Рецензии

Рецензија: Ставрески: Децата со инвалидитет и нивните семејства ја имаат нашата поддршка (ФОТО)

на 21. 04. 2014 | |
Денеска имаме текст кој е класична информација за посета на политичар на деца со попреченост. И текстот во политичка смисла (освен ако не сакаме да навлеземе во дебата за мешањето на јавната и политичката функција) е коректен. Сепак боде очи формулацијата со која е опфатена ова група која е носител на приказната. Имено, текстот ги ословува како „децата со инвалидитет“ што е во спротивност со модерната терминологија. Тоа е објаснето и во анализата на м-р Жарко Трајановски: „Зошто медиумите го игнорираат проблемот на лицата со попреченост?“ Почитувањето на човековото достоинство и на човековите права на сите луѓе, вклучително и на припадниците на маргинализираните групи, е обврска на новинар(к)ите. Новинар(к)ите треба да бидат особено внимателни при употребата на термините за означување

Рецензија: Пендаровски не ја прими пораката од народот: Бројот на гласови на кандидатот на власта не е резултат на неговите квалитети

на 21. 04. 2014 | |
Чуден текст, може да се рече. Нејасна е неговата намена, барем за мене. Што сакало да се постигне: да му се даде лекција по „политичка култура“ на кандидатот на опозицијата за претседател на државата, нему да му се „протолкува“, со свои зборови, изборниот ден и резултатите, или пак да се искористи медиумската позиција за свесно и самоволно, пред граѓаните и потенцијалните гласачи, таа личност да се окарактеризира како „дрска и безобразна“ поради неговата проценка за начинот на кој противкандитатот стигнал до гласовите? Најверојатно ќе да е ова третово. Линк до оригиналниот напис: Пендаровски не ја прими пораката од народот: Бројот на гласови на кандидатот на власта не е резултат на неговите квалитети Датум и време на објавување:   13.04.2014 23:04 Датум

Рецензија: Шекеринска ја одбегна одговорноста за поразот

на 21. 04. 2014 | |
Пред нас имаме текст во кој невешто е скриен фактот дека Шекеринска, на денот кога се случува настанот за кој се говори, е нападната додека е во улога на набљудувач на избирачко место во Шуто Оризари. Линк до оригиналниот напис:  Шекеринска ја одбегна одговорноста за поразот Датум и време на објавување: 14.04.2014, 11:54 Датум на рецензирање: 15.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс За волја на вистината, кампањите за претседателските и за парламентарните избори кандидатот Стево Пендаровски и СДСМ ги водеа одвоено, па оттука нејасна е прозивката кон Шекеринска и мешањето на партијата. На синоќешната прес конференција во седиштето на СДСМ на Бихаќка се појавија лидерот на партијата Зоран Заев и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, додека Радмила Шекеринска  ја немаше да поднесе одговорност

Рецензија: Додека глумиме Европејци, ДУИ крои планови за размонтирање на државата

на 21. 04. 2014 | |
Новинарската анализа за резултатите од првиот круг претседателски избори што ја рецензираме, почнувајќи од нејзиниот наслов, во сите делови на текстот и во неговата завршница оддишува со етноцентризам. Од Марс се гледа тоа. За да бидеме појасни еве ја дефиницијата што ја предлага Д-р Мирјана Најчевска во анализата „Црвено светло за етноцентризмот“: „Етноцентризмот по дефиниција е тенденција да се гледа на светот, пред сè, од перспектива на сопствената етничка заедница. Од една страна сме НИЕ, а од друга сите ДРУГИ.“ Имајки ја оваа дефиниција предвид, д-р Најчевска сугерира дека: „На етноцентричност може да се посомневаме и кога во одредена медиумска информација/текст активностите на својата заедница  се прикажуваат како „исправни” и „нормални”, додека активностите на другите култури се прикажуваат како „погрешни”

Рецензија: И сдсмовските експерти веќе не можат да го бранат Заев – сите се свртеа против СДСМ!

на 21. 04. 2014 | |
Пред нас, всушност, имаме школски пример за спин. Значи, текст кој уште од влезот ја извртува вистината.  Првиот пасус е целосно коментаторска констатција на авторот, а понатаму продолжува со делови (секако извадени од контекст) од некои изјави на новинари и политички експерти. Причините за катастрофалните изборни резултати кои што веќе неколку изборни циклуси ја следат најголемата опозициона партија СДСМ очигледно и понатаму не допираат до тамошните челни луѓе Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, кои наместо одговорноста да ја превземат на свој грб со немањето на квалитетни и издражни проекти тие и понатаму во стилот на Бранко Црвенковски продолжуваат да ја омаловажуваат интелегенцијата на народот, велејќи дека тој се уште не ја покажал својата волја и дека допрва се очекува да

Рецензија: Ѓорге Иванов победник на сите избирачки места

на 21. 04. 2014 | |
Изборниот молк во Македонија е востановен како потребен и во законите и во медиумската култура. Од тоа произлегува и степенот на неговата важност и може да се извлече заклучок за неговата поврзаност со изборниот резултат. Демократските капацитети на општеството се манифестираат, меѓу другото, и со почитувањето на законите. Од принципиелноста на медиумите, во кои суштински (иако не и формално-правно) спаѓаат и интернет порталите, може да се извлечат и заклучоци за демократските процеси. Линк до оригиналниот напис: Ѓорге Иванов победник на сите избирачки места Датум и време на објавување: 13.04.2014, 07:55 Датум на рецензирање: 13.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс  

ИЗБОРНИОТ МОЛК Е СТАНДАРД, А НЕ ИЗБОР

Изборниот законик во членот 76-б утврдува дека за време на изборниот молк престануваат сите облици

Рецензија: ОБСЕ/ОДИХР: Бојкотот не е демократско решение

на 21. 04. 2014 | |
Текстот што го рецензираме половично ја информира јавноста за првичните заклучоци од монитирингот на набљудубачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР и Парламентарното собрание на Советот на Европа  (ПССЕ) за првиот круг од претседaтелските избори. Во него се прикриваат битни информации за однесувањето на  медиумите и за партизираноста на државата, а на кои е отстапен прилично голем простор во прелиминиарниот  извештај на набљудувачите. Имено, наспроти сериозните забелешки кои се искажани во Изјавата за првичните наоди и заклучоци за досегашниот тек на изборите, во текстот се дава само еден површен приказ. И притоа критиките за непрофесионалното однесување на медиумите и нерамноправната битка меѓу претстедателските кандидати сe само бегло  нафрлeни во вториот дел од материјалот. Ваквиот начин на обработка и пласирање на информациите е во

Рецензија: Убедливата победа на Иванов значи фијаско на СДСМ и на парламентарните избори

на 20. 04. 2014 | | sq
Текстот насловен: „Убедливата победа на Иванов значи фијаско на СДСМ  и на парламентарните избори“,  најавен на насловната страница на весникот, е крајно тендециозен, пристрасен  и навивачки настроен кон владејачката партија.  Почнувајќи од насловот,  па до последниот ред , овој „аналитичен “ текст ја турка тезата дека опозицијата ќе доживее дебакл на двојните избори  на 27 април.  Всушност, ова е уште еден од серијата текстови во кои се „вртат“ едни исти аналитичари, чии ставови редовно се на линија на власта. Линк до оригиналниот напис: Убедливата победа на Иванов значи фијаско на СДСМ  и на парламентарните избори Датум и време на објавување: 15.04.2014 Датум на рецензирање: 15.04.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ПОДМЕТНУВАЊЕ

Неспорно е дека изјавите на двајцата соговорници се точно пренесени. Но,

Рецензија: Како Киро Глигоров стана прв претседател, а не доби доверба во Парламентот?

на 17. 04. 2014 | |
Во првиот постизборен ден објавен е еден вид на текст-хроника за македонските претседатели од осамостојувањето до денес, како што е најавено во наднасловот. Начелно, тоа е добар уредувачки потег, само што содржината на прилогот повеќе говори за тоа како се спроведоа претседателските избори од осамостојувањето до денес, одново со една ограда дека почетната задача главно е задржана само во оценката на претседателствувањето на првиот претседател – Киро Глигоров и донекаде на Бранко Црвенковски, додека кај претседателот Трајковски постои целосно прескокнување на „сижето“. Текстот носи една нималку наивна теза (во форма на прашалник) дека Глигоров и не бил легитимен во вршењето на функцијата. „Изборот на Глигоров во Парламентот таа 1991 година претставува политички компромис меѓу тогашната победничка партија на парламентарните избори,

Рецензија: Македонија ја доби организацијата на Европското првенство во кендо

на 17. 04. 2014 | | sq
Никогаш не тврдиме дека новинарите се безгрешни, но за некои грешки навистина не треба да се премолчи зашто демонстрираат непрофесионалност и неодгово рност, а тоа се последици кои оваа професија не смее да си ги дозволи. Новинарскиот текст што го  рецензираме доаѓа од портал кој е специјализиран за спортски вести. Уште повеќе, тој портал за свој принцип според кој се раководи го има слоганот „Вашата спортска Википедиа“ што претендира на извесна релевантност. Но, текстот што е предмет на наше внимание носи со себе една од најголемите грешки што може да ги направи еден репортер. Фокусот на вниманието на репортерот кој известува од прес конференција на која се објавува дека во Скопје, односно во Република Македонија ќе се одржи