verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Пендаровски не ја прими пораката од народот: Бројот на гласови на кандидатот на власта не е резултат на неговите квалитети

on 21 - 04 - 2014       

28-0987009988770987-crop-resize

Чуден текст, може да се рече. Нејасна е неговата намена, барем за мене. Што сакало да се постигне: да му се даде лекција по „политичка култура“ на кандидатот на опозицијата за претседател на државата, нему да му се „протолкува“, со свои зборови, изборниот ден и резултатите, или пак да се искористи медиумската позиција за свесно и самоволно, пред граѓаните и потенцијалните гласачи, таа личност да се окарактеризира како „дрска и безобразна“ поради неговата проценка за начинот на кој противкандитатот стигнал до гласовите? Најверојатно ќе да е ова третово.

2Линк до оригиналниот напис: Пендаровски не ја прими пораката од народот: Бројот на гласови на кандидатот на власта не е резултат на неговите квалитети

Датум и време на објавување:   13.04.2014 23:04

Датум на рецензирање: 16.04.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ГЛАСОВИТЕ КАКО СИЛА НА МУСКУЛИ

Можам да сфатам во еуфоријата по сумирањето на резултатите од првиот изборен круг политичка партија, во овој случај онаа на власт, да каже дека Пендаровски не ја прими пораката од народот: Бројот на гласови на кандидатот на власта не е резултат на неговите квалитети“, но тоа да си го дозволи еден медиум е неразбирлво, особено што станува збор за „вест“, а не за коментар, иако овде имаме елелменти на „осврт“. За мене тоа е недозволиво узурпирање на сфера која секако не е медиумска. На крајот на краиштата имаме јасна политичка порака, со симптоматично познат речник, пласирана во редовите на овој текст. Тоа секако е недозволиво, барем за оние медиуми кои сакаат да работат според професионалните стандарди. Едноставно кажано, овој текст, неговиот автор и вклучително целиот портал си ја презеле улогата на некаков си политички суд и тоа среде избори, наместо само да се пласира информацијата и да се остави заклучоците да си ги носи публиката. Очигледно е отстапувањето од членот 14 од Кодексот на новинарите на Македонија:

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“.

Значи, како основен извор на информации имаме изјава на опозицискиот кандидат која неспорно е вистинита, по што таа тенденциозно е извитоперена со политичка квалификација за тоа што „порачал народот“. А, каде е пораката на „другиот народ“ кој застанал зад опозицијата, или ова е доминација на мнозинството каде „бројките“ се најважни?

 

СОДРЖАЈНОСТ МАЛКУ, ПРИСТРАСНОСТ МНОГУ

Содржајноста не е страшно јака страна на овој напис – имаме само една изјава, што само по себе не би било проблем, ако таа не била „некако протолкувана“ со што се губи евентуалната дилема, ако воопшто и се имала, за политичкиот предзнак на четивото. Оттука, јасно е дека наместо објективност имаме пристрасност, а и коментаторски обиди како:

„Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, во обраќањето до јавноста во врска со првиот круг гласање за претседателски избори место да му честита на противкандидатот Ѓорге Иванов, кој освои повеќе од 118.000 гласа од него, дрско, безобразно и со потценување соопшти дека резултатот на Иванов не се должи на неговите квалитети“.

Зошто ваквите „епитети“ да не им се остават на „дежурните“ експерти па тие да ја преземат тежината на кажаниот збор? Најверојатно затоа што се немало време – написот е објавен многу брзо по настапот на опозицискиот кандидат.

Наликува дека брзо-брзо е „заштрафуван“ и насловот, кој ептен е на криво поставен. Што повеќе да се каже за конструкција која употребува фрази кои наликуваат како на минатите времиња кога се зборуваше за „народ, општо добро, бројки, квоти и натфрлања….“

За крај треба да се каже дека конечно некој, особено медиумите, мора да разбере дека народот не е само оној дел од населението кое гласало за власта или за нејзиниот кандидат, туку дека народот се сите – и оние за власта и оние за опозицијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови