Рецензии

Рецензија: Стејт департмент: Македонија генерално ги почитува верските права и слободи

на 1. 08. 2014 | | sq
Прилогот насловен: „Стејт департмент: Македонија генерално ги почитува верските права и слободи“, само површно се осврнува на Извештајот за верските слободи во светот во минатата година, во делот за Македонија. Овој скуден материјал спакуван во четири реченици не ја пренесува главната поента од Извештајот: „дека во Македонија се политизираат религијата и верските прашања“. Се добива впечаток како прилогот да е направен колку за да помине редот. Но, ваквиот начин на пласирање и обработка на текстот не е поради незнаење или неискство, туку сосема е извесно дека Извештајот намерно добил таков третман. Линк до оригиналниот напис: Стејт департмент: Македонија генерално ги почитува верските права и слободи Датум и време на објавување: 29.07.2014, 11:42 Датум на рецензирање: 29.07.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

Рецензија: Во октомври ќе се зголемат платите на јавната администрација

на 1. 08. 2014 | |
Рецензираме текст кој најнапред панично ги заплашува граѓаните со она што се случува во соседството. „Во Србија и други земји значително се намалуваат платите и пензиите“… за потоа, како со магија го излечи домашното население од уплав со приказната дека тоа нема да му се случи: „Додека во Србија … се намалуваат платите и пензиите, во Македонија ќе се зголемуваат“. Линк до оригиналниот напис: Во октомври ќе се зголемат платите на јавната администрација  Датум и време на објавување: 27.07.2014, 18:13 Датум на рецензирање: 28.07.2014 Рецензент: Александар Писарев Текстот има два дела. И во двата, иако нема извор, фактите се точни, бидеќи се „преџвакуваат“ со денови и во домашните и во регионалните медиуми. Во првиот дел граѓаните само се заплашуваат:

Рецензија: Секој мој успех доаѓа од знаењето што го стекнав на универзитетот

на 31. 07. 2014 | | sq
  Во написот во крајно позитивно светло се пишува за Европскиот Универзитет како расадник на квалитетни кадри кои станале успешни менаџери. Ова не е никаков проблем доколку сопственикот на универзитетот не е истото лице кое е и сопственик на весникот во кој е објавен рецензираниов напис. И тоа можеби не би било проблем, доколку јасно се назначеше сопственичката поврзаност меѓу весникот и универзитетот, за читателите да го имаат предвид ваквиот судир на интереси. Но, ни тоа не е сторено. Линк до оригиналниот напис: Секој мој успех доаѓа од знаењето што го стекнав на универзитетот Датум и време на објавување: 26.07.2014 Датум на рецензирање: 29.07.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Игор Ѓуравчевиќ од Скопје е еден од поранешните студенти на економски науки при

Рецензија: Фото: Позната Србинка нуди секс за 150 евра

на 31. 07. 2014 | |
Фотографии преземени од српски веб-страници за ескорт-услуги се користат за создавање медиумски производ кој на ниеден начин не ги исполнува стандардите за „вест-вредност“, како што се информирање, образување или блискост. Така, многу едноставно се губи фокусот од она што медиумот, кој е општествено одговорен и агенда-сетер, може да го користи за да го задоволи јавниот интерес и да стане важен општествен чинител. Од новинарски аспект не можеме да видиме ниту една причина зошто овие фотографии и текст заслужуваат да се најдат во агендата на медиумот, освен сензационализмот. Една од карактеристиките на медиумите е и да промовираат вредности, да отвораат прашања од јавен интерес (меѓу кои и сексуалната работа, на начин кој ќе продре подлабоко  во условите, проблемите, различните перспективи), а

Брена брзала, другите уште побрзи со нејзината сообраќајка

на 29. 07. 2014 | |

[Рецензија: Лепа Брена тешко повредена во сообраќајка!]

Брзината во пласманот на текстовите за повеќето интернет-портали е единствената стратегија за освојување на пазарот. Вториот дел од приказната е пласманот на таа вест преку агрегаторите на вести и Фејсбук. Нема ништо спорно во тоа, но кога некритички ќе се преземе некоја вест, и без проверка ќе се пласира, тогаш таквата вест со погрешни податоци, без разлика дали потоа е обновена со точни податоци, уште долго циркулира во интернет-сообраќајот. Линк до оригиналниот напис: Лепа Брена тешко повредена во сообраќајка! Датум и време на објавување: 25. 07. 2014 Датум на рецензирање: 28.07. 2014 Рецензент: Стојан Синадинов Фактите на кои се повикува веста се хрватските медиуми, но без линк, а потоа, подолу во обновената вест,

Рецензија: Страшно-Змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовско

на 29. 07. 2014 | |
Рецензираме фото вест од пет реда, чија единствена содржина е ширење страв и паника без серизона основа. „Страшно-змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовско“ .
Изгледа дека заплашување на граѓаните и ширење паника стана главна политичка стратегија на извесни медиуми со што треба да се сврти внимание од реалните проблеми. Прво беше Азискиот стршлен, а сега е змија како од циркуска реклама: „Од глава до опаш долга 20, а од опаш до глава 30 метри“. Линк до оригиналниот напис: Страшно-Змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовски Датум и време на објавување: 22.07.2014, 12:00 Датум на рецензирање: 26.07.2014 Рецензент: Александар Писарев Првиот ефект кој може да биде предизвикан кај

Рецензија: Политичкиот дијалог е можен во секој момент, се чека на СДСМ

на 29. 07. 2014 | |
  Станува збор за крајно измешан производ. Обидот бил да се искомбинираат два настана во еден текст, но тоа е направено дилетантски, со елементарни грешки во конструирањето на содржината, со исклучително лошо поврзување на одредени сегменти од написот, а притоа пласирани се информации кои во суштина не се вистинити. Линк до оригиналниот напис: Политичкиот дијалог е можен во секој момент, се чека на СДСМ Датум и време на објавување: 25.07.2014 Датум на рецензирање: 26.07.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

КАДЕ Е ВИСТИНТОСТА? – ЈА НЕМА!

Вистинитоста е една од, ако не и, најслабата карика на овој текст. Не може да се тврди дека на „11-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација била донесена препорака за земјава да почне преговори

Рецензија: (ФОТО) Ќерката на Роза Топузова- Каревска летува во Португалија во хотел со 5 ѕвезди

на 29. 07. 2014 | |
Имаме фото-вест со многу кус текст, но со сериозно изместено тежиште. Ова го велиме од причина што се сакало да се докаже некаква поента преку крајно извитоперен новинарски пристап. Очигледно намерата била да се „наштети“ на родителот преку објавување и саркастично „збогатување“ на информацијата каде се одмора неговото дете. Народски кажано: „Ако не можеш по магарето, удри по самарот“. Ова, секако, е неприфатливо новинарство. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Ќерката на Роза Топузова- Каревска летува во Португалија во хотел со 5 ѕвезди Датум и време на објавување: 22.07.2014, 18:21 Датум на рецензирање: 25.07.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

ИЗБРЗАН СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ НАМЕСТО КРЕДИБИЛНО НОВИНАРСТВО

Ќе бидеме благи ако само кажеме дека вистинитоста на овој текст е проблематична. Пораката која сакала

Рецензија: (Фото) Дали е ова убиецот од скопски Аеродром со една од убиените?

на 29. 07. 2014 | | sq
Наместо да се даде влез во текстот, да се извести за настанот за кој се пишува и да се одговори барем на некои од петте новинарски прашања, за читателот да ја добие основната информација околу тоа што се случило, пред нас се наоѓа конфузен почеток на текстот, во кој ништо не е јасно. Тоа и не е најголемиот проблем, имајќи предвид дека насловот наместо да биде фактички е во прашална форма. Линк до оригиналниот напис: (Фото) Дали е ова убиецот од скопски Аеродром со една од убиените? Датум и време на објавување: 22.07.2014 Датум на рецензирање: 25.07.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Во членот 1 од Кодексот на новинари експлицитно се потенцира начелото дека новинарот треба да објавува точни, проверени информации, дека

Рецензија: Неверојатно I Луѓето брзаат во Албанија по ова чудо од лек!

на 25. 07. 2014 | |
Ова е уште еден текст во кој се изнесени неточни или делумно точни информации. Притоа, не се внимавало за тоа што тој текст може да предизвика кај луѓето, посебно кај оние на кои и тоа како им е потребен лек или боледуваат од тешки болести. Иако текстот нема ниту еден проверен факт или доказ дека навистина „нафтата“, односно нејзините деривати можат да лекуваат, тој брзо се прошири низ социјалните мрежи. Но, никогаш не треба да се верува безрезервно на вакви текстови, иако навидум нудат лек кој е на самиот дофат на раката. Текстот, пак, никаде не нуди информација зошто мора да се оди во Албанија по петролеум. Линк до оригиналниот напис: Неверојатно I Луѓето брзаат во Албанија по ова чудо