verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: (Напомена: Насловот е намерно изоставен*)

on 2 - 07 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

07012014-Libertas-zlostavuvanje-crop-resize-pokr

*Насловот и целиот напис можете да го најдете на овој линк 

Уште на стартот на оваа рецензија сакаме веднаш да укажеме дека за известувањето за децата во медиумите, освен во новинарскиот Кодекс, регулирани се принципи и со Конвенцијата на ОН за правата на детето, како и со општоприфатените стандарди кои наложуваат дека е строго забрането манипулирање со детските емоции, инсистирање на повторно преживување на траумата и објавување идентитетот на детето.

Оваа врвна препорака не ја  испочитувал текстот што го рецензираме, како и серија други медиуми кои објавија свои стории за овој настан на ист начин.

Имено, објавувањето или недоволната заштита на идентитетот на малолетниците (интервју со роднините, снимки од куќата или непосредното окружување ), информирањето за детали од злоставување на деца, особено доколку станува збор за такви деликатни случаи како што е сексуално и семејно насилство, секогаш ја изложува жртвата на уште поголема траума и ја зголемува трагедијата.

Одговорноста за таквото повторно трауматизирање е директно кај новинарот и медиумот кој го прави тоа.

Во прирачникот „Етиката во новинарството“, (Чаусидис/Бојаровски, ЗНМ, 2012 г.) се укажува на овој факт:

„Претставниците на институциите кои се посветени на заштитата на децата (како што се социјалните служби, полицијата, невладините организации) или родителите и семејството на жртвата кои сакаат да ја алармираат јавноста за  овие случаи, често не се свесни за влијанието на медиумите и за начинот на нивната работа. Податоците кои ги даваат, неретко го откриваат идентитетот на детето, но новинарот не смее да ја злоупотреби нивната добронамерност или незнаење.“

 07012014-Libertas-zlostavuvanje-pokrЛинк до оригиналниот напис: *Насловот и целиот напис можете да го најдете на овој линк 

Датум и време на објавување: 30-06-2014, 02:20

Датум на рецензирање: 01-07-2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Препораките на конвенциите за заштита на децата се недвосмислени: информациите добиени од лекари, социјални работници, воспитувачи, наставници или роднини (вклучувајќи ги и оние на родителите), кои директно или индиректно упатуваат на идентитетот на малолетникот, не смеат да бидат oбјавени.

Медиумите, новинарите и уредниците, треба да го знаат тоа и да го почитуваат.

Еве ги во серија трите членови (7, 8, 9.)на Кодексот на новинарите кои се прекршени во овој текст:

 

7.

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.

8.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

9.

Новинарот не смее да интервјуира или фотографира деца под 16 години без согласност од родителите или старателите, освен ако тоа не е во согласност со правата на детето.

Истото се однесува и за лица со посебни потреби, кои не се во состојба свесно да расудуваат.

 

Во членот 8 од Кодексот е нарушен принципот пресумпција на невиност, зашто, без разлика на тежината на случајот, без разлика на степенот на скандализирање на јавноста, сѐ додека судот не го каже тоа, осомничениот не е виновен. Новинарите не се судии.

Но, еве, да ја искористиме оваа пригода и да укажеме на уште некои принципи кои се важни кога е во прашање известувањето за малолетници во посебни околности. Некои од основните упатства и принципи на УНИЦЕФ и на Меѓународната федерација на новинарите се следните:

  • Точност и чувствителност кога се информира за прашања во кои се вклучени децата;
  • Избегнување на објавување слики и друг материјал со кои може да се загрози или да му се наштети на детето;
  • Да не употребуваат стереотипи и сензационалистичко претставување на прилозите во кои се информира за децата;
  • Внимателно да ги земат предвид последиците од публикувањето на секаков материјал во врска со децата и на тој начин да ја намалат штетата врз децата;
  • Да не се користи визуелно или друго идентификување на децата со исклучок кога тоа е очигледно од јавен интерес.

Во однос на рецензирањето на овој, конкретен текст, овие принципи се најважни. Принципите кои се однесуваат на заштитата на приватноста и безбедноста на малолетниците. Сѐ друго е второстепено и небитно. Ниту кои се родителите, ниту кој е сторителот. Во име на заштитата на децата сите се еднакви, како што се и пред името на правдата тогаш кога против нив ќе се поведе постапка.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови