својот став за прашањето за името, туку истакнува дека единствено се залагал за личен консензус и државен статус. Линк до оригиналниот напис: Дали Пендаровски бара да се свитка кичмата за името како неговиот партиски лидер Заев? Датум и време на објавување: 09.04.2014, 18:03 Датум на рецензирање: 12:04 Рецензент: Мирослава Бурнс Во врска со насловот

Рецензија: Геровски и Плус инфо им се извинуваат на Ивона и на Латас

на 15. 04. 2014 | |
Имаме напис кој покажува елементарно непознавање во две категории. Во првата, која ќе ја наречеме новинарска, се мешаат „баби и жаби“ односно вест и коментар, притоа злоупотребувајќи една ситуација на која, преку разни „зачини“, намерно ѝ се дава сосема поинаква конотација, а со тоа се создава погрешен впечаток кај читателите. Во втората категорија, која можеме да ја означиме како правна, се прави вистинска папзјанија и се тврди дека „еден новинар и неговата редакција во еден текст се извиниле за пишувањата против други двајца новинари “, а всушност во оригиналниот текст никаде не се споменува извинување. Хм, интересно.  Линк до оригиналниот напис: Геровски и Плус инфо им се извинуваат на Ивона и на Латас Датум и време на објавување:  11.04.2014,

Рецензија: ВИСТИНСКА ДРАМА НА ТАБАНОВЦЕ – Прочитајте за што се работи

на 15. 04. 2014 | | sq
Ако судиме според насловот навистина нешто драматично ќе се случува во текстот. Но, кога ќе се прочита заклучувате дека всушност се работи за полициски билтен во кое нема ништо од „драмата“. Насловот сака да му даде впечаток на читателот дека нешто ќе се случува во приказната, но балонот пука веднаш чим ќе се премине на текстот. Во минатото, низ македонските портали, имаше повеќе вести кои се нагласуваа со „ексклузивно“, „скандалозно“, „трагично“… и слично, но за среќа на читателите тоа веќе е минато. Освен, се разбира, тука каде што очигледно иднината се уште не стигнала. Линк до оригиналниот напис: ВИСТИНСКА ДРАМА НА ТАБАНОВЦЕ – Прочитајте за што се работи
Датум и време на објавување: 11.04.2014, 12:06 Датум на рецензирање: 11.04.2014 Рецензент:

Рецензија: 11 нови задруги

на 15. 04. 2014 | |
„Единаесет нови задруги” како 12 величенствени… Мора да се признае дека е силен притисокот врз новинарите за време на изборната кампања. Толку силен што новинарите не се во состојба ниту да одбијат задача, иако тоа може да го сторат, повикувајќи се Кодексот на новинарите и членот 17: „Новинарот има право да одбие работна задача до колку е во спротивност со принципите на овој Кодекс.“ Значи, кога етичките и професионалните стандарди се под предвидениот степен на пристојност, работната задача може да се одбие. Медиумската содржина што ја рецензираме, иако е под стандардите, сепак е објавена. Тоа, уште еднаш нагласуваме, зборува дека притисокот е огромен. Линк до оригиналниот напис: 11 нови задруги Датум и време на објавување: 10.04.2014, 11:04 Датум на рецензирање:

Рецензија: Дебакл на митингот на СДСМ во Прилеп – се бараат виновници

на 15. 04. 2014 | | sq
Не планирам многу простор да му доделам на ова текстчуле, а Вам како читатели многу време да ви одземам. Сепак, задачата треба да се заврши, а верувајте нема многу да трае. Зошто, ќе прашате? – Зашто сѐ е една едноставно невистина! Линк до оригиналниот напис: Дебакл на митингот на СДСМ во Прилеп – се бараат виновници Датум и време на објавување: 09.04.2014, 22:02 Датум на рецензирање: 10.04.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

КАКО ОДЕШЕ ПЕСНАТА „ЛАЖИ ЛАЖИ….“ 

Ако некој сакал да ја замае публиката со две реченици и една „фотка“ очигледно направена пред почетокот на митингот на опозицијата во Прилеп, јас ќе потрошам само една реченица за да го оценам „ваквото дело“: вистинитост – лага, извори на информации – оди најди ги,

Рецензија: Пендаровски не се изјасни, кој е неговиот став за името?

на 15. 04. 2014 | |
Пред нас имаме текст кој не може да се стави во ниту еден новинарски жанр. Не  е ниту, вест, ниту коментар, ниту колумна, а уште помалку анализа. Иако текстот сака да излгуми некој цврст факт дека тоа навистина е така, не нуди никакви аргументи, барем не релевантни. Освен ако се земат за релевантни муабетите на пазар или оговарањата со соседката на кафе. Ова е текст кој од прв до последен збор е коментирање. Ама толку се „заборавило“ со коментирањете што не се пазело дури ниту на граматиката и синтаксата. Како и да е, сепак, тоа е помалото зло, поголемото зло во текстот е што е целиот нерелевантен, невалиден, неточен и е класичен спин. Линк до оригиналниот напис: Пендаровски не се

Портокалова шминка врз извештајот на ММФ

на 15. 04. 2014 | |

[Рецензија: ММФ со повисоки прогнози за македонската економија]

Основниот проблем со оваа куса вест: „ ММФ со повисоки прогнози за македонската економија, е што има селективен пристап во прикажувањето на податоците. Фактички, таа прикрива  информации и во јавноста креира една нереална  слика за „зајакнување“ на македонската економија. Начинот на кој е обработен и пласиран овој материјал, вклучително и насловот, укажува на намерата да се пофали актуелната Влада. А, сето тоа ставено во контекст на актуелниот политички момент добива призвук на маркетиншка содржина во изборни цели. Линк до оригиналниот напис: ММФ со повисоки прогнози за македонската економија Датум и време на објавување: 09.04.2014 Датум на рецензирање:  10.04.2014 Рецензент:  Оливера Војновска  

СПИН

Написот се потпира на извештај на Меѓународниот монетарен фонд.