Рецензии

Рецензија: Шеќеринска ќе си замине?

на 3. 07. 2014 | |
Текст, стилски неодреден, „ни риба ни девојка“, нешто помеѓу проширена информација и коментар, е базиран на шпекулации од „партиски извори“, кои раскажуваат приказни за потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шеќеринска и немаат ниту допирна точка со некој факт или проверлив податок. Насловот е мамката – одбрана е безбедна и покоректна опција, шпекулација во прашална форма („Шеќеринска ќе си замине?“), а содржината открива дека материјал за написот скоро и да немало, односно тој е толку „тенок“ со факти и стои на толку несигурни стаклени нозе кога се во прашање извори, што не би требало да го помине уредувачкото сито во еден сериозен медиум. Нема начин да се утврди дали тврдењата кои се изнесени се вистинити или тотално невистинити. Едно

Рецензија: (Напомена: Насловот е намерно изоставен*)

на 2. 07. 2014 | | sq
*Насловот и целиот напис можете да го најдете на овој линк  Уште на стартот на оваа рецензија сакаме веднаш да укажеме дека за известувањето за децата во медиумите, освен во новинарскиот Кодекс, регулирани се принципи и со Конвенцијата на ОН за правата на детето, како и со општоприфатените стандарди кои наложуваат дека е строго забрането манипулирање со детските емоции, инсистирање на повторно преживување на траумата и објавување идентитетот на детето. Оваа врвна препорака не ја  испочитувал текстот што го рецензираме, како и серија други медиуми кои објавија свои стории за овој настан на ист начин. Имено, објавувањето или недоволната заштита на идентитетот на малолетниците (интервју со роднините, снимки од куќата или непосредното окружување ), информирањето за детали од злоставување на

Рецензија: Анализа: Уставните измени се добредојдени

на 2. 07. 2014 | |
Манипулацијата како феномен постои од првите цивилизации и низ историјата нејзините цели не се смениле, се менуваат само формите и техниките за нејзината инструментализација, но суштината останува иста. Современите владетели и центрите на моќ располагаат со фантастични средства за манипулација со масите. Доволно е да имате медиум или портал кој ви е наклонет и спинот да го подигнете на невидено високо рамниште, притоа манипулирајќи дека одредени политики кои ги спроведувате добиваат голема поддршка од граѓаните, а граѓаните, всушност, и да не знаат дека ја дале. Рецензираме баш таков новинарски производ во чиј центар се „граѓаните“, кои „веќе го искажале своето позитивно мислење за најновата владина политика околу уставните промени“, иако и самата Влада, како што изјавил премиерот, дури допрва очекува:

Рецензија: Запленетата јахта на Трифун Kостовски денес лови шверцери кај Радожда

на 2. 07. 2014 | | sq
Насловот ја содржи клучната информација, или главната вест. Тој мора да биде информативен, експресивен и економичен. Ова нешто не е непознато за новинарите, а го имаме како тема и во една наша новинарска лекција на колегата Писарев. Во овој текст, кој може и да се смета за еден вид на репортерски запис од терен, од една полициска станица на брегот на Охридското езеро, токму насловот е она што најпрвин фаќа за окото. Но, таа перцепција не се потврдува како гореспоменатото правило за тоа што треба да претставува насловот, не наоѓа потврда во самиот напис, бидејќи, предметната опсервација „одземената јахта на Трифун Костовски“ има токму толку простор подолу, една полуреченица, не наоѓајќи ја логичната врска за „гостување“ во најавата! Линк до

Рецензија: Скандал: Новинар на „Фокус“ го пишувал извештајот на Фридом Хаус

на 1. 07. 2014 | |
Пред нас се наоѓа прилог со поголем број етикетирачки квалификации и контекст во кој Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ – Сорос Фондација) се посочува како одговорна за лошите медиумски состојби, а во тој контекст се објавува дека новинарка на неделникот Фокус е авторка на извештај на меѓународната организација, иако таа не работи во „Фокус“ најмалку четири години. Линк до оригиналниот напис: Скандал: Новинар на „Фокус“ го пишувал извештајот на Фридом Хаус Датум и време на објавување: 13.06.2014, 16:19 Датум на рецензирање: 22.06.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Скаран со фактите и етикетирачки е делот каде се тврди дека „спрегата Сорос-СДСМ повторно е во мисија на кодошење на сопствената земја“. Фридом Хаус е независна организација која се бори за експанзија на

Рецензија: Русинките повеќе нема да можат да носат гаќички од чипка

на 1. 07. 2014 | |
Овој текст неумесно ја искривува вистината. Во најголем дел тоа го прави насловот, но и понатаму текстот оди во тој правец. Имено, не се работи за тоа дека Русинките нема повеќе да носат гаќички од чипка, туку дека Русија забранува увоз на синтетика. Едно со друго нема врска, но, се разбира, насловот е тука да привлече повеќе читатели. Линк до оригиналниот напис: Русинките повеќе нема да можат да носат гаќички од чипка Датум и време на објавување: 28.06.2014, 19:58 Датум на рецензирање: 30.06.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТЕМА ОД ЖОЛТ ПЕЧАТ

Иако наизглед темата е бенигна, или, пак, така е претставена (инаку, се работи за сериозен закон кој опфаќа повеќе држави), не смее да се заборави вистинитоста. Тука толку е

Рецензија: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕ

на 30. 06. 2014 | | sq
Личните податоци се нешто свето во демократијата. Затоа и постојат закони за тие да се заштитат. Притоа тие не познаваат дали се работи за невини, осомничени, обвинети, или обични граѓани. Значи, личните податоци се свети. Друга работа е што едно, исто така, свето правило во новинарството вели дека не смее да се изнесува целото име и презиме на осомничен или обвинет. И тоа од две причини. Затоа што тој е невин сѐ додека не се докаже спротивното, но и поради етичката димензија. Тука во овој текст ниту една од овие работи не е испочитувана. Затоа и го имаме за рецензија. Линк до оригиналниот напис: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО АЛЧЕ Датум и време на објавување: 26.06.2014 Датум на рецензирање: 27:06.2014 Рецензент:

Рецензија: Хрватска во таен брак со НСА

на 30. 06. 2014 | |
Во конкретниот текст имаме селективност во пласирањето на информацијата. Со таквиот пристап се удира врз суштината на веста која, нејасно е зошто, ѝ се ускратува на домашната јавност, која, пак, е најдиректно засегната, но и оштетена, со нејзиното необјавување, или ако сакате, „заборавање“ да се наведе во написот. Линк до оригиналниот напис: Хрватска во таен брак со НСА Датум и време на објавување:  22.06.2014, 15:25 Датум на рецензирање: 27.06.2014 Рецензент: Владимир Мирчески

ЗОШТО СЕ КРИЕ ДЕКА И МАКЕДОНИЈА СВЕСНО СОРАБОТУВАЛА СО НСА?!

Селективноста со себе носи нецелосност во информирањето. Нецелосноста, пак, претставува сериозен сомнеж, а сомнежот во овој случај ги „тресе“ темелите на вистинитоста на текстот. Ако се прашувате зошто, одговорот е многу едноставен – затоа што е „испуштен“ т.н.

Рецензија: Англичаните повеќе од половина век лажеле за потеклото на Стоунхенџ!!!

на 27. 06. 2014 | |
Во светот, кој денес претставува глобално село кога е во прашање пристапот и користењето на информациите, едно е да ја користите таа привилегија и можност за да бидете први, ексклузивни, интересни, но мора да бидете свесни дека рака подрака со овие привилегии оди и одговорноста тие информации да бидат точни. Значи, мора да се проверат, и уште еднаш да се проверат, па дури потоа да се објават. Привилегијата да имате пристап до информациите кои ви се чинат ексклузивни и сензационални се мери со истиот степен на отворени можности тие информации веродостојно да ги проверите. Текстот што го рецензираме се послужил само со привилегиите, а не и со обврските да провери само зашто привилегиите се брзи и лесни, достапни на тацна

Рецензија: Околу 30 отсто од џихадистите на ИДИЛ инфицирани со СИДА

на 27. 06. 2014 | |
Точно е дека сунитската терористичка организација ИСИС (анг.: Исламска држава на Ирак и Сирија или ИДИЛ – Исламска држава на Ирак и Левантот), која, покрај тоа што држи големи територии во Сирија, како резултат на тамошната граѓанска војна, и која деновиве освои половина од територијата на Ирак, е злосторничка и безмилосна, која практикува сечење на главите на противниците, како и масовни стрелања на затворениците, но точно е и дека оваа вест нема никаква врска со вистината. Линк до оригиналниот напис: Околу 30 отсто од џихадистите на ИДИЛ инфицирани со СИДА  Датум и време на објавување: 24.06.2014, 15.53 Датум на рецензирање: 26.06.2014 Рецензент: Владимир Петрески Не треба многу за веднаш да се сфати оти ова е тешко веројатно. Воена организација