Рецензии

Рецензија: За Милчин речиси 6 милиони евра се смешни пари

на 16. 07. 2014 | |
Рецензираме текст кој се базира на широко познатата изрека на д-р Гебелс: „Илјада пати повторена лага станува вистина“. На оваа, за жал, не за првпат искористена негова мисла, се базира комуникацијата што ја нуди овој текст. Категоријата на вистината е надмината и остануваат само пораки во кои можеме да веруваме според сопствениот избор. Вистината практично не постои, а илјада пати повторена една иста порака станува „вистина“. Ова е еден сегмент од мозаикот на стереотипни текстови кои треба да го убедат народот во „субверзивните“ активности на Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) и нејзиниот прв човек, Владимир Милчин. „СОРОС“ Македонија, односно Институтот отворено општество повеќе пати е посочуван за финансирање на мрежа составена од невладини организации, медиуми и експерти во

Рецензија: Сурово: Македонец си направил селфи додека горел хеликоптерот!!

на 16. 07. 2014 | |
Основната причина поради која објавата заслужува рецензија е изместениот критериум околу тоа што е „вест-вредно“.  Не сѐ што е интересно за јавноста, во исто време е и од јавен интерес. Kога се прави непотребна сензација од материјал кој реално не подлежи на критериумите на она што е од јавен интерес, се добива впечаток дека основната цел е да се соберат кликови, а не да се информира или да се даде придонес кон отворање на теми од значење за граѓаните. Во случајов, непотребно се пренасочува вниманието од важните прашања на истрагата со тривијални и сензационалистички наслови. Линк до оригиналниот напис: Сурово: Македонец си направил селфи додека горел хеликоптерот!! Датум и време на објавување: 11.07.2014 Датум на рецензирање: 14.07.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс

Рецензија: ШТО НАПРАВИ: Овчар каменувал воз – прочитајте детали

на 15. 07. 2014 | |
Обично летната шема на медиумите е преполна со обиди да се најдат вести и онаму каде ги нема или каде веста не ги задоволува критериумите што би ја правеле сигурна и потпрена на уверливи извори. Некогаш тие вести се нарекуваа „ајкули –убијци“, бидејќи весниците, а подоцна и другите медиуми јавуваа за настани за кои би нашле публика, пред сѐ, среде летувалците и нив би ги привлекол – стравот, како елементарен двигател на интересот на секој човек. Овде е објавен текст кој е поврзан со летото преку патувањето со воз, превозно средство што би требало во овие месеци да се користи почесто, но кое може како патник да ве доведе до непријатна ситуација – да бидете каменувани! Ќе мора да се

Рецензија: Заев ги стискаше палците за Бразил, а Груевски за Германија

на 15. 07. 2014 | |
  Алузија за нечија непогрешливост направена преку апсолутно несоодветна компарација на глобален спортски настан со домашни политички случувања. Затоа, наместо симпатичeн телевизски прилог, коj би ја развеселил публиката во екот на кулминацијата на мундијалот, со тоа што некако би ги „очовечил“ врвните македонски носители на политички одлуки како луѓе кои понекогаш знаат да ја баталат политичката за сметка на фудбалската топка, се добило некаков си спортско-партиски хибрид во кој јасно се величи еден за сметка на друг политичар. Секако, не изненадува што глорифицирањето оди на сметка на главниот во владејачката постава. Би можело да се каже дека имаме пример на производ со изгубен новинарски компас. Линк до оригиналниот напис: Заев ги стискаше палците за Бразил, а Груевски за Германија Датум

Социјална пресуда за битолскиот „стар беќар“

на 15. 07. 2014 | |

[Рецензија на текстот: Утре пресуда за смртта на битолскиот ерген Јорго Ангеловски]

Продолжената најава на некој настан, како во овој случај, и покрај тоа што дава солиден преглед на еден трагичен случај, статусот на семејната состојба на починатиот пежоративно е дисквалификувана на социјален план со квалификациите ставени на ударно место – во насловот и поднасловот, Линк до оригиналниот напис: Утре пресуда за смртта на битолскиот ерген Јорго Ангеловски Датум и време на објавување: 13.07.2014 Датум на рецензирање: 14.07.2014 Рецензент: Стојан Синадинов Текстот е преглед на судскиот случај или сторија со фактите од случајот во кој е обвинет медицински техничар за „убиство од небрежност“. Извори на информациите се судките рочишта и записници. Најавата има сеопфатен бекграунд на сторијата за трагичниот случај,

Рецензија: Луксузни мерцедеси фрчат низ Кавадарци

на 15. 07. 2014 | |
Тогаш кога новинарите од статистика сакаат да направат професионална новинарска сторија, правилата се неминовни, а тие се ригорозни: бројките мора да бидат точни – за приказната да биде вистинита, и споредливи – за да се забележат трендовите, позитивни или негативни, сеедно. Сето останато, игрите со бројките без тие правила, стануваат предмет на впечатоци и како такви лесно подложни на извитоперување, манипулација и на креирање на неверодостојни слики, а со тоа и на новинарски приказни кои оставаат впечаток на импровизација. Со таква ситуација се соочуваме во текстот што го рецензираме, а е поврзан со силен наслов кој сугерира слика дека Кавадарци е Монте Карло – фрчеле луксузни мерцедеси. Линк до оригиналниот напис: Луксузни мерцедеси фрчат низ Кавадарци Датум и време на

Рецензија: ФОТО: Жерновски се фали дека ужива во Бразил, Центар без ниеден од ветените проекти

на 14. 07. 2014 | |
Социјалните мрежи се легитимен извор на информации и идеи за тоа што е актуелно во моментот и медиумите ги користат како ориентир во својата работа, но кога се употребуваат како алатка во новинарството, работата на новинарот е многу посложена отколку „копи-пејст“. Правилото е, дури и ако некоја информација првично е добиена на Фејсбук, таа да се провери на традиционалниот начин – со контактирање на изворот. Тоа се прави од превентивни причини, но и како обврска за веродостојност, бидејќи никогаш не знаеме кој стои зад некој профил и каква намера има со искажаното. Во случајов не може да се види ниту обид да се провери, а камоли добиена потврда на информацијата која е преземена од профилот на Жерновски. На неа се

Рецензија: Миленко на ФБ: Мухамед Зекири е девојче

на 14. 07. 2014 | |
Во македонското новинарство се е можно, па така и Фејсбук статуси да стануваат главни теми во медиумите. Ова е случај и со овој текст. Но, ако веќе стана пракса да се дојде до текст само со copy-paste од Фејсбук, сега тоа излезе од контрола. На Фејсбук се појавуваат статуси од секаков вид, од понижувачки, траорни до криминални и опасни. Затоа, кога се почна со таа пракса никој не помисли дека ќе дојдеме до ова дереџе. А, тоа е крајно безобразни статуси да стануваат вест и тоа главна вест во медиумите. Линк до оригиналниот напис: Миленко на ФБ: Мухамед Зекири е девојче Датум и време на објавување: 11.07.2014, 10:33 Датум на рецензирање: 12.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КОДЕКСОТ

Статусот

Рецензија: ФОТО: Американските конгресмени ја поддржуваат евроатланската интеграција на Македонија

на 14. 07. 2014 | |
Ова е текст кој предизвикува забуна кај читателите. Се работи за соопштение кое е објавено и на веб страницата на Министерството за одбрана. Текстот е целосно преземен, без притоа да се наведе од каде, ниту да се линкува веб страницата на министерството. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Американските конгресмени ја поддржуваат евроатланската интеграција на Македонија Датум и време на објавување: 11.07.2014 Датум на рецензирање:12.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

БЕЗ НОВИНАРСКИ СТАНДАРДИ

Текстот е вистинит. Настанот се случил и министерот за одбрана Зоран Јолевски навистина беше во посета на САД. Она што збунува е што написот е целосна копија на соопштение објавено на официјална веб страница, а тоа никаде не е наведено. Ова создава забуна од типот дека новинарот бил на

Рецензија: НАУЧНИЦИТЕ СЕ ШОКИРАЛЕ: Пронајден доказ дека Бог постои!

на 14. 07. 2014 | |
Летото, се чини, e идеално време за пласирање на сензационалистички измислици кои звучат како вистинити вести, бидејќи повеќето медиуми сметаат на тоа дека читателите тогаш преферираат „лесни ноти“ место сериозни политички теми. Ова би бил првичниот коментар откако ќе се прочита текстот кој е предмет на рецензијава, а чијашто тема е – ни помалку ни повеќе туку обраќањето на Господ на луѓето преку нивната сопствена ДНК! Нема сомневање, темата е интригирачка, а написот формално задоволува многу од очекуваните новинарски стандарди – има наведени извори, има факти кои звучат како научни, има искази од стручни лица, кои, наводно, биле дел од ова опсежно генетичко-лингвистичко истражување. Но, проблемот е во тоа што се работи за лажно истражување, изведено од непостоечка научна институција,