Рецензии

Рецензија: На Ѓорче Петров, на Скопје, на Македонија им се доста трагични бркотници

на 28. 05. 2014 | | sq
Деновите за време на случувањата во Ѓорче Петров се изнапишаа многу текстови, при што некои од нив имаа намера да ги напаѓаат опонентите, пред сѐ, политички, дека тие се виновни за немилите случувања. Е, ова е баш таков текст, кој наликува на коментар, наликува на колумна (иако според новинарски правила не се тоа), но се ставени во рубрика Македонија. Затоа и денеска е тука на рецензија. Линк до оригиналниот напис: На Ѓорче Петров, на Скопје, на Македонија им се доста трагични бркотници Датум и време на објавување: 22.05.2014, 14:50 Датум на рецензирање: 24.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КАША-ПОПАРА

Во целата оваа каша-попара од текст нема факти и нема ништо за тоа што и како конкретно се случило во Ѓорче Петров.

Рецензија: Црвенковски се појави во СДСМ кај својот инструмент наречен Заев

на 28. 05. 2014 | | sq
Интонацијата, конструкцијата и начинот на кој е пласирана оваа вест од десет реда оставаат впечаток на силна тенденциозност. Ова особено се забележува во насловот кој содржи една прилилчно наредлива нота  кон лидерот на социјалдемократите, при што тој е оквалификуван како „инструмент на Црвенковски“! Линк до оригиналниот напис: Црвенковски се појави во СДСМ кај својот инструмент наречен Заев Датум и време на објавување: 22.05.2014, 14:51 Датум на рецензирање: 24.05.2014 Рецензент: Оивера Војновска  

КОНСТРУКЦИЈА

Веста почнува сосема коректно, се повикува на официјален извор и точно пренесува еден фрагмент од партиското соопштение за средбата Заев-Црвенковски . „Заеднички беше заклучено дека на СДСМ и е потребно единство и внатрешна кохезија на сите загрижени за состојбите во Република Македонија“ Но, потоа, затскривајќи се зад

Рецензија: Во Скопје најмногу кривични дела, во Велес најмалку

на 27. 05. 2014 | |
Дневниот весник „Дневник“ објави анализа за извршени кривични дела, како и прекршоци кои ги евидентира МВР по градови. Несомнено дека се работи за текст кој ќе биде читан, бидејќи секој од читателите на овој весник ќе сака да знае – преку изнесените податоци – дали влегува со својата адреса во безбедните или, пак, во градовите со многу криминал. Во овој прилог тој тоа нема да го дознае, што веднаш го девалвира потрошеното време на читателот. Текстот има и други бројни слабости кои како да се резултат на одбегнување на можноста да се оцени реалната ефикасност на полицијата, како и кадрите кои ја водат. Линк до оригиналниот напис: Во Скопје најмногу кривични дела, во Велес најмалку Датум и време на објавување:

Рецензија: Едни бојкотираат други бараат апанажа – еве ги пратениците на СДСМ кои една година ќе живеат на грбот на граѓаните

на 26. 05. 2014 | |
Станува збор за куса информација со нагласена тенденциозност и во содржинскиот дел и во насловот: „Едни бојкотираат други бараат апанажа – еве ги пратениците на СДСМ кои една година ќе живеат на грбот на граѓаните“. Најпрво, во текстот  се мешаат две работи кои немаат никаква допирна точка: одлуката на новоизбраните пратеници од СДСМ да не ги прифатат мандатите  во Собранието и правото на апанажа на парламентарците од претходниот собраниски осостав.  А потоа, наменски  се потенцира дека можноста да примаат паричен надоместок 12 месеци ќе го искористат само пратениците од СДСМ, иако на списокот за апанажа има и поранешни парламентарци од сите пратенички групи вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ. Линк до оригиналниот напис: Едни бојкотираат други бараат апанажа – еве ги

Рецензија: HAARP системот во Србија причина за сите поплави на Балканот | Видео

на 26. 05. 2014 | | sq
Вакви текстови посебно за време на некои несреќи се редовни во медиумите. Зошто? Затоа што стравот тогаш е најголем и луѓето веруваат во се и сешто. Овој текст е објавен точно за време на најголемата криза во Србија и Босна, која со огромен интерес се следеше и кај нас. Поради зголемениот адреналин овој напис предизвика само поголема загриженост кај граѓаните. А, причините се повеќекратни, но најмногу што е недоречен и е земена само една страна за анализа. Линк до оригиналниот напис:  ХААРП виновен за времето и за лошото расположение во Македонија  Датум и време на објавување: 19.05.2014, 22:39 Датум на рецензирање: 20.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

РАБОТА НА ФИЗИЧАРИ

Дека постои некој систем наречен ХААРП е вистина. Тој би требало,

Рецензија: Повторно активна сектата „Црна Ружа“- се самоуби студентка

на 24. 05. 2014 | | sq
Сосема е можно некоја појава во заедницата да предизвикува загриженост, па дури и да биде вознемирувачка и предупредувачка. Медиумите треба со прст да покажат на таквите појави, но нивните медиумски производи на овие теми мора да бидат аргументирани и докажливи во однос на појавите кои можат да бидат загрижувачки. Уште повеќе текстовите на овие теми не смеат да сејат дополнителен страв и несигурност заради тоа што се несеопфатно елаборирани сите елементи кои една ваква новинарска прикзана ќе ја направат конструктивна, а не сензационалистички продукт кој си игра со стравовите на луѓето. Линк до оригиналниот напис: Повторно активна сектата „Црна Ружа“- се самоуби студентка Датум и време на објавување: 14.05.2014, 13:18 Датум на рецензирање: 19.05.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Освен фактот дека

Рецензија: Студентка си го одзема животот пред Филозофскиот факултет

на 24. 05. 2014 | | sq
Новинарството е одговорност и ниту еден читател не е должен да биде жртва на манипулативните техники за негово привлекување. Во овој случај скандалозно се манипулира со аспектот на „блискост“ како критериум за објавување на една приказна. Имено, за една вест да биде вредна за објавување, потребно е да се исполнети некои од критериумите за „вест-вредност“. Оттука се црпи правилото дека колку еден настан се случил поблиску до местото во кое живее читателот, толку повеќе таа вест за него ќе биде поважна, попривлечна за читање и покорисна. Линк до оригиналниот напис: Студентка си го одзема животот пред филозофскиот факултет Датум и време на објавување: 12.05.2014 Датум на рецензирање: 18.05.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс  

ФОТОГРАФИИТЕ СЕ МНОГУ ВАЖНИ

И од фотографијата со

Рецензија: Се вмеша ли и политиката во протестите во Ѓорче?

на 24. 05. 2014 | |
Ако пред фактите и боговите молчат, тогаш сигурно по читањето на овој текст би имале дебатна сесија и не би можеле уста да затворат. Неприкосновената обврска известувањето да се темели на факти, а не на непоткрепени мислења и сугестивни тврдења, кои немаат ниту еден релевантен доказ, се занемарува во корен. Линк до оригиналниот напис: Се вмеша ли и политиката во протестите во Ѓорче? Датум и време на објавување: 20.05.2014, 21:37 Датум на рецензирање: 22.05.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Прво што запаѓа во очи е тоа што во овој текст не може да се пронајде извор. Воопшто не  е оправдана одлуката да се повикува на други медиуми, во случаи кога тие не нудат ниту извори, ниту докази за своите тврдења. Оттука, имаме

Рецензија: Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ доби четврто дете

на 22. 05. 2014 | | sq
  Кусо текстче. Требало да нѐ информира за среќната вест – принова во семејството на еден пратеник. Но, откако ќе се прочита написот лесно се воочува дека новороденчето било поводот, а причините за објавувањето на текстот биле други – и тоа политички. Пример за пребројување и истакнување на т.н. семејните вредности исклучиво во владејачкиот табор. Линк до оригиналниот напис:  Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ доби четврто дете Датум и време на објавување:  12.05.2014,  21:31 Датум на рецензирање:  16.05.2014   Рецензент: Владимир Мирчески  

МЕДИУМСКО „ВЕЛИЧАЊЕ“ НА ПАРТИСКИТЕ ПРОГРАМИ

Да бидам искрен, според мене, информација дека пратеник, независно кој и да е и на која политичка опција ѝ припаѓа, добил дете, новинарски гледано и не е некоја особена вест. Прво, сметам дека нова принова е

Рецензија: Немирите во Ѓорче добиваат политичка боја

на 22. 05. 2014 | | sq
  Рецензираме текст  во кој за немирите во скопската населба Ѓоче Петров, до кои дојде по убиството на матурантот Ангеле Петковски се обвинети опозицијата и СДСМ. „Навивачките групи кои се под контрола на опозицијата и Социјалдемократаскиот сојуз се дел од протестите што  во моментов се случуваат  во скопска населба Ѓорче Петров… со цел да се предизвика судир со полицијата“….. Линк до оригиналниот напис: Немирите во Ѓорче добиваат политичка боја Датум и време на објавување: 20.05.2014, 21:25 Датум на рецензирање: 21.05.2014 Рецензент: Александар Писарев  

КАКО СЕ ИЗВЕСТУВА ОД ДЕМОНСТРАЦИИ И ПРОТЕСТИ

Прва и најважна работа која новинарот мора да ја има на ум кога известува од  протести, демонстрации и немири е: дека тој таму не е испратен од  редкацијата да