Социјална пресуда за битолскиот „стар беќар“
Објавено во Рецензии
on 15 - 07 - 2014 Автор: Стојан Синадинов[Рецензија на текстот: Утре пресуда за смртта на битолскиот ерген Јорго Ангеловски]
Продолжената најава на некој настан, како во овој случај, и покрај тоа што дава солиден преглед на еден трагичен случај, статусот на семејната состојба на починатиот пежоративно е дисквалификувана на социјален план со квалификациите ставени на ударно место – во насловот и поднасловот,
Линк до оригиналниот напис: Утре пресуда за смртта на битолскиот ерген Јорго Ангеловски
Датум и време на објавување: 13.07.2014
Датум на рецензирање: 14.07.2014
Рецензент: Стојан Синадинов
Текстот е преглед на судскиот случај или сторија со фактите од случајот во кој е обвинет медицински техничар за „убиство од небрежност“.
Извори на информациите се судките рочишта и записници.
Најавата има сеопфатен бекграунд на сторијата за трагичниот случај, објаснувајќи ја неговата генеза со обидот за самоубиство, па потоа и неспорната грешка на дел од медицинскиот персонал кој довел до трагични последици.
Коментирањето во текстот на моменти е интергрирано. Тоа посебно се огледа во потенцирањето на семејниот статус на жртвата, наведувајќи дека е шеесетгодишен „ерген“ и „стар беќар“.
Текстот е оригинален. Насловот информира, но е некреативен, сензационален и и несоодветен за случај со трагичен исход. Фотографијата со текстот е повеќе асоцијативна, иако е соодветна и информира.
Постои делумна социјална дискриминација на жртвата. Се користат еуфемизмите како „ерген“ и „стар беќар“, пласирани ударно во насловот. Обично се наведува дека некоја жртва на трагичен случај или медицинска грешка имала семејство, жена, деца, внуци и сл. Поприкладен би бил описот „живеел сам“. Кога би се сменил само полот на личноста за која станува збор, би добиле сторија за битолската „уседелица“, или „старата мома“, што дискриминира на социјален, семеен и личен план.
Во овој случај непотребно се потенцира социјалниот статус на жртвата на медицинска грешка. Ако веќе се наведува дека жртвата имала 60 години, како и неговата дијагноза (хронична депресија), тогаш потребна е малку почит, без пежоративности во насловот и подналовот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
потикнува на насилство
дискриминира
социјална
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
квалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови