Рецензии

Рецензија: Како Заев би ја претставувал Македонија?

на 25. 04. 2014 | |
Пред нас е силно пристрасен и коментаторски текст, кој паушално дискредитира врз основа на снимена фотографија и не може да се пофали со веродостојни факти ниту со обид тие да се проверат. Објавувањето на текстот во предизборниот период остава сомнеж дека неговата намена е да го разубеди гласачкото тело дека не треба да гласа за опозицијата, но начинот на кој се прави ова е полн со предрасуди и со „што би било кога би било“. Линк до оригиналниот напис: Како Заев би ја претставувал Македонија? Датум и време на објавување: 25.04.2014, 14:53 Датум на рецензирање: 25.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Ад хоминем пристапот, односно пристапот кој не се фокусира на политиките, туку на личноста сама по себе е лајт мотив во

Новинарот не смее во исто време да биде и „експерт“ и навреден гласач, коментатор, известувач…

на 25. 04. 2014 | |

[Рецензија: Пендаровски од Приштина со навреди за Македонија]

Цени го мислењето на другиот, дури и кога не се согласуваш со него! Ако имаш аргументи, спротивстави се со нив, но не напаѓај, дискредитирај или омаловажувај. Ова се животни правила кои се бонтон за примерно, човечко и демократско однесување и нив не е етички да ги прекршува човек ниту во секојдневната комуникација. Нивно прекршување најмалку се очекува од медиумите, чиј кодекс на однесување е насочен токму кон елиминирање на ваквите слабости. Но, во посочениов пример, авторот не се кара со аргументите на говорникот преку спротивставување на аргументи, туку проблематизира настап, начин на комуникација и како тоа, некој да се дрзе од Приштина да зборува против Македонија и нејзината Влада? Засега, нема закон

Скандалозно: објавени измислици за „Кристална ноќ“

на 25. 04. 2014 | |

[Рецензија: Скандалозно: Заев со сценарио за пропаѓање на изборите]

Опозиција оцрнета со најжестоки негативни квалификации со елементи на говор на омраза, груб и навредлив напад на конкретна фигура, во случајот – лидер на најголемата опозициона партија неколку дена пред изборите без аргументи, со користење на фантомски анонимни (непостоечки) внатрепартиски извори од опозицијата кои, како по правило, секогаш зборуваат сѐ најцрно за својата партија, користење на искази на претставици на власта како извори на информации за состојбите во опозицијата, користење на услугите на едни те исти самопрогласени политички аналитичари за нападите да добијат, демек, призвук на објективност, тоа се само делумно наброени слабости на текстот кој е предмет на рецензијава. Се работи, имено за чисто пропаганден текст, кој е само ехо

Рецензија: Груевски: СДСМ подготвува терен да ги прогласи изборите за нерегуларни

на 25. 04. 2014 | | sq
Политичарите во завршницата на предизборните митинзи говорницата ја претворија во местото од каде ќе го плукаат и навредуваат својот политички противник. Кога лидерот вака се однесува, тогаш и сите пониски ешалони во власта, но и нивните политички противници, се натпреваруваат во говорништвото кое ќе биде исфилувано со навреди и можни елементи на говор на омраза. Рецензираме таков текст  во кој новинарот, ставјќи ги под знакот на наводите навредливиот говор на Премиерот, смета дека се амнестирал од одговорност и соучесништво. Но, не е така. Линк до оригиналниот напис: Груевски: СДСМ подготвува терен да ги прогласи изборите за нерегуларни Датум и време на објавување: 24.04.2014 Датум на рецензирање: 24.04.2014 Рецензент: Александар Писарев   НОВИНАРОТ НЕ Е МЕГАФОН „Груевски: СДСМ подготвува терен да“…

Рецензија: Црвенковски најголем донатор на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ со „донаторски стандард“

на 25. 04. 2014 | |
Во текстот што го рецензираме се забележува една тендециознсот и тоа, пред сѐ, во насловот: „Црвенковски најголем донатор на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ со „донаторски стандард“. Ваквиот наслов прозвучува како поранешниот лидер на социјалдемократите да ја „храни“ партијата со значајни донации. Од друга страна, формулацијата  „донаторски стандард“, асоцира на тоа дека со донациите на владејачката партија нема ништо невообичаено, или, атипчно. Линк до оригиналниот напис: Црвенковски најголем донатор на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ со „донаторски стандард“ Датум и време на објавување: 23.04.2014 Датум на рецензирање: 23.04.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

СУПТИЛНА МАНИПУЛАЦИЈА

Во текстот се пренесени податоци од извштаите на трите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за добиени донации за 2013 година. Овие податоци се објавени на сајтот на УЈП и тие

Рецензија: Нов скандал ја тресе Владата: Приведен е владин функционер за примање на мито

на 25. 04. 2014 | |
Еве еден речит пример за брзоплетост комбинирана со непочитување на основните новинарски правила за пишување на вест. Иако се работи за интернет-портал кој по дифолт има можност своите читатели да ги информира буквално веднаш по настанот, во овој случај тој се решил за полежерна, подобро речено – помрзлива варијанта – сензационалистички наслов кој ќе биде „тизер“ за читателите, а во самата вест информацијата ќе биде само нафрлена како непотврдена шпекулација, без ниту еден детал. Прегледувањето на останатите вести за истиот случај ќе открие дека останатите медиуми, откако утрото исто така ја пуштиле првата најава за случајот со митото од 200 евра, истата ја апдејтирале по одржаната прес-конференција во МВР, на која биле изнесени повеќе детали, но тоа не било сторено

Рецензија: Мода на митинзи – кампања со стил!

на 24. 04. 2014 | |
Една занимлива тема која, секако, може во голема мерка да го предизвика љубопитството на читателите е упропастена. Модните концепти и детали, како стајлингот на политичарите за време на изборната кампања е навистина интересна тема, доколку се направи неутрално, непристрасно и со соодветни стручни експерти кои ќе го поврзат имииџот на политичарите со нивните личносни особини, политички програми и чувство за комуникација со јавноста и на овој начин. Се разбира, треба да се биде внимателен за да се избегне медиумскиот упад во приватноста и да се издвои битното од небитното, релевантното од безначајното и да се остане во политички коректниот контекст. Ништо од ова погоре не е испочитувано во новинарскиот текст што го рецензираме. Упропастена е една добра новинарска приказна само

Рецензија: Анализа: Изборите се судир на два концепти – работливост наспроти манипулација

на 24. 04. 2014 | |
Уште едно „кукавичко јајце“ – коментар подметнат како вест. Но, тоа не е единствениот проблем на овој текст, напротив ги има толку многу што се поставува прашањето дали воопшто има нешто позитивно. Колку за појаснување: ни се пласира амбициозен наслов со епитетот „анализа“, но од неа нема ниту „а“. Каква е таа „анализа“ без извори, без соговорници, без истражување?! Затоа, пак, имаме партиска реторика, нерагументирани навреди кон политичките опоненти, многу спин-елементи, воздигнување на власта за сметка на омаловажување на опозицијата… Поточно имаме класичен партиски настап ептен лошо маскиран во некаква си информација. Линк до оригиналниот напис: Анализа: Изборите се судир на два концепти – работливост наспроти манипулација Датум и време на објавување: 19.04.2014, 19:28 Датум на рецензирање:  22.04.2014 Рецензент: Владимир

Псевдотекст со непримерен јазик, кој буди стравови од позиции на етноцентризам

на 24. 04. 2014 | |

[Рецензија: Пендаровски на колена молел на Косово]

Кога медиумите би се држеле до етичките и професионалните највисоки стандарди кога се известува за време на изборна кампања, секако нема да имаме голем број „новинарски“ содржини кои наместо непристрасност и избалансираност ги краси партиска боја, па дури и нервоза. Конкретно, во однос на нашата медиумска реалност предоминантни се медиумски содржини кои целосно го загубиле компасот кој претпочита известувањето од политичките процеси, посебно

Рецензија: Како ВМРО-ДПМНЕ води ред за тоа кој гласал?

на 23. 04. 2014 | |
Не е едноставно да се конципираат вестите врз основа на добиени фотографии, а притоа да се остави впечаток на веродостојност. Тоа најмногу зависи од тоа што содржи фотографијата. Во конкретниот случај, рецензираме фото-вест со фотографија за која не се знае дали е веродостојна. Ситуацијата би била поинаква доколку фотографијата е снимена од самиот медиум и доколку се приложува кон текстот што претставува сведоштво, што не е случај. Линк до оригиналниот напис:  Како ВМРО-ДПМНЕ води ред за тоа кој гласал? Датум и време на објавување:  20.04.2014, 20:04 Датум на рецензирање: 21.04.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс  

РИЗИК Е ДА СЕ ОБЈАВУВА ОНА ШТО Е ТЕШКО ДА СЕ ПРОВЕРИ

Како извор на информацијата се зема фотографија, но тешко е од неа да се