Рецензии

Рецензија: Фантастично: Македонската компанија “Леов” го произведе првиот “смарт” бојлер во светот

на 26. 06. 2014 | |
Ќе беше одлично, како и голем извор на национална гордост новиот бојлер на македонската компанија „Леов“ да беше навистина првиот во светот управуван на далечина преку мобилен телефон. Но, за жал, не е. Идејата за управување на домаќинските апарати е многу стара и беше спроведена во дело уште пред појавата на Интернетот преку далечинското управување со телевизорите, кое постои со децении, како и она за еркондишните. За далечинското управување на другите апарати во домаќинството во ерата на мобилните телефони почна сериозно да се расправа со појавата на ваквите уреди, кои содржеа BLUETOOTH, за ова да почне да се шири надвор од специјалистичките кругови придонесе со појавата на смартфоните и фактот што тие се постојано поврзани на интернет. Линк до оригиналниот 

Рецензија: Заев со исти барања како Црвенковски – без избори сака да дојде на власт

на 26. 06. 2014 | | sq
Ова е текст кој во најголем дел, ако не и цел е невистина. Или се работи за груби шпекулации кои преминуваат во манипулации, или, пак, станува збор за незнаење. Сѐ ми се чини дека се работи за првото. Линк до оригиналниот напис: Заев со исти барања како Црвенковски – без избори сака да дојде на власт Датум и време на објавување: 24.06.2014, 18:06 Датум на рецензирање: 25.06.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЦЕЛОСНА МАНИПУЛАЦИЈА

Текстот е целосна невистина. Се прави една паралела која досега не се покажала за вистинита. Затоа што ниту сегашниот, ниту минатиот лидер на СДСМ, немаат никаде проговорено дека сакаат да добијат власт без избори. Затоа текстов е манипулација. Башка што тоа не е можно во демократски земји.

Рецензија: За пет пијачки во Скопје ќе платите како за една во Осло

на 26. 06. 2014 | | sq
Проблемот со овој напис е насловот. Би било одлично статистичките податоци да можат вака лесно да се толкуваат и од од цели категории на цени да може да се извлечат компаративните цени на „пијачките“, како што се вели во насловот, ама тоа не е така. Друг проблем е преголемата оптовареност на целиот текст со бројки. Линк до оригиналниот напис: За пет пијачки во Скопје ќе платите како за една во Осло Датум и време на објавување: 24.06.2014 Датум на рецензирање: 25.06.2014 Рецензент: Владимир Петрески Освен во насловот, написот нема проблем со вистинитоста, ниту, пак, со изворите на информации. Станува збор за соопштение на Еуростат за движењето на цените во европските земји. Еден од проблемите со овој текст се бројките кои

Рецензија: Евростат: Цените во Македонија речиси половина пониски од просекот во Европа

на 25. 06. 2014 | |
Оваа вест, заради грешките и непрецизностите во неа, е добар пример кој покажува дека кога се работи со бројки неопходно е зголемено внимание. Таа, исто така, по којзнае кој пат покажува и дека кога во една вест има многу бројки, графиконите и табелите се најдобро изразно средство. Линк до оригиналниот напис: Евростат: Цените во Македонија речиси половина пониски од просекот во Европа Датум и време на објавување: 24.06.2014, 8:15 Датум на рецензирање: 25.06.2014 Рецензент: Владимир Петрески Она што може да се види веднаш од насловот и од првите две реченици покажува дека во сите три овие делови има две различни, односно спротивни квантитативни квалификации од кои едната мора да биде погрешна. Во насловот, кој гласи „Евростат: Цените во Македонија

Рецензија: Шумахер не е повеќе во кома и ја напушти болницата

на 25. 06. 2014 | | sq
  Зошто рецензија? Затоа што има тотално „утната“ фотографија која на публиката ѝ се пласира како да станува збор за некогашниот шампион на Формула 1, Михаел Шумахер, прикажан по скијачката несреќа поради која тој помина неколку месеци во кома и на интензивна нега. Значи, класична фото-дезинформација на јавноста. Линк до оригиналниот напис: Шумахер не е повеќе во кома и ја напушти болницата Датум и време на објавување: 16.06.2014, 16:31 Датум на рецензирање: 24.06.2014 Рецензент: Владимир Мирчески   ФОТОГРАФИЈАТА НЕ Е САМО „ПРИДРУЖБА“, ТУКУ ПОТРЕБА ВО НОВИНАРСТВОТО Со вистинитоста нема проблеми само текстуалниот дел од веста, која, да бидеме прецизни, е преземена агенциска информација. Да, точно е дека Шумахер по долга битка ја напушти болницата и замина на домашно лекување. Но, фото-делот

Рецензија: Грчева и Топузова распнати – ова ли е демократијата на СДСМ?

на 25. 06. 2014 | |
Ова е текст кој не може да се идентификува со ниту еден новинарски жанр. Ако требало да претставува информација, тоа не е. Не ги запазува ниту занаетските правила, а настрана етичките, моралните, па ако сакате и јазичните. Не е ниту колумна – не е потпишан од никого, а нема ниту други елементи. Иако колумната може да содржи и сатира, сепак, тука за тоа не може да стане збор. Или се сакало, само безуспешен бил обидот. Можеби од колумнистичкиот елемент е запазена само периодичноста. Вакви текстови се појавуваат одвреме навреме, и никој не знае зошто, кога, како и од каде. Линк до оригиналниот напис: Грчева и Топузова распнати- ова ли е демократијата на СДСМ? Датум и време на објавување: 24.06.2014, 10:51

Рецензија: Нивес Целзиус – морска сирена со цицки до колена

на 25. 06. 2014 | |
Повеќе пати во различни рецензии, анализи и новинарски лекции овде на Сервисот за проверка на фактите од медиумите е констатирано дека добриот вкус и професионално одговорниот говор се веќе заминати од поголем дел на актуелната журналистика. Тие доблести се заменети со вулгарности, па дури и со простачки говор, кој често пати или граничи или ја преминува границата на говор на омраза, или, пак, е говор кој освен што го дискриминира добриот вкус ги дискриминира и луѓето за кој пишуваат новинарите. На таков еден, простачки и сексистички текст, е посветена и оваа рецензија. Линк до оригиналниот напис: Нивес Целзиус – морска сирена со цицки до колена Датум и време на објавување: 18.06.2014 Датум на рецензирање: 23.06.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Тука веднаш

Рецензија: ЌЕ СЕ ШОКИРАТЕ – Што се случи во Горно Лакочереј!?

на 25. 06. 2014 | | sq
Како и во секој останат случај на сензационализам во новинарството и овде е тешко да се утврдат мотивите зошто толку многу се апострофира случај што во полициските билтени месечно добива барем по неколку „фотокопии“. Навистина станува збор за кражба, но ништо во неа не е невообичаено, ниту егзибиционистичко до степен да се наведува читателот дека ќе се шокира или, пак, дека ќе прочита нешто досега невидено. Линк до оригиналниот напис: ЌЕ СЕ ШОКИРАТЕ – Што се случи во Горно Лакочереј!? Датум и време на објавување: 20.06.2014, 14:39 Датум на рецензирање: 22.06.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Текстуалниот дел е целосно преземен од полициски билтен и тој, оттука, претставува еднострана информација. Меѓутоа, станува збор за официјален извор и основаните причини за сомневање во

Рецензија: Момче од Штип повредено од заталкана дијабола

на 24. 06. 2014 | | sq
Подобро е веста да биде кратка и јасна, отколку со сила да се развлекува, при што на виделина излегува елементарно непознавање на темата за која се пишува. Веста која ја рецензираме е од јавен интерес и заслужува внимание. Насловот сосема јасно кажува што се случило и на што треба да се внимава кога во раката се држи оружје, во овој случај воздушна пушка. Но, содржината која следува понатаму може да ги вознемири и збуни граѓаните. Линк до оригиналниот напис: Момче од Штип повредено од заталкана дијабола Датум и време на објавување: 22.06.2014, 12:19 Датум на рецензирање: 23.06.2014 Рецензент: Александар Писарев  

КВАНТИТЕТ НА СМЕТКА НА КВАЛИТЕТ

Содржајност на една вест или информација не се збогатува со вештачко билдување за,

Рецензија: Замина ли Заев на тајни средби во Грција за да ја свитка кичмата на државата?

на 24. 06. 2014 | |
Ова е текст полн со шпекулации, манипулации и клевети. Приказната која ја објави еден македонски дневен весник продолжува и наредните денови, но овојпат надградена и проширена низ порталите. И без разлика кој дел од продолженијата да се рецензира и тоа од било кој портал што ја застапува линијата на владата, нема да се погреши во оценката дека тоа се текстови надвор од сите познати новинарски стандарди кај нас и во светот. Линк до оригиналниот напис: Замина ли Заев на тајни средби во Грција за да ја свитка кичмата на државата? Датум и време на објавување: 21.06.2014, 12:43 Датум на рецензирање: 24.06.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НИШТО НЕ Е ВИСТИНА

Најверојатно ништо од текстот не е вистина. Секоја реченица се должи