Рецензии

Рецензија: Тајна средба за договор за подбуцнување тензии?!

на 14. 07. 2014 | |
Во лекцијата „Псевдонастани: Раскошна претстава на бедата“, објавена на Сервисот за проверка на фактите од медиумите, се вели дека медиумските конструкции тендираат да бидат дел од реалноста или да создаваат псевдореалност. Овие феномени го узурпираат јавниот простор и во судир со објективната реалност создаваат конфузија и мимикрија кога станува нејасно што е реално, а што е псевдореално. Еден таков новинарски текст, текст што креира псевдонастан, или медиумска контсрукција, рецензираме

Рецензија: Спремете се за жешко време и големо невреме

на 11. 07. 2014 | |
Кога ќе се прочита насловот на веста: „Спремете се за жешко време и големо невреме“, се добива впечаток како да доаѓа кој знае каква временска непогода. Алудира на тоа дека да ќе се случи нагла промена на времето. Па одеднаш, од нигде никаде, од пеколни горештини ќе настане  некакво страшно невреме. Можеби бура! И фотографијата со која се илустрирани овие неколку реда „најавува“ такво нешто. Сепак, нема место за паника.  Внтаре во веста може да се види дека е во прашање временска прогноза за уште еден  вообичаен топол јулски ден. Линк до оригиналниот напис: Спремете се за жешко време и големо невреме Датум и време на објавување: 07.07.2014, 09:04 Датум на рецензирање: 10.07.2014 Рецензент:  Оливера Војновска  

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Всушност,

Рецензија: Осогово крие минерал со огромна лековита моќ

на 11. 07. 2014 | |
Ова е текст за минерал и неговото лековито својство, кој последниве месеци постајно се врти во медиумите. Некаде поопширно, некаде во скратена верзија, но го имало речиси низ сите медиуми. Тука текстот е нафрлен, со поткрепа на „експерти“ без притоа да се наведат барем од која институција, со штури информации и бомбастичен наслов. Затоа е и тука на рецензија. Линк до оригиналниот напис: Осогово крие минерал со огромна лековите моќ Датум и време на објавување: 10.07.2014 Датум на рецензирање: 10.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

БЕЗ НАУЧЕН ДОКАЗ

Дека постои таков минерал, постои. Но, тоа е единственото што може низ интернетот како информација да се провери. Другите моменти се под знак прашалник. Не може со сигурност ниту да се провери дали

Кога на „Цивил“ му се навлекува војничка униформа

на 10. 07. 2014 | | en

[Рецензија: „Цивил“ одработува туѓи црни сценарија – подгрева тензии и провоцира меѓуетнички конфликти]

Текстот уште во воведот не крие дека овој пат ја има невладината организација „Цивил“ за отстрел. Но, не само по повод актуелните случувања околу протестите заради случајот „Монструм“, туку и заради претходните активности на „Цивил“, кои за порталот се проопозициски, односно СДСМ-овски настроени. Како „докази“ за ваквите оцрнувања, се користат наводните мислења на неименувани „експерти“. Линк до оригиналниот напис: „Цивил“ одработува туѓи црни сценарија – подгрева тензии и провоцира меѓуетнички конфликти   Датум и време на објавување: 08.07.2014 Датум на рецензирање: 09.07.2014 Рецензент: Стојан Синадинов Вистинитоста дека „Цивил“ одработува туѓи сценарија се „експертите со кои разговараше порталот Пресс 24“. Секако, нивните имиња ги нема во текстот. Изворите

Рецензија: Како од практикант се станува новинар известувач

на 10. 07. 2014 | |
Ова е уште еден текст од низата кои се појавија деновиве, а имаат за цел да ги напаѓаат новинарите и невладините организации. Приведувањето на новинарот од „Лајм“, кој подоцна беше ослободен, беше искористено да се пласираат спинови поврзани со таа тема. Со тоа повторно се навлегува во чувствата на граѓаните, а се предизвикуваат и тензии кои навистина се непотребни во ова време. Линк до оригиналниот напис: Како од практикант се станува новинар известувач Датум и време на објавување: 07.07.2014, 19:32 Датум на рецензирање: 09.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ОПАСНИ ПАСУСИ

Ниту еден пасус во текстот не е вистинит. Дури има и делови кои не можат здраворазумски да се објаснат, а згора на сѐ се опасни: Според информациите, не е исклучено

Рецензија: Фирмите не се откажуваат ни кога побаруваат 50 денари

на 9. 07. 2014 | |
Иако е навидум јавен и лесно измерлив, ефектот на блокираните сметки на граѓаните и фирмите од страна на извршителите е многу ретко присутен во медиумните, особено пишуваните. А, бројките се страшни. Според најновата евиденција на Народна банка, блокирани се над 120.000 сметки на граѓани и згора на повеќе од 44.000 депоненти. Објавената анализа на оваа тема е од искусна новинарка, кога се економските теми во прашање, којa не само што дава слика на состојбите, туку и нуди извесни решенија и постапки кои ова „должничко ропство“ би го свеле на подносливи врамки. Впрочем, се работи за долгови кои во просек изнесуваат околу 20.000 денари, а на крајот излегуваат како долг, со сите казнени „надградувања“, одново во просек, околу 100.000 денари! Има

Рецензија: Во Билазора имало владетелска палата кога во Атина куќарќите биле од ќерпич

на 9. 07. 2014 | |
Текстот што го рецензираме се повикува на стручните извори што ги користи, ги пренесува директно ставовите, не поставува многу прашања… Резултат на тоа е едностран, фактички и временски асинхрон текст кој не ја крие намерата за политичко контекстуализирање на една археолошка приказна. Линк до оригиналниот напис: Во Билазора имало владетелска палата кога во Атина куќарќите биле од ќерпич Датум и време на објавување: 04.07.2014 Датум на рецензирање: 08.07.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Освен овие општи и не многу суштествени забелешки, има неколку многу битни. Како прво, оние задолжени да изведат наслов за сторијата, формирале наслов за кој немаат ниту еден аргумент видлив во самиот текст. Да изведете наслов од ништо дека во Билазора имало владетелска палата кога во Атина куќите биле

Рецензија: Опозициските мегафони на страна на протестантите за „Монструм“

на 9. 07. 2014 | |
Текстот насловен „Опозициските мегафони на страна на протестантите за Монструм“  ја става на столбот на срамот новинарка основач и главен менаџер на портал, затоа што го изнела својот личен став за последната изјва на јавната обвинителка која го води случајот „Монструм“ (од 06.07.2014). И тоа, само за делот каде што обвинителката  вели : „Никој нема право да ги коментира судските одлуки“.  Но, не само новинарката, написот кој првично беше објавен со наслов: „Хајка и закани на опозиционерите против обвинителката Гешковска“,  става на отстрел и личности кои го постирале или лајкувале „озлогласениот“ текст на социјалните мрежи. Линк до оригиналниот напис: Опозициските мегафони на страна на протестантите за „Монструм“ Датум и време на објавување: 07.07.2014, 12:11 Датум на рецензирање:  

Рецензија: ШОК – Што се случува: Пожар во Американската амбасада во Скопје

на 9. 07. 2014 | | sq
Пред очи ни е неодговорно ширење паника. Особено поради тежината и важноста на овој настан, на кој гости се државниот врв и претставници на меѓународната заедница, се антиципира дека настанот е следен од пошироката јавност и предизвикува интерес. Затоа, кога ќе се напише дека имало пожар во американската амбасада, тоа мора или новинарот да го посведочил, или барем да се јавил на два независни извори како што налагаат стандардите на Би-Би-Си. Со други зборови, новинарот треба да е свесен за одговорноста што ја има и да се воздржи од намерно или ненамерно ширење паника. Пожар во американската амбасада воопшто немало. Линк до оригиналниот напис: ШОК – Што се случува: Пожар во Американската амбасада во Скопје Датум и време на објавување:

Рецензија: Експертите потврдуваат дека нема кривично дело со „Македонска банка“

на 8. 07. 2014 | |
Во новинарството условот за веродостојност на еден медиумски производ најмногу зависи од изворите. Од тоа какви се изворите, дали се посочени со нивните имиња и функции, дали од нив има фотографии или видео, најмногу ќе зависи дали читателот ќе поверува најнапред во тоа дека постојат, а потоа ќе оценува дали верува во она што тие го зборуваат. Но, тој мора да се увери дека извори навистина постојат. Овде, со ништо не му се дава на читателот оправдана причина да поверува дека изворите постојат. Дури и да постојат, не се поблиску лоцирани (од која област се, како ја добиле експертската титула, итн). Основната забелешка е, што во многу наврати се користи формулацијата „експертите“, а притоа воопшто не се посочува на ниту